Денис Страквалурси — аргентински фудбалер кој настапува за тимот на Евертон како позајмен од аргентинскиот прволигаш Тигре.
Кариера Тој својата кариера ја започнал во третолигашот Унион де Сунхалес.По една сезона помината тука тој потпишал за ФК Гимназија Ла Плата тим од елитната лига на аргентинскиот фудбал.
Тигре Пред почетокот на сезоната 2010-2011 Страквалурси дојде во Тигре на позајмица од една сезона со можност за откуп на крајот од сезоната.Во зимското првенство наречено Апертура тој постигна 11 голови за Тигре и беше прв стрелец во лигата заедно со уругваецот Сантјаго Силва.Со тоа стана првиот фудбалер на Тигре во историјата кој бил прв стрелец во аргентинската лига.
Евертон Во последните денови на август Страквалурси потпиша за Евертон на позајмица од Тигре до крајот на сезоната.Своето деби за карамелите го имаше во домаќинскиот меч на Евертон против Виган на 17 септември 2011 влегувајќи како замена за Тим Кејхил. Својот прв погодок во Премиер лигата Страквалурси го постигна на 11 февруари 2012 кога по одличната асистенција на Лендон Донован тој го совлада Петр Чех и му обезбеди победа на својот тим над Челси од 2-0.
Сан Лоренцо Во јули 2012 Страквалурси потпиша за Сан Лоренцо како слободен играч откако му истече договорот со Тигре.
Надворешни врски ESPN statistics Argentine Primera statistics
Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Фудбалери на ФК Евертон Категорија:Фудбалери на ФК Тигре Категорија:Аргентински фудбалери Категорија:Родени во 1987 година