Грчец — село во Општина Сарај, во околината на градот Скопје. Според пописот од 2021 година, селото имало 36 жители.
Географија и местоположба Селото е дел од Општина Сарај, во близина на Скопје. Селото е оддалечено околу 10 км од Скопје и се наоѓа на планината Водно. Грчец е составено од две маала, Горни Грчец се наоѓа на Водно, а Долни Грчец во близина на Треска, поточно Матка.
Во северниот дел на Долен Грчец, крај свијокот на Треска се наоѓа маалото Чичино Село.
Историја Во век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската Каза во Отоманското Царство.
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 12 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 43 мажи муслимани, со 4 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 94 жители.
Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 120 жители.
Според податоците на бугарскиот публицист Васил К’нчов, селото во 1900 година имало 95 жители Албанци муслимани.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900. Како село со албанско население било означено и од страна на Леонард Шулце Јена во 1927 година.Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927 Исто така, слични податоци дава и Афанасиј Селишчев во 1929 година.Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929.
Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 500 Албанци.
Според пописот од 2002 година, Грчец имал 1 жител Македонец.
Според последниот попис од 2021 година, Грчец има 36 жители, од кои 3 Албанци и 33 лица без податоци.
Родови Грчец е албанско село.
Според истражувањата од 1951 година, родови во селото биле:
Доселеници: Арцика (14 к.), Уколар (12 к.), Гаџалар (34 к.) и Врескало (28 к.) споменатите родови потекнуваат од предци доселени на почетокот од XIX век од Горна Река. Во селото Кракорница постои род Врескало. Од нив е родот Врескало во Грчец.
Културни и природни знаменитости Археолошки наоѓалишта Градиште — градиште од доцноантичко време
Личности Ким Мехмети (р. 1955) — писател и политички аналитичар
Поврзано Општина Сарај Скопје
Наводи
Надворешни врски Сателитска снимка на Грчец, на Карти на Гугл