Цареви Кули – Струмица, се среќава и како Струмичка тврдина или Струмичка крепост — културно-историска споменичка целина во рамките на градот Струмица, општина Струмица. Под оваа тврдина, во текот на неколку милениуми, се развивал градот Струмица.
Археолошките истражувања покажуваат дека ридот бил користен во текот на долг временски период кој се протега на речиси 7 милениуми, од времето на праисторијата (халколитот односно енеолитот; бронзеното и железното време), античкиот и хеленистичкиот период, Римското Царство, доцноантичкиот период, среден век и доцен среден век. На локалитетот Цареви Кули се пронајдени траги од користење на ридот за воени цели и во текот на Првата и Втората светска војна.
Првата тврдина е подигната во текот на доцната антика, а во текот на XI век прераснува во поголема средновековна тврдина која има значајна улога во историјата на Струмица.
Местоположба
Споменичката целина Цареви Кули – Струмица се наоѓа на ритче кое на јужната страна доминира над градот Струмица, со просечна надморска височина од 450 м. Координатите на локалитетот се: северна географска ширина од 41°25'56.67"N и источна географска должина од 22°37'47.89"E. На врвот на овој рид се наоѓа плато кое има издолжена неправилна овална основа и се протега 230 м во насока исток-запад и околу 80 м во насока север-југ. Површината на платото е околу 1,20 хектари.Рујак Зоран, Цареви Кули-Струмица, од Римското Царство до доцен среден век, книга II, НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј, Струмица, Струмица 2022, 225-226. центар|мини|1000x1000px|Зимска панорама на Цареви Кули, Струмица и Струмичко (со Огражден лево и Беласица десно) Од северозападната и југоисточната страна на ридот се спуштаат стрмни долови сѐ до подножјето на поројните рекички Коритниче и Светиилијски Порој. Во минатото платото имало правилна издолжена овална форма. Во текот на последните неколку столетија се создале две-три свлечишта на источната, северната и северозападната страна. Составен дел од споменичката целина Цареви Кули – Струмица е и локалитетот Јужен рид, кој се наоѓа на околу 150 метри јужно од Цареви Кули.Рујак Зоран, Цареви Кули-Струмица, од праисторијата до Римското Царство, книга I, НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј, Струмица, Струмица 2020, 15-16.
Праисторија мини|350x350px|Реконструкција на куќа од периодот на халколитот на јужната падина на Цареви Кули лево|мини|350x350пкс|Можен изглед на халколитската населба на Цареви Кули - Струмица лево|мини|350x350пкс|Археолошки истражувања на праисториски објект (ран халколит) Халколит (енеолит) Иницијалниот слој на континуирано населување на локалитетот Цареви Кули го претставува времето на халколитот, односно бакарното доба. Во првата половина на V милениум пр.н.е., на врвот на ридот е подигната првата населба која е специфична за раните фази на халколитот. Оваа праисториска населба е од „градинест“ тип и е расположена терасесто на југоисточната падина, на рабовите од северозападното плато и на локалитетот Јужен рид. Археолошките истражувања покажуваат дека населбата е еднослојна, со силно изразен средишен, акрополски дел и пониски тераси, радијално распоредени околу централниот простор. Објектите за живеење се поставени на рабовите околу платото и на југоисточната падина, додека во средиштето најверојатно се наоѓала стоката оградена во бачила. Во истражувачката кампања на археолозите во секторот југоисточна падина и северозападен бедем се истражени неколку објекти градени со делумно вкопување во терасата. Надземните делови на ѕидовите се чини имале лесна конструкција, изведена со колци облепени со кал. Покривот на овие објекти веројатно бил изведен од гранки, трска и слама. мини|Фрагмент од антропоморфна фигуринамини|Амфоровиден сад |180x180пкс|180x180пкс Материјалната култура e составена од артефакти кои имале одредена улога во секојдневните активности на праисториската популација. Предметите пронајдени за време на истражувањата сведочат за целосно афирмирана населба во чии рамки живеела заедница која добро ги познавала технолошките процеси на обработка на керамиката, каменот, а можно е дури и металот. Судејќи според наодите, луѓето во населбата, покрај градежништвото, сточарството и земјоделието, се занимавале уште и со предење, ткаење, грнчарство, изработка на алатки од камен, кремен, коска и рог.Рујак Зоран, Цареви Кули-Струмица, од праисторијата до Римското Царство, книга I, НУ Завод за заштита на спомениците на културат и музеј, Струмица, Струмица 2020, 50. Главната карактеристика на халколитската грнчарија е украсување со графитно сликање и врежани линии.
