Браната Випра или Брана Випер ( или Wippertalsperre) е брана на реката Випер во планините Харц. Се наоѓа близу Випра, недалеку од Мансфелд и Хетштет во Саксонија-Анхалт. Била изградена помеѓу февруари 1951 и ноември 1952.

Била изградена со цел да обезбеди индустриска вода за преработувачките капацитет за бакар во Мансфелд и Хетштет. Нејзината улога во заштитување од поплави е ограничена, бидејќи таа првично била изградена како помошна брана. Плановите за понатамошна поголема брана, никогаш не се реализирале. Браната Випер исто така произведува и електрична енергија, користејќи ја хидроенергијата. Капацитет на хидроцентралата е 22 kW.

Нејзин оператор е Talsperrenbetrieb Saxony-Anhalt.

Браната е гравитациска, направена од бетон. Достапни се организирани посети во самата брана.

На браната е точката 219 од планинско-пешачката патека Harzer Wandernadel.

Вештачко езеро Випра

Поврзано

Список на брани и вештачки езера во Германија Список на брани во Харц

Надворешни врски

Talsperrenbetrieb Saxony-Anhalt Брана Випра

Категорија:Вештачки езера во Саксонија-Анхалт Категорија:Мансфелд-Зидхарц Категорија:Брани во Саксонија-Анхалт