Китка — археолошко наоѓалиште во Банско, Општина Струмица.

Претставува некропола од хеленистичкото време и римското време и средниот век и старохристијанска базилика со некропола. На западниот раб на селото се издига ридот Чукарка, со зарамнет врв на кој се гледаат остатоци од бедем ѕидан со камен и варов малтер, на одделни места зачуван и до 2 м.

По површината на населбата се среќаваат фрагменти од керамички садови со различна временска припадност и градежен материјал од помали објекти, а биле најдени повеќе македонски, римски и византиски монети. На источниот крај на теренот се зачувани остатоци од базилика и околу неа гробови од камени плочиКоцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Список на археолошки наоѓалишта во Струмичко; Бела вода; Врелото, депо на монети; Градиште, тврдина од доцноантичкото време; Дервиш, некропола од доцноантичкото време; Каптажа, некропола од хеленистичко време; Банско, римска населба; Моноспитовски лозја, некропола од доцноантичкото време; Под тврдината Китка, некропола од доцноантичкото време; Црква „Св. 40 Севастиски маченици“, некропола од средниот век; Турска бања, терма од доцноантичкото време;

Наводи

Категорија:Археолошки наоѓалишта во Банско (Струмичко) Категорија:Древномакедонски гробници