Севкупните сознанија за халколитската култура на Цареви Кули зборуваат во прилог на јасно заокружени религиски сфаќања кои имале значајна улога во животот на праисториското население. Најголемиот број култни предмети ги сочинуваат антропоморфните фигурини, а во помала мера култните масички, амулети, пршлени за вретено и одредени предмети кои немаат јасно заначење.Рујак Зоран, Цареви Кули, Скопје 2016, 6-7. Еден од најзначајните наоди на локалитетот Цареви Кули е најстарата метална алатка-шило, пронајдена ин ситу.
Судејќи според своите севкупни материјални карактеристики, халколитската култура на Цареви Кули припаѓа на комплексот кој културно го обединува подрачјето помеѓу реките Струма и Вардар. Во Македонија овој комплекс е познат како Цареви Кули-Бурилчево-Спанчево. Во долината на реката Струма оваа култура е позната како културен комплекс Градешница-Слатино-Дикили Таш II.Митревски Драги, МАКЕДОНИЈА милениумски културно-историски факти, Праисторија, Том 1, Скопје 2013, 144.
Бронзено време (рано и средно бронзено време) лево|мини|350x350пкс|Можна реконструкција на населбата од средното бронзено време на Цареви Кули мини|180x180пкс|Кантаровидно сатче од раната бронзена епохамини|180x180пкс|Сад од средната бронзена епохамини|185x185пкс|Сад од средната бронзена епоха Кон крајот на третиот милениум пр.н.е. носителите на ранобронзената епоха ја отпочнале втората фаза на континуирано населување на локалитетот Цареви Кули. Истражувањата на југоисточната падина на локалитетот покажале дека бронзенодопската населба изникнала веднаш над стратумите од халколитската епоха. Ваквите населби се познати како „градински“ тип односно населби позиционирани на високи и непристапни ридови кои доминираат со околината. Со истражувањата се воочени две фази на живеење во населбата од раното бронзено доба. Објектите биле поставени на тераси засечени во падината.Рујак Зоран, Цареви Кули-Струмица, од праисторијата до Римското Царство, книга I, НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј, Струмица, Струмица 2020, 105-110.
Следната етапа во развојот на праисториската култура на Цареви Кули ѝ припаѓа на средната бронзена епоха. Непосредно над помладата станбена фаза од раното бронзено време е формирана во привиден континуитет населбата од средната бронзена епоха. Станбениот хоризонт од оваа фаза покажува разлики во организацијата на објектите кои во овој период се организирани самостојно и поставени на различни тераси. Кај повеќето објекти терасата била вештачки засекувана во карпата, а објектите биле изградени со колци. Објектите од времето на средната бронзена епоха биле надземни и, најверојатно, биле изградени со дрвена конструкција. За разлика од ранобронзените, најмалку еден од објектите поседувал аписда на источната страна.Рујак Зоран, Цареви Кули-Струмица, од праисторијата до Римското Царство, книга I, НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј, Струмица, Струмица 2020, 115-125.
Материјалната култура, главно сочинета од вообичаена бронзенодопска грнчарија, населбата од раната бронзена епоха ја поврзува со населбите од север, а онаа од средната бронзена епоха со населбите од југ. Кај оние од средната бронзена епоха, нјавпечатливи се садовите со т.н. wish bone handles и оние богато украсени со геометриски врежувања.Рујак Зоран, Цареви Кули-Струмица, од праисторијата до Римското Царство, книга I, НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј, Струмица, Струмица 2020, 126-134. Хронолошката, географската и културната припадност на наодите од средната бронзена епоха ја поврзуваат населбата на Цареви Кули со т.н. миниска култура.
