Алтенвердер е кварт во округот Харбург на Слободниот и ханзеатски град Хамбург во северна Германија. Во 1970-тите, градот Хамбург ги објавил формалните планови за купување на целокупниот имот за градба на контејнерскиот терминал Алтенвердер. Терминалот започнал со работа во 2003. Квартот Алтенвердер скоро и да не е населен. Во 2007, населението било 2.

Историја

thumb|left|Карта на Алтенвердер во 1878

Околу 1418, населбата била одново заградена со насипи, поради договорот помеѓу војводата на Брауншвајг-Линебург и Јохан Сламсдорп, надбискупот на Бремен.

Географија

Во 2006, според статистичкото биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, квартот Алтенвердер имал вкупна површина од 6,8 км2. На север е квартот Валтерсхоф на округот Хамбург-Мите, на исток е квартот Вилхелмсбург. Алтенвердер се граници на југ со Морбург и на запад со Франкоп.

Демографија

Во 2006, во квартот Алтенвердер живееле две лица.Служба за пријавување на граѓаните, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)

Во 1999, имало 18 домаќинства, од кои 11,1% имале деца под 18 години, кои живееле со нив, а 83,3% од сите домаќинства биле сочинети од само еден член. Просечната големина на домаќинството било 1,44.Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (1999)

Население по години 1987 1988 1989 1990 1991 1992 1993 1994 1995 1996 1997 1998 1999 76 74 67 90 105 421 410 319 324 130 52 37 23 2000 2001 2002 2003 2004 2005 2006 1 12 0 0 0 0 2

Во 2006, имало 54 кривични дела.Покраинско биро за истражување (Landeskriminalamt), Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)

Наводи

Надворешни врски

Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн Statistisches Amt für Hamburg und Schleswig-Holstein, службена страница

Категорија:Четрти во Хамбург