За наоѓалиштето во Скопско, погл. Селиште (Ново Село, Зелениковско).
Селиште — археолошко наоѓалиште во струмичкото село Ново Село. Претставува населба од бакарното и бронзеното време.
Местоположба
Наоѓалиштето се наоѓа во подножјето на планината Огражден, на мала тераса што се издига над Новоселска Река, оддалечена 4 километри северно од селото.
Опис
На наоѓалиштето се среќаваат фрагменти од керамички садови, рачно работени. Најдена е камена секира со отвор за држалка и пинтадера.
Поврзано Бел Рид — населба од доцноантичкото време; Градиште — утврдена населба од доцноантичкото време; Коштуница — могила од римското време; Новоселско Депо — депо на монети од средниот век; Сушица — населба од неолитското време; Чука — населба и могила од доцноантичкото време; Шопов Рид — могили од римското време; Ново Село; и Список на археолошки наоѓалишта во Струмичко.
Наводи
Категорија:Ново Село (Струмичко)