Слово од Кирил Филозоф како ги покрсти Бугарите или Солунска легенда е апокрифен текст од непознат автор, создаден за време на византиското владеење (XI - XII век). Во неа се среќаваат не само легендарни, но и патриотски бугарски традициипроф. д-р Георги Данчев: „Стара българска книжнина“, Велико Търново, 1996.. Познати се 4 примероци: софиски (XVI век), тиквешки (XVI век), трновски и константинов. Сите овие се откриени на територијата на Македонија.

Текстот е полн со историски неточности, така што уште на почетокот авторот ги меша личностите на Константин (Кирил) Философ и Кирил Кападокиски. Сепак, впечаток е дека авторот ги наеркува македонските Словени, вклучувајќи ги и солунјаните, „Бугари““, односно ΒούλγαροιГрчкиот историчар Стилпон Кирјакидис (1887-1964) потврдува дека називот ‘бугари’ во Македонија е политички наметнат назив: “Византијците во времето на Самоил ги понижуваa македонските Славјани со името ‘бугари’ и македонската земја ја нарекуваа - ‘бугарија’… но Грците и ЦЕЛО СЛАВОЈАЗИЧНО НАСЕЛЕНИЕ го нарекуваа така - ‘бугари’” (The Northern Ethnological Boundaries of Hellenism)Loring Danford, “The Macedonian Conflict: Ethnic Nationalism in a Transnational World”, pg. 59Victor Roudometof , “Nationalism,Orthodoxy and Globalization” pg. 48. На преден план никнува идејата за Бугарите како избран народ од Бог, при што Бог го испраќа Кирил да ги покрсти и да им даде азбука:

Според „Солунска легенда“, т.н. „готско“ покрстување, коешто се случило на територијата на денешна Бугарија во IV век, е всушност покрстувањето на Бугарите, а „готскиот“ епископ Вулфила (по потекло од Кападокија) е истиот лик со Св. Кирил (вулф = курт = волк), па така „готското“ писмо, всушност, е кирилицата. Таква врска во своите трудови прави д-р Ганчо Ценов.

Наводи

Надворешни врски Солунска легенда, фототипно издание на Йордан Иванов по Тиквешкия препис . Слово от Кирил Философ как покръсти българите, Д. Петканова Табов, Й. За какво разказва Солунската легенда? Историческо бъдеще. 2004 / 1-2, 131-151.

Категорија:Свети Кирил и Методиј Категорија:Македонија (регион) Категорија:Средновековна култура Категорија:Средновековен Солун