Лангенхорн е кварт во округот Хамбург-Норд на Хамбург, Германија.

Историја

На 25 јануари 1332, Лангенхорн бил продаден на Хамбург од грофот на Холштајн.Приватен архив Лангенхорн Оттогаш, Лангенхорн бил дел од Хамбург.

Подкамп на концентрациониот камп Нојенгаме постоел во Лангенхорн од 12 септември 1944 до 4 април 1945.Кампот е набројан како 559 Хамбург-Лангенхорн во службениот германски список

Географија

Во 2006, според статистичкото биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, квартот Лангенхорн имал вкупна површина од 13,8 км2. На север и запад е покраината Шлезвиг-Холштајн. На исток е квартот Хумелсбител, во округот Вандсбек и на југ е квартот Фулсбител.

Демографија

Во 2006, населението на квартот Лангенхорн било 40.425. Густината на населеност била . 18,1% биле деца под 18 години, а 20,1% имале 65 или повеќе години. 11,8% биле имигранти. 1.975 биле регистрирани како невработени.Служба за пријавување на граѓаните, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006) Во 1999, имало 20.546 домаќинства и 43,8% од сите домаќинства биле сочинети само од еден член.Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (1999)

Образование

Постојат 6 основни и 5 средни училишта во квартот Лангенхорн.

Инфраструктура

thumb|right|Шопинг-место во центарот на Лангенхорн. thumb|Главен влез на болничкиот дел Хајдберг

Основан во 1832, почесниот конзулат на Кралството Белгија се наоѓа во улицата Langenhorner Markt 9.Список на конзуларни претставништа, трговски мисии, културни институции и меѓународни институции во Слободниот и ханзеатски град Хамбург, Сенат на слободниот и ханзеатски град Хамбург, (април 2008)

Здравствен систем

Alskelpios Klinik Nord има вкупно 1.331 кревет и 143 места во дневните центри во 13 департмани. Поделена е на деловите Ochsenzoll и Heidberg, порано двете независни јавни болници. Двете се општи болници и универзитетски болници на универзитетот во Хамбург и имаат капацитет за примање на итни случаи. Делот Оксенцол, Лангенхорнер Хаусе 560, е специјализирано во психијатриски проблеми и геријатриски болести. Делот Хајдберг, Тангштетер Ландштрасе 400, делумно се наоѓа во поранешните СС бараки, има оддели за офталмологија, уши, нос и грло и гинекологија.Болници во Хамбург, страници 8

Има 22 дневни центри за деца, 57 лекари во приватни ординации и 11 аптеки.

Сообраќај

Лангенхорн е поврзан со железничкиот систем на подземната железница со неколку станици. Според секторо на моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt), биле регистрирани 16.274 приватни возила (403 возила/1000 луѓе) во квартот Лангенхорн .Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)

Познати луѓе

Хелмут Шмит, поранешен канцелар на Германија, живее во Лангенхорн.

Наводи

Надворешни врски

Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн Statistisches Amt für Hamburg und Schleswig-Holstein, службена страница Болници во Хамбург 2006, Владина агенција за социјални работи, семејни работи, здравство и животна средина на Хамбург Службена страница

Категорија:Четрти во Хамбург Категорија:Концентрационен логор Нојенгаме