Аслан Селмани (албански: Asllan Selmani; Лојане, - , ) — македонски научник, демограф, универзитетски професор, пратеник во три мандати и поранешен министер за наука во третата македонска влада. Животопис Ран живот и образование Селмани бил роден на 10 јуни 1945 година во кумановското село Лојане, во земјоделско-рударско семејство. Основното образование го завршил во селото Миратовац, кај Прешево, а средното училиште во Учителската школа „Зеф Луш Марку“ во Скопје, во учебната 1963/64 година. Потоа се запишал на студии на Групата за географија при Природно-математички факултет во Скопје, кои успешно ги завршил во учебната 1968/69 година. Во 1976 година, ја одбранил магистерската работа под наслов: „Географски аспекти на општествено-стопанските структури во општината Куманово. Во 1982, на Географскиот фа­култет во Скопје, ја одбранил докторската дисертација под насловот „Социо­гео­графските процеси и проблеми во општината Дебар, со посебен осврт на функцијата на централното место”.

Наставна кариера По дипломирањето, најнапред работел како професор по географија во гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово, а потоа преминал во Гимназијата „Зеф Луш Марку” во Скопје, во која како професор по географија работел до 1978 година. Во 1979, Селмани е избран за професор на Педагошката академија „Св. Климент Охридски“ во Скопје, по предметите општа географија, математичка географија и картографија. Во меѓувреме се запишал на постдипломски студии, на Отсекот за географија при Природно-математички факултет во Загреб. Во 1986 година, Селмани бил избран за доцент на Институтот за геог­рафија по предметот Заштита и унапредување на животната средина. Во 1995 година, Селмани бил избран за вонреден професор по предметите геоекологија и основи на географијата, додека во 2000 година бил избран за редовен професор на Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет и на истата должност се наоѓал до смртта.

Политичка кариера Во 1990, на општите повеќепартиски избори во Македонија, е избран за пратеник во Собранието, а во два наврата (1992 и во 1996) бил избран за министер за наука во Владата на Македонија. На оваа должност останал сè до крајот на 1998, кога повторно е избран за пратеник, на која политичка функција бил до 2002 година.

Останати активности Неговата општествена ангажираност се гледа и низ следните негови активности: потпретседател на СРВСРМ во периодот 1984-1990 г; член на Американскиот биографски институт во САД; член на претседателството на Македонското географско друштво, претседастел на еколошкото друштво “Еколевизја”, со седиште во Скопје; член на Одборот на фондацијата за геополитички истражувања “Глигоров” во Скопје, претседател на Комисијата за спроведување државни испити по предметот географија и сл.

Награди и признанија За досегашната работа има добиено повеќе одликувања и награди, како: Наградата “Гоце Делчев”, како општествено признание за особено значајни остварувања од интерес за Република Македонија во областа на науката, за трудот “Населението на Македонија”, 2005 г.; плакета, по повод патрониот ден на Универзитетот “Св. Кирил и Матодиј”, Скопје, за придонес во развојот и афирмацијата на Универзитетот, 2005 г.; плакета по повод одбележувањето на 50-годишнината на СРВСРМ, како признание за долгогодишната активност и за придонес во работата на организацијата, 2002 г.; плакетапо повод 50-годи-шнината на научна работа на Земјоделскиот факултет на Универзитетот “Св Кирил и Методиј”, Скопје, во знак на признание и благодарност, за придонесот во развојот и работата на Факултетот, 1997 г.; плакета од Македонското географско друштво, по повод 56 години постоење, за долгогодишна и плодотворна работа во областа на географијата, 2005 г. Посебно признание добил по повод прифаќањето, паралелно со своите редовни задолженија, да ја следи и да ја разрешува еколошката проблематика во меѓународните контакти на министерско ниво на конференцијата во Луцерн и на конференмцијата на УНДП во Будимпешта, како и за востоставување тесна соработка со Движењето на екологистите на Македонија, заради разрешување на нагласените еколошки проблеми и нивното обелоденување во јавноста, 1993 г.; благодарница добил за меѓусебната соработка и непосредната помош, по повод педесетгодишнината од работата на Македонското географско друштво, 1999 г.; и благодарница за безрезервната помош во развојот на медицинската наука во Република Македонија, Медицински факултет, 1997, Скопје. Во 66-тата година од животот, губејќи ја борбата со ракот, починал во Скопје на 3 ноември 2011 година.

Поврзано

Томе Андоновски Драган Василески Миливој Гашевски Васил Граматниковски Васа Даскаловски Никола Димитров Мирјана Ѓорѓиева Михаило Зиков Петар С. Јовановиќ Димитар Јаранов Тодор Кондев Велимир Ј. Костовски

Душан Манаковиќ Благоја Маркоски Љубе Миленковски Гиго Милески Иван Несторовски Милош Павловиќ Митко Панов Никола Панов Јордан Пенџерковски Ѓорче Петров Илија Петрушевски Митко Поптрандовски

Војислав Радовановиќ Бранислав Русиќ Јаким Синадиновски Станко Станковски Часлав Стојадиновиќ Милорад Стојановиќ Александар Стојмилов Владимир Точковски Јован Трифуноски Атанасие Урошевиќ Јован Цвииќ Димитрија Чуповски

Наводи

Категорија:Луѓе од Лојане Категорија:Македонски Албанци Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од 1994 Категорија:Пратенички состав 1991-1994 Категорија:Пратенички состав 1998-2002 Категорија:Професори на Природно-математичкиот факултет - Скопје Категорија:Македонски демографи Категорија:Југословенски демографи