Железно време На локалитетот Цареви Кули се бележат спорадични наоди од раното железно време. Најголемиот дел го сочинуваат наоди на грнчарија, пред сè, паници со канелирана устинка, бокали декорирани со шрафирани висечки триаголници, подвижни печки (pyraunoi) итн. Се чини дека миграциските бранови на Егејските преселби поминале и низ овие краишта, но на локалитетот се задржале во многу краток период. Врвот на ридот во тоа време најверојатно претставувал пункт од каде миграциските бранови го продолжиле својот поход кон богатите населби на Егејот.Рујак Зоран, Цареви Кули-Струмица, од праисторијата до Римското Царство, книга I, НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј, Струмица, Струмица 2020, 143-153.
Историја лево|мини|300x300пкс|Античка јама 5 за време на археолошките истражувања лево|мини|300x300пкс|Можна позиција на светилиштето од античкиот период Антички период на Цареви Кули Кон крајот на V век пр.н.е. локалитетот одново е користен од населението кое во овој период ја подига првата урбана населба во подножјето на Цареви Кули, под темелите на денешниот град Струмица. Најверојатно тогашното население е составено од Пајонци, кои кон почетокот на IV век пр.н.е. потпаѓаат под доминација на античката македонска држава. Судејќи според материјалните наоди, првите завојувања на овие простори најверојатно се случуваат под Аминта III,Шукарова А, Македонија во стариот свет. Македонија, милениумски културно-историски факти, Медија принт, Македонија, Универзитет Евро-Балкан, Скопје, 2013, 492. а во времето на Филип II и Александар III тие целосно се интегрирани во македонската држава.Angelkovski Boško, Survey for the Studying of the Lead Projectiles and Findings from the Carevi-Kuli-Strumica. In Stephanos Archaeologicos In Honorem Professoris Ivani Mikulčić (Folia archaeologica Balkanica, vol. 2), 2012, Skopje, 255-261.мини|353x353пкс|Амбалажен сад – амфораАрхеолошките истражувања на врвот на ридот откриваат пет големи јами, исполнети со исклучителен материјал од раната античка епоха. Судејќи според археолошкиот материјал, првите големи јами се појавуваат кон крајот на V и почетокот на IV век пр.н.е. Во јамите е складиран материјал, безмалку до крајот на IV век пр.н.е. Јамите кои се издлабени во лискунеста и песочна карпа имаат крушколика форма, кружна основа и се со различна големина и длабочина. Најголемата од нив, именувана Јама 5 од археолозите, е широка 5,4 метри, а длабока 4 метри. За разлика од големите антички јами, археолошките истражувања на врвот на ридот не укажуваат на конкретни остатоци од каква било друга градба од истата епоха. Исклучок е правоаголен објект издлабен во спилата кој се наоѓа во непосредна близина на Јама 5 и е органски споен со неа.Рујак Зоран, Цареви Кули-Струмица, од праисторијата до Римското Царство, книга I, НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј, Струмица, Струмица 2020, 168.
Јамите се исполнети со материјал од IV век пр.н.е. кој вклучува античка и сива пајонска грнчарија (амфори, киликси, скифоси, кантароси, аскоси, арибалоси, паници, чинии итн.), монети, накит, остатоци од оружје (стрелки и бадемести проектили за праќа) и друго.Рујак Зоран, Цареви Кули-Струмица, од праисторијата до Римското Царство, книга I, НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј, Струмица, Струмица 2020, 180-213 Судејќи според временскиот контекст, содржината и местоположбата на јамите, како и нивната импозантна големина, античките јами најверојатно можат да се поврзат со практикувањето на ритуали во рамките на одредени култни активности посветени на некои антички божества.