Ново Село — село во Општина Желино, во околината на градот Тетово. Според пописот од 2002 година, селото имало население од 667 жители.

Географија и местоположба Селото се наоѓа во областа Долни Полог. Мерово лежи на горното течение на Суводолица, на северните падини на Сува Гора.

Историја Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало население од 165 муслимани (Албанци).Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 212. Рускиот публицист Афанасиј Селишчев во 1929 година забележал дека селото било дел од Општина Групчин и имало 45 куќи со 256 жители Албанци.Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии, София, 1929, стр. 24.

Население

По Балканските војни е забележано со 272 жители.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 250 Албанци.

Според пописот од 2002 година селото има 667 жители, од кои 663 Албанци, 1 Бошњак и 3 останати.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 602 жители, од кои 542 Албанци и 60 лица без податоци.

Родови

Ново Село е албанско село.

Според истражувањата од 1949 година, родови во селото се:

Доселеници: Колајн (5 к.) најстар род во селото. Доселени се од местото Фанде во северна Албанија. Овде живеат од втората половина на XVIII век. Имаат роднини во селото Камењане (Ајвазе). А исто така и во селата Порој и Боговиње; Хос (28 к.) доселени се од местото Хаса кај Скадар во северна Албанија. Порано биле католици; Вјш (1 к.) потекнуваат од фисот Бериша во северна Албанија. Од таму во XVIII век се иселиле во Чајлане, тука направиле некое убиство па потоа се преселиле во Ново Село. Имаат истоимени роднини во Чајлане; Љач (9 к.) најмлад род во селото. Потекнуваат од фисот Бериша. Овде дошле од местото Љача во Малесија, Северна Албанија. Предците во старото место им биле католици. Имаат роднини во Стар Пустеник, а некои прешле и во Сечиште кај Качаник.

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 2098 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 720 гласачи.

Поврзано Полог Општина Желино Тетово

Наводи

Надворешни врски Сателитска снимка на Ново Село на Карти на Гугл

Категорија:Села во Македонија Категорија:Тетовски села Категорија:Села во Општина Желино