мини|часовник со ликови од Дизни „Лисицата и ловечкиот пес“ од Бредли Тајм, рачно навивање, околу 1980 година Лисицата и ловечкиот пес () е американски цртан филм од 1981 година, произведен од продуцентската компанија Волт Дизни, а се заснова на истоименото дело на авторот Даниел П. Маникс. Премиерно бил прикажан во САД на 10 јули, 1981 година.
Филмот е режиран од Тед Берман, Ричард Рич и Арт Стивенс. Продуценти се Рон Милер, Волфганг Рајтерман и Арт Стивенс. Гласовната екипа ја сочинуваат Мики Руни како Тод и Курт Расел како Копер, соодветно, а гласовите ги позајмуваат Перл Бејли, Џек Албертсон (во неговата последна филмска улога), Сенди Данкан, Жанет Нолан, Пет Батрам, Џон Филдлер, Џон Мекинтајр, Дик Бакалјан, Пол Винчел, Кит Мичел и Кори Фелдман. Гласовните партитури на филмот се составени и диригирани од Бади Бејкер, а оркестрацијата ја изведува Волтер Шитс.
Ова е дваесет и четвртиот долгометражен цртан филм изработен во продукција на компанијата Волт Дизни. Филмот ја раскажува приказната за два нетипични пријатели, црвената лисица по име Тод и ловечкото куче Копер, кои се борат да го задржат пријателството и покрај нивните инстинкти и притисокот на средината која бара од нив да се непријатели. На кино благајните, филмот остварил финансиски успех. Кога се појавил, тоа бил најскапиот анимиран филм продуциран дотогаш, чинел 12 милиони американски долари. Во 2006 година било објавено DVD продолжение, Лисицата и ловечкиот пес 2.
Надворешни врски
Категорија:Филмови од 1981 година Категорија:Американски цртани филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови на Disney Категорија:Филмови засновани на книги