Знамето на Општина Гевгелија е официјалното знаме на оваа македонска општина. Знамето е составено од две вертикални ленти во сина и сребрена боја со општинскиот грб над нив.
Опис Знамето на општината е двобојно, поделено по вертикала, со сина и сребрена (светлосива) боја, на кое е аплициран грбот на општина Гевгелија. Односот на ширината и должината на знамето по хоризонтала е 1:2, а грбот се наоѓа во втората петтина на знамето. Односот на ширината и должината на знамето по вертикала е 1:3, а грбот се наоѓа во втората четвртина на знамето.
Наводи
Поврзано Општина Гевгелија Грб на Општина Гевгелија Знамиња на општините во Македонија
Надворешни врски Статут на Општина Гевгелија Официјално мрежно место на Општина Гевгелија
Категорија:Општина Гевгелија Гевгелија, Општина