Далелвен (швед. Dalälven = „Далска Река“) е река во средна Шведска која тече од северот на покраината Даларна и се влева во морето во северниот дел на Упланд. Се смета за јужна граница на крајот Норланд. Северното течение е радвоено на два дела: Естердалелвен и Вестердалелвен (источно и западно). Двете реки се среќаваат кај местото Јурос.

Реката е долга над 520 км и со тоа е втора по должина во земјата. Има хидроенергетски потенцијал од 1420 мегавати, кој е искористен. Најголема електрана е Тренгслет. Во историјата Далелвен била значаен воден пат за сплавен сообраќај.

Наводи

Категорија:Реки во Шведска Категорија:Даларна