Dockville е музички и ликовен фестивал на најголемиот европски речен остров, квартот Вилхелмсбург во Хамбург. Спонзориран е од германската Internationalen Bauausstellung (IBA) и за првпат се одржал во 2007. Многу делови од фестивалската површина се наоѓаат директно на реката Елба, во делови кои не се заштитени од поплави.Слики од фестивалската површина на flickr Карактеристично за фестивалот е комбинацијата од музика и ликовна уметност.

2007

Во 2007, кога фестивалот се одржал по првпат, имал 5.000 посетители. Музички предводници биле германските бендови 2Raumwohnung и Tocotronic. Уметнички директор бил германскиот сликар Даниел Рихтер.

2008

Оваа година фестивалот траел три дена. Започнал на 15 август (петок), а завршил на 18 август (недела). Предводници биле германските и британските бендови The Ting Tings, Deichkind, Fettes Brot и Television Personalities. Германскиот сликар Даниел Рихтер бил главен за уметничката програма.

Германскиот весник Hamburger Abendblatt известил, дека околу 10.000 луѓе го посетители фестивало и дека програмата и инфраструктурата се подобрени.„Pop, Art, Party und ein bisschen Ponyhof“; статија од весник за фестивалот во 2008 (германски)

2009

2009 фестивалот се одржал на истото место како порано од 14 до 18 август. Музички предводници биле MGMT, Turbonegro и германските бендови Kettcar, Element of Crime и The Whitest Boy Alive. Повторно имало комбинација на музика и работа на ликовни уметници. Јавниот радиски и телевизиски сервис Norddeutscher Rundfunk и германскиот весник Hamburger Abendblatt известиле дека 15.000 луѓе го посетиле фестивалот вториот ден, воедно истакнувајќи дека се појавиле определени логистички проблеми. Ein Gefühl wie beim endlosen Sommer - Dockville: Besucherrekord und tolle Stimmung; статија од весник за фестивалот во 2009 (германски)

Наводи

Надворешни врски

Службена страница на фестивалот (германски) Слики од фестивалот

Категорија:Ликовни фестивали Категорија:Култура на Хамбург Категорија:Музички фестивали во Германија