Јосиф Ќурчиев - Брада ( - , ) — македонски новинар и колумнист, долгогодишен соработник на Македонската редакција на Дојче Веле, како и нејзин дописник од Македонија. Животопис
Со новинарство, Ќурчиев започнал да се занимава од 1970 година, како новинар во Радио Скопје, каде што бил уредник на информативни програми и новинар во надворешно-политичката редакција. Ќурчиев ги уредувал и водел емисиите на Дојче веле на македонски јазик.
Ќурчиев бил и колумнист во „Утрински весник“ и публицист. Во 2009 година ја добил и Наградата „Жан Моне“ на Европската комисија, која е доделувана за анализи и коментари на теми од ЕУ. Починал во Скопје на 18 ноември 2011 година. Наводи
Надворешни врски Последното патување на господин Ќурчија Меѓу сонот и јавето - колумна на Ќурчиев во Утрински Весник
Категорија:Македонски новинари Категорија:Македонски колумнисти Категорија:Добитници на награди за новинарство