мини|десно|300п|Карта на Каналските Острови

Каналски Острови (, , или ) — архипелаг од британски крунски поседи во каналот Ламанш, помеѓу Англија и Нормандија во Франција. Распоредени се во состав на две бејлифства (bailiwicks): Бејлифство Гернзи (Bailiwick of Guernsey) и Бејлифство Џерси (Bailiwick of Jersey). Се сметаат за остатоци од некогашното Војводство Нормандија и не му припаѓаат на самото Обединетото Кралство.Каналски Острови - royal.gov.uk Имаат вкупно население од 158.000 жители. Главен град на Гернзи е Сент Питер Порт (16.488), а главен град на Џерси е Сент Хелиер (28.310). Островите зафаќаат вкупна површина од 194 км2.

Бејлифствата се административно независни едно од друго уште од доцниот XIII век и речиси да немаат заеднички установи.

Географија Населени острови се Џерси, Гернзи, Олдерни, Сарк и Херм (главни); Жету, Бреку и Лиу (сите освен Џерси припаѓаат на Бејлифството Гернзи). Помали ненаселени острови се: Менкјер, Екреус, Дирује и Пјер де Лек во состав на Бејлифството Џерси) и Беру и Каскетс близу Олдерни. Поголемите острови завршуваат на „-и“, а помалите на „-у“, што е остаток од старонордискиот јазик.

Највисока точка на островите е врвот Платонс во Џерси, со 143 м надморска височина.

Знамиња

Поврзано Крунски поседи Британски Острови Британски прекуморски територии

Наводи

Надворешни врски

Управа на Олдерни Управа на Гернзи Управа на Џерси Управа на Сарк

Категорија:Британски Острови Категорија:Зависни територии во Европа Категорија:Специјални територии на Европската Унија