мини|220п|десно|Гробот на Св. Јустин во манастирот Ќелии
Преподобен авва Јустин Ќелиски роден како Благоја Поповиќ (Врање, 25 март/– манастир Ќелија, 25 март/) е новоканонизиран православен светец од страна на СПЦ со македонско потекло. Бил архимандрит на манастирот Ќелија, доктор по теологија, професор на Белградскиот универзитет и духовник.Часопис Двери Српске, Спасовдан 2004. године, двоброј 3, Издавач: Двери Српске ISBN 1451-6993 страница: 91 Житие
Отец Јустин е роден е на денот на Благовештението на Пресвета Богородица ( 25 март, по стариот календар ) 1894 година во Врање, од побожни православни родители Спиридон и Анастасија, кои потекнувале од Тетовско, од каде еден предок на о. Јустин пребегал во Врањско, носејќи ги во кошници своите деца. Световното име Благоја го добил по празникот на кој се родил. Татко му на Спиридон, познатиот поп Алекса, бил најмалку седми по ред свештеникод старата фамилија Попови. И Спиридон учел богословија ( два класа ), меѓутоа, татко му го повлекол од училиштето па тој подоцна прислужувал при храмот и при домашните богослужења, со тоа го одржувал духот на црковноста и побожноста во домаќинството во кое растел малиот Благоја. Мајка му Анастасија била од една угледна домаќинска фамилија од околината на Врање. Изродила осум деца, но преживеале само три: ќерката Стојна и синовите Стојадин и Благоја.
Цитати
Наводи
Надворешни врски Јустин Биографија на мрежното место на манастирот Ќелии Биографија од книгата „Светосавље као филозофија живота“ Биографија на мрежното место на врањската библиотека Библиотека - православни текстови на мрежното место „Светосавје“, дела на Преп. ЈУСТИНА Ќелиски Архимандрит др Јустин Поповиќ: Срна у изгубљеном рају др Јустин Поповиќ: Достојевски - свечовек Свети ава Јустин Ќелиски: Косовска етика Канонизација на свети Јустин
Категорија:Родени во 1894 година Категорија:Починати во 1979 година Категорија:Луѓе од Врање Категорија:Српски светци Категорија:Македонски светци Категорија:Македонци во Србија Категорија:Преподобни Категорија:Православни светци Категорија:Хагиографи Категорија:Христијански светци од 20 век