Могила — археолошко наоѓалиште во струмичкото село Зубово. Претставува могила од римското време.
Местоположба
Се наоѓа на границата меѓу атарите на селата Зубово, Сушица и Секирник, на левата страна од потокот Завој и од патот што води за селото Колешино.
Опис
Могилата има пречник во основата од околу 13 метри и височина до 0,70 метри. Могилата е прилично деформирана, а на врвот се наоѓа тригонометриска точка.
Поврзано Зубово; и Список на археолошки наоѓалишта во Струмичко.
Наводи
Категорија:Зубово