Драгарино — село во Општина Битола, во околината на градот Битола.
Географија и местоположба Селото се наоѓа во областа Пелагонија, поточно во Битолското Поле, од левата страна на патот Битола - Демир Хисар - Кичево.
Историја Во XIX век селото било дел од Битолската Каза на Отоманското Царство.
Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.
Стопанство
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Драгарино живееле 55 жители, сите Македонци.Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 238.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година, Драгарино се води како чисто македонско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 8 куќи.
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Драгарино имало 40 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 166-167.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 50 Македонци.
Според пописот 2002 селото брои 86 жители, сите Македонци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 84 жители, од кои 77 Македонци и 7 лица без податоци.
Родови Драгарино е македонско православно село, во селото има само два рода, и двата се доселенички. Родовите се населени средината на XIX век
Родови во Драгарино се:
Доселеници: Размовци (9 куќи) доселени се од селото Вирово во Железник. Го знаат следното родословие: Донче (жив на 48 г. во 1951) Донче-Секула-Петре-Размо, кој се доселил во селото; Вељановци (6 куќи) доселени се од Црничани, го знаат следното родословие: Тодор (жив на 70 г. во 1951 година) Кузман-Стојан-Вељан, кој се доселил.
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 196 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 79 гласачи.
Културни и природни знаменитости Цркви Црква „Воскресение Христово“ — главната селска црква Црква „Успение на Пресвета Богородица“ — црква осветена на 6 јуни 2015 г.
Археолошки наоѓалиштаКоцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069 Градски Пат — населба од хеленистичко и римско време Коловозник — црква и некропола од средниот век
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Битолски села Категорија:Села во Општина Битола