Свети Мартин Турски (латински: Sanctus Martinus Turonensis; 316 или 336 – 8 ноември 397) — христијански светец, епископ на Тур.
Житие thumb|left|225px|Св. Мартин го напушта војничкиот живот на коњаник (фреска на Симоне Мартини) thumb|Св. Мартин и просјакот (Ел Греко) Св. Мартин бил третиот епископ во градот Тур. Кога му опаднала силата и се приближил часот на неговата смрт, се собрале жителите на Поатје и на Тур за да присуствуваат на неговата блажена смрт. Според пишувањето на Григориј Турски, веднаш по смртта на св. Мартин започнала голема расправа меѓу жителите на овие два града. Жителите на Поатје зборувале: „Тој е наш калуѓер, кај нас стана опат и бараме да ни го дадете. Доволно е што ги слушавте неговите проповеди, додека беше епископ на овој свет, јадевте на истата трпеза, тој ве поддржуваше со своите благослови, а покрај тоа, ве исполнуваа со радост чудата што ги правеше. Задоволете се со сето тоа, а нам нека ни припадне неговото мртво тело.“ Од друга страна, жителите на Тур одговарале: „Велите дека ни се доста неговите чудесни дела, но да знаете дека тој направи повеќе чуда кај вас, отколку овде. Зашто, ако оставиме настрана многу други работи, треба да се сетиме дека тој ви воскресна двајца мртовци, а нам само еден, впрочем, како што самиот зборуваше во повеќе наврати, неговата чудотворна сила беше поголема во времето пред да стане епископ, отколку откако беше положен за епископ. Значи, треба она што не стигна да го направи за нас додека беше жив, да го направи сега, кога почина. Бог го зеде од вас и ни го даде нам...“ Така двете страни се расправале до ноќта, црквата во која било положено телото на светецот ја заклучиле, а жителите на двата града поставиле своја стража. Според Григориј Турски, „Господ не дозволи Тур да остане без патронот“. На полноќ, стражарите од Поатје заспале, а жителите на Тур го зеле телото на св. Мартин, го фрлиле низ прозорецот, а потоа со брод го однеле во Тур. Жителите на Поатје се разбудиле од химните и псалмите што гласно ги пееле жителите на Тур, а потоа збунето се вратиле дома „без да го добијат богатството што го чуваа“.Aron Gurevič, Problemi narodne kulture u srednjem veku. Beograd: Grafos, 1987, стр. 70-71.
Понатаму, Григориј Турски ја опишува и случката во која, во една прилика, кралот на Франките, Хилперик, барал совет од св. Мартин и затоа наредил во гробот на светецот да се стави писмо со молба да го избрка својот непријател од црквата која била осветена во чест на св. Мартин. Ѓаконот кој го ставил кралското писмо во гробот, над него оставил и чиста хартија, но во текот на три дена попусто го очекал одговорот од светецот.Aron Gurevič, Problemi narodne kulture u srednjem veku. Beograd: Grafos, 1987, стр. 72. Во друга прилика, на гробот од св. Мартин дошле стражарите на архиепископот од Орлеан за да фатат еден бегалец, кој се криел таму. Меѓутоа, локалните селани се вооружиле и застанале во одбрана на својот покровител, со зборовите дека „тие нема да дозволат да се посрамоти нивниот светец“.Aron Gurevič, Problemi narodne kulture u srednjem veku. Beograd: Grafos, 1987, стр. 74.
Поврзано Мартиње — празник посветен на светецот Турска архиепископија
Наводи
Надворешни врски
Православен календар: Свети Мартин епископ Турски, 12 октомври (по стар стил) — Денови Свети Мартин, Епископ Турски, Исповедник — Житијата на светците Житијата и чудесата на Свети Матин Турски, епископ и исповедник на Католичката црква
Категорија:Римокатолички светци од Унгарија Категорија:Римокатолички светци од Франција Категорија:Англикански светци Категорија:Гало-римски светци Категорија:Христијански светци од 4 век Категорија:Родени во 316 година Категорија:Починати во 397 година Категорија:Тур Категорија:Православни светци