Видови заби Катниците (molares) се користат за мелење на храна. Очниците (canines) (кучешки заби) се користат за сечење на храна. Ги има само кај месојадци. Преткатниците (praemolares) се слични на катниците, но се помали и понекогаш се нарекуваат „мали катници“. Секачите (incizors) се користат за сечење на храна. Забите (лат. dentes) се цврсти структури, сместени во забни јамички (алвеоли) на горната и долната вилица од устата. Тоа се структури кои се наоѓаат во вилиците на многу ’рбетници. Во дигестијата учествуваат со механичкото ситнење на храната, а кај некои животни, особено кај месојадните животни, се користат како оружје.
Палеонтолозите ги користат забите на цицачите да ги идентификуваат фосилните видови нивните односи. Обликот на забите е поврзан со исхраната на животното, како и со неговото еволутивно потекло. На пример, растителните материи се тешки за варење, така што тревопасците имаат повеќе катници за џвакање. На месојадците им се потребни секачи за да убиваат и да раскинуваат, и бидејќи месото е лесно за варење, тие може да голтаат без да имаат потреба од катници за разџвакување на храната.
Типови забни ткива
Кај луѓето Глеѓ (емајл) е цврст надворешен слој кој се состои од калциум и фосфат. Дентин е внатрешниот слој, главнината на забот. Пулпа е јадрото, кое содржи нерви и крвни садови. Цемент е тенкиот слој околу коренот; коскен материјал кој ги поврзува забите со вилицата. Се разликуваат две генерации на заби: млечни и трајни. Млечните се 20 на број и се појавуваат меѓу 6 и 12 месец од животот. Постојаните се 32 на број и ги заменуваат млечните меѓу 6-та и 8-мата година. На секоја вилица се распоредени по 16 заби, односно по 8 на секоја половина. Забите се разликуваат по формата, бројот и функцијата. Врз основа на функцијата што ја имаат во варењето, поделени се на: секачи (4), кучешки (2), преткатници (4) и катници (6).
Додека луѓето имаат две генерации на заби, некои животни имаат многу повеќе: на ајкулите им расте нова генерација на заби секои две недели. На некои други животни им расте само една генерација заби. Забите на глодачите растат и се трошат постојано преку глодањето на животнотот, одржувајќи постојана должина.
Делови на забот thumb|300px|right|float|Катник кај човек Забите се состојат од три дела: Коронка (круна) - надворешниот, видлив дел од забот Корен - делот од забот кој е всаден во виличните коски Врат на забот - тесен дел кој ги поврзува коронката и коренот на забот Иако на прв поглед забите изгледаат компактни, тие се изградени од повеќе ткива кои заедно им ја даваат потребната отпорност и цврстина.
Внатрешност на забот Во внатрешноста на секој заб се наоѓа забната пулпа (она што во народот е неправилно познато како „нерв“ на забот) во која освен нервите кои му даваат на забот осет за топло/студено, болка и притисок се содржат и крвните садови кои го исхрануваат забот, лимфни садови, одбранбени клетки и сврзно ткиво. Заедно со другите клеточни елементи, крвните и нервните садови ја исполнуваат пулпината комора која преку коренските канали е поврзана со околното ткиво околу врвовите на корените. Пулпината комора надворешно е ограничена со помош на средниот слој - дентинот.
Дентинот го изградува најголемиот дел од забот и покрај неговата цврстина (која е поголема од цврстината на коските) тој има и голема способност за прилагодување и по потреба се создава целиот живот, но само додека е здрава пулпата, која го исхранува овој слој.
Во нивото на коренот, дентинот е покриен со цемент - цврсто ткиво кое го штити коренот на забот, и заедно со другите ткива од периодонциумот го поврзува забот за забната чашка - алвеолата.
Во нивото на забната коронка, дентинот е покриен со емајл (глеѓ) - кристална супстанција со најголема отпорност во човековото тело, која служи за спречување на кариес. Емајлот се создава пред никнувањето на забот и неговата градба е дефинитивна - во текот на животот не може повторно да се создаде. Затоа е значајно да се посвети внимание на правилната исхрана на жените во периодот на бременоста и на децата пред никнувањето на трајните заби.
Здравите заби најчесто потемнуваат како што човекот созрева, зашто пулпата во рамките на забот се стеснува и на нејзино место доаѓа дентин.
Забот како тема во уметноста и во популарната култура „Кариес“ — кус расказ на македонскиот писател Ѓоко Здравески од 2019 година.Ѓоко Здравески, Отсечки стварност. Скопје: Бегемот, 2019, стр. 23. „Заби“ (српски: Зуби) — кус расказ на македонскиот писател Митко Маџунков од 1984 година.Митко Маџунков, Међа света. Београд: Просвета, 1984, стр. 95. „Млечно запче“ — кус расказ на македонската писателка Сања Михајловиќ-Костадиновска од 2018 годинаСања Михајловиќ-Костадиновска, (Бес)конечни модели на расказот. Скопје: Бегемот, 2018, стр. 9. „Чепкалки за заби“ — кус расказ на македонската писателка Сања Михајловиќ-Костадиновска од 2018 година.Сања Михајловиќ-Костадиновска, (Бес)конечни модели на расказот. Скопје: Бегемот, 2018, стр. 90-91. „Мевце во заб“ — кус расказ на македонската писателка Сања Михајловиќ-Костадиновска од 2018 година.Сања Михајловиќ-Костадиновска, (Бес)конечни модели на расказот. Скопје: Бегемот, 2018, стр. 45-46. „Итар Пејо му вади заб на селанец“ — расказ на македонскиот писател Стале Попов.Стале Попов, Итар Пејо. Скопје: Мисла, Детска радост, Култура, Наша книга, Македонска книга, 1980, стр. 12. „Душо, извади ги забите“ (англиски: Baby, Take Your Teeth Out) — песна на американскиот рок-музичар Френк Запа (Frank Zappa) од 1984 година.Zappa* – Them Or Us (пристапено на 28.1.2024) „Пломба за Зелениот заб“ (српски: Plomba Za Zelenog Zuba) — песна на црногорскиот музичар Рамбо Амадеус од 1989 година.DISCOGS, Rambo Amadeus – Hoćemo Gusle! (пристапено на 25.8.2019) „Твоите златни заби“ (англиски: Your Gold Teeth) — песна на американската рок-група Стили Ден (Steely Dan) од 1973 година.Steely Dan – Countdown To Ecstasy (пристапено на 23.11.2023) „Твоите златни заби II“ (англиски: Your Gold Teeth II) — песна на американската рок-група Стили Ден од 1975 година.DISCOGS, Steely Dan – Katy Lied (пристапено на 10.3.2018) „Млечни заби“ (англиски: Milky Teeth) — песна на рок-групата Тиндерстикс (Tindersticks) од 1993 година.DISCOGS, Tindersticks - Tindersticks (пристапено на 19.8.2018) „Заби“ (англиски: Teeth) — песна на американската рок-музичарка Кристин Херш (Kristin Hersh) од 1994 година.DISCOGS, Kristin Hersh – Hips And Makers (пристапено на 2.9.2020)
Поврзано
Топографско-анатомско обележување на забите Посебни морфолошки одлики на забите Забна номенклатура Кариес
Надворешни врски Комплетан стоматолошки лексикон Анатомија на забите Савети за подобри здрави заби Мрежно место за забите Табела со раст на забите Приказни на луѓе на кои им пораснал трет заб Нова технологија за повторно постигнување на растот на забите Статија за забите, као украс на човекот од каменог доба.
Наводи
Категорија:Заби Категорија:Систем за варење Категорија:Стоматологија Категорија:Уста