Велингсбител е кварт во округот Вандсбек во градот Хамбург во северна Германија, порано бил независна населба.

Историја

Првите доказа за Велингсбител се од 1296. Велингсбител станал дел од Хамбург во 1937/38 со Законот за голем Хамбург.

Географија

Во 2007, според статистичкото биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, квартот имал вкупна површина од 4,1 км2. Се наоѓа во долината на реката Алстер (Alstertal) во северен Хамбург. На север се квартовите Попенбител и Зазел (североисток), на исток е Брамфелд, а на југ е квартот Олсдорф на округот Хамбург-Норд.

Демографија

Во 2007, квартот Велингсбител имал население од 9.874 луѓе. Густината на населеност била 2.419 луѓе на км2. 15,7% биле деца под 18 години, а 27,5% имале 65 години или повеќе. 6,3% биле имигранти. 130 луѓе биле регистрирани како невработени.Служба за пријавување граѓани, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2007)

Во 1999, постоеле 4.724 домаќинства, од кои 17,9% имале деца под 18 години, кои живееле со нив, а 38,7% од сите домаќинства биле составени од еден член. Просечната големина на домаќинството била 2,06.Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (1999)

Во 2007, имало 577 кривични дела (59 дела на 1000 луѓе).Покраинско биро за истражување (Landeskriminalamt), Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2007)

Образование

Постоеле 2 основни училишта во 2007.

Култура

thumb|left|Дворец, во дел од него, сега е сместен музејот Алстертал

Музеи

Приватниот Alstertal Museum се наоѓа во дворецот Велингсбител Манор од 1957.

Инфраструктура

Здравствен систем

Во 2007, Велингсбител имал 5 дневни центри за деца и исто така 21 лекар во приватни ординации и 2 аптеки.

Сообраќај

Јавниот превоз е во Велингсбител е обезбеден со железничкиот систем на градските возови преку железничката станица Велингсбител и неколку автобуски линии. Ова е обезбедено преку Hamburger Verkehrsverbund.

Според секторо за моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt), во квартот биле регистрирани 4.788 приватни возила (486 возила/1000 луѓе) во 2007.Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2007) Се случиле 47 сообраќајни несреќи, вклучувајќи и 36 со жртви.Статистика за сообрајот, Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)

Наводи

Надворешни врски

Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн Statistisches Amt für Hamburg und Schleswig-Holstein, службена страница

Категорија:Четрти во Хамбург