Петар Ичко ( — ) — османлиски дипломат од македонска народност.Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, II том, Униврзитет Кирил и Методиј - Факултет за филозофско - историски науки, Скопје, 1981
Животопис мини|лево|Куќата во Земун во која престојувал Петар Ичко Роден е околу 1755 година во Катраница, Кајларско, денес во егејскиот дел на Македонија. Се преселил на север, ангажиран како продавач. Работел како претставник на отоманската дипломатска мисија во Берлин (1797-1799), а веројатно и во Виена. Живеел како трговец во Белград, каде што кон крајот на XVIII век, бил старешина на трговците. По враќањето во Белград, јаничарските дахии, Петар во 1802 година се преселил во Земун, а тогаш пограничен хабсбургшки град.
По 1804 година, за време на Првото српско востание се приклонил кон Србите понудувајќи ги своите дипломатски и трговски искуства. Водачите на востанието во 1806 година го испратиле Петар како претставник на српските бунтовници во Константинопол, каде 1806-1807 година постигнал спогодна помеѓу српските водачи и Високата Порта, позната како Ичков мир. Се вратил во Белград, но наскоро, на 5 мај 1808 година бил отруен.
Поврзано Ичков мир
Извори
Категорија:Македонски дипломати Категорија:Македонски трговци Категорија:Луѓе од Катраница Категорија:Отомански дипломати Категорија:Српски дипломати Категорија:Луѓе од Српската револуција Категорија:Починати во Белград Категорија:Македонци во Србија