"So Appalled" е хип-хоп песна изведена од американскиот рапер и продуцент Кање Вест и се појави како седма песна на списокот на неговиот петти студиски албум My Beautiful Dark Twisted Fantasy („Мојата Прекрасна Темна Болна Фантазија“). Песната првично е издадена како седма песна од проектот G.O.O.D. Fridays на Вест, песната конечно го најде својот пат на албумот My Beautiful Dark Twisted Fantasy во продолжена верзија. Песната е продуцирана од страна на Вест, заедно со No I.D. и Мајк Дејн, но исто така продуцирањето на песната содржи уште некои истакнати музичари вклучувајќи ги Шон "Jay-Z" Кореј Картер, Теренс "Pusha T" Торнтон, Сајдел "Cyhi Da Prynce" Јанг, Касем "Swizz Beatz" Дејн, Роберт "RZA" Дигс кои исто така заземаа заслуги за текстот на песната. Песната доби позитивни критики од музичките критичари.
Табели Табела (2010)Највисока ПозицијаUS Bubbling Under R&B/Hip-Hop Singles (Billboard)14South Korean Gaon Chart95
Наводи
Категорија:Песни на Кање Вест Категорија:Песни на Џеј-Зи Категорија:Песни на Pusha-T