Планинска гуштерица (науч. Lacerta agilis) — вид гуштер од семејството вистински гуштери, чиј ареал се протега низ речиси целата Европа и источно до Монголија. Не живее на Пиринијскиот Полуостров и европскиот дел на Турција. Распределбата ѝ е релативно раштркана.

Има светол стомак и лента на грбот: мажјаците се потемни по боја, а стануваат делумно или целосно светлозелени во сезоната за парење. Достигнуваат должина до 25 см.

Има неколку подвида, од кои најзападен е Lacerta agilis agilis. Кај овој и другите два најзастапени западни подвида (Lacerta agilis argus) грбната лента е тенка и испрекината, или пак воопшто ја нема. Ова важи особено за третоспоменатиот подвид, кој има и фази кајшто е сосем црвен и кафеав на грбот, без никакви белези. Кај овие два подвида, мажјаците сезонски позеленуваат само на боковите, но источните видови (претежно Lacerta agilis exigua) мажјаците знаат да бидат целосно зелени, дури и вон сезоната за парење.

Женките ги несат јајцата во ровит песок на сончево место, а младите се развиваат и изведуваат благодарение на топлината на песокот.

Во Република Македонија Во Република Македонија, планинската гуштерица е најзастапена во националниот парк МавровоАнализа на влекачите - Планинска гуштерица - Анализа и валоризација на фауната на цицачите во заштитеното подрачје Национален парк „Маврово“ и на планината Пелистер, каде е врзана за моликата како живеалиште.Рефугален регион Пелистер, стр. 49 Втор национален извештај - Активности кон Конвенцијата за климатски промени

Примерок на планинската гуштерица е изложен како експонат во Природнонаучниот музеј на Македонија во Скопје.Планинска гуштерица - Природонаучен музеј-Скопје - Македонски национален комитет на МСМ (ICOM)

Поврзано Алпска фауна

Наводи

Надворешни врски За гуштерите во труд за Биоразновидноста на Македонија

Категорија:Гуштери Категорија:Влекачи на Европа Категорија:Влекачи на Азија Категорија:Влекачи на Македонија Категорија:Незагрозени видови според МСЗП Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј