ФК Манчестер Сити () — професионален фудбалски клуб од Манчестер, Англија. Основан во 1880 година под името Сент Маркс (Вест Гортон), клубот го добил денешното име Манчестер Сити во 1894 година. Од 2003 година своите домашни натпревари ги играат на стадионот Етихад, кој го заменил Мејн Роуд нивниот поранешен дом уште од 1923 година.

Клубот најголеми успеси остварил кон крајот на 1960. години и почетокот на 1970. години, кога успеал да ги освои англиското првенство, ФА Купот, Лига Купот и УЕФА Купот на победници на куповите под водство на тренерите Џо Мерсер и Малколм Елисон. По поразот во финалето од ФА Купот во 1981 година, клубот доживеал пад, кој кулминирал со испаѓање во трета лига на англискиот фудбалски систем во 1998 година. Откако успеал да се врати во Премиер лигата во 2000 година, клубот во 2008 година бил купен од страна на Abu Dhabi United Group и оттогаш станал еден од најбогатите во светот. Од 2011 година, Манчестер Сити освоил 14 големи титули, вклучувајќи четири титули во Премиер лигата.

Во сезоната 2018–2019, Манчестер Сити бил петти најпрофитабилен фудбалски клуб со остварен годишен приход од 568,9 милиони евра. Во 2019 година, списанието Форбс проценило дека клубот вреди 2.69 милијарди долари.

Историја Основање и успесите во првите педесет години (1879-1930) Клубот бил формиран во 1880 година, под името Сент Маркс, по иницијатива на Артур Конел (ректорот на црквата Сент Маркс во Западен Гортон) и неговата ќерка Ен Конел. Нивната цел била да се обидат да го спречат насилството на локалните банди и алкохолизмот преку воспоставување нови активности за локалните мажи, додека високата невработеност го измачувала источен Манчестер, поточно областа Гортон. Сите мажи биле добредојдени да се приклучат, без оглед на верата.

Црковен крикет клуб бил формиран во 1875 година, но не постоел еквивалент за зимските месеци. Во врска со ова, Конел, со помош на чуварите на црквите Вилијам Бестоу и Томас Гудбехер, основал црковен фудбалски клуб во зимата 1880 година наречен „Сент Маркс Вест Гортон“, понекогаш запишан и како „Западен Гортон (Сент Маркс)“.

Првиот натпревар во аналите на овој клуб бил регистриран на 23 ноември 1880 година, против друг црковен тим од Маклесфилд. Сент Маркс го загубиле натпреварот со 2-1 и добиле само еден натпревар за време на нивната инаугуративна сезона 1880–1881, со победа над Сталибриџ Кларенс во март 1881 годинa.

Во 1884 година, клубот се споил со друг, „Гортон Атлетик“, но спојувањето траело само неколку месеци, по што клубовите повторно се разделиле, а претставникот на Западен Гортон сега бил наречен „Гортон А.Ф.К.“ додека Гортон Атлетик се преименувал во „Вест Гортон Атлетик“.Gary James, Manchester: The Greatest City (Polar Publishing, 2002), 15. Во 1887 година Гортон А.Ф.К. станал професионