„Novi plamen“ (во превод: Нов пламен), ― хрватско лево-ориентирано социјалистичко списание чиј издавач е Demokratska misao од Загреб, кое ја продолжило традицијата на некогашното списание „Plamen“, основано 1919 година и уредувано од познатите хрватски интелектуалци и писатели Мирослав Крлежа и Аугуст Цесарец. Денешното име Novi plamen е, всушност, алузија на првичното Крлежино и Цесарчево списание Plamen.
Тематски списанието е ориентирано кон економските, политичките, општествените и културните прашање на современиот свет. Околу неговото подготвување и издавање ангажирани се, пред сѐ, интелектуалци од некогашните југословенски републики: Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија, Србија. Меѓутоа, со него тесно соработуваат и значајни лево-ориентирани интелектуалци од повеќе други земји.
Совет на списанието
Советот, според својот состав, е меѓународен. Како негов неформален претседател бил сметан познатиот американски граматичар и интелектуалец Ноам Чомски. Покрај него се и познатите Михаела Алберта, Кен Коутс, Дејвид Гребер, Богдан Денич, Џон Мек Донел, Кетрин Самари, Жан Циглер и други.
Од некогашните југословенски републики членови на Советот на списанието, помеѓу другите, се следниве филозофи, социолози, политиколози, писатели: Славој Жижек, Милорад Пуповац, Предраг Матвеевиќ, Надежда Чачиновиќ, Слободан Шнајдер, Љубомир Цуцуловски, Инослав Бешкер, Миодраг Живановиќ и други.
Соработници
Помеѓу попознатите соработнци на Novi plamen се Растко Мочник, Соња Локар, Игор Мандиќ, дон Иван Грубишиќ, Тодор Куљиќ, Љубо Јурчиќ и други.
Активности
Една од позначајните активности на списанието беше меѓународната научна конференција Participation, Self-management, Democracy (Партиципација, самоуправување и демократија), одржана во Загреб (2007) организирана во соработка со Demokratska misao и шведскиот Left International Forum.
Наводи
Надворешни врски Службена мрежна страница на Novi plamen Категорија:Појавено во 2007 година во Хрватска Категорија:Двогодишни списанија Категорија:Укинати хрватски списанија Категорија:Списанија на хрватски јазик Категорија:Списанија за култура Категорија:Укинати хрватски списанија Категорија:Укинати европски книжевни списанија Категорија:Списанија основани во 2007 година Категорија:Масовни медиуми во Загреб Категорија:Хрватски политички списанија Категорија:Социјалистички списанија Категорија:Списанија укинати во 2015 година Категорија:Престаноци во 2015 година во Хрватска Категорија:Двогодишни научни списанија