мини|десно|Луксометар за мерење на осветленоста на работното место. Лукс (симб: lx или лк) — изведена SI-единица за осветленост и светлосна излезност која ја изразува светлосната моќ по единица површина. Се користи во фотометријата за изразување на јачината на светлината светлината врз или низ некоја површина, како што му изгледа на човечкото око. Ова е аналогно на радиометриската единица „вати на квадратен метар“, но моќта на секоја бранова должина се пондерира согласно функцијата на светлосна делотворност, која е стандарден модел на восприемање на светлосната јачина од страна на човечкото око.

Објаснување Осветленоста изразува во која мера светлосниот тек е праспространет врз дадена површина. Светлосниот тек (се изразува во лумени) го изразува вкупното „количество“ на присутна видлива светлина, додека осветленоста ја изразува јачината на осветлувањето на дадена површина. Извесно количесто светлина осветлува послабо ако светлината е распределена на поголема површина, па затоа осветленоста е обратнопропорционална на површината.

Според една од дефинициите, луксот е „осветление на површина на која од далечина од 1 м паѓа вертикална светлина со јачина од 1 Хефнерова свеќа“.„лукс“ - Лексикон на македонскиот јазик, он.нет

Еден лукс е еднаков на еден лумен на квадратен метар: 1 lx = 1 lm/m2 = 1 cd·sr·m–2.

Тек од 1000 лумени насочен врз површина од еден квадратен метар ја осветлува таа површина со 1000 лукса. Меѓутоа, ако истите 1000 врз десет квадратни метри даваат само 100 лукса.

Како и другите единици од тој систем, луксот користи SI-претставки како на пример килолукс (klx) = 1000 лукса.

ОсветленостПример10−4 луксаВупна ѕвездена светлина, облачно небоРадиометрија и фотометрија во астрономијата: ЧПП - Паул Шлитер 0,002 луксаЧисто вечерно небо без месечина, со атмосферско тлеење0,01 луксаЧетврт месечина0,27 луксаПолна месечина на ведра ноќ1 луксПолна месечина (нормално на површината) во тропскиот појас3,4 лукса Најсилен дел од самрак под ведро небо50 луксаДневна соба80 луксаХодник/тоалет100 луксаМногу темно облачно небо320–500 лукса Канцелариско осветлувањеЕвропски закон UNI EN 12464400 луксаИзгрев или залез на ведар ден.1 000 луксаОблачен ден; типично осветлување на ТВ студио 10 000–25 000 луксаПолна дневна светлина (вон сонце)32 000–130 000 луксаНепосредна сончева светлина

Фотометриски SI-единици

Наводи

Надворешни врски Радиометрија и фотомерија - Често поставувани прашања - Проф. Џим Палмер, Универзитет на Аризона

Категорија:Изведени SI-единици Категорија:Фотометрија Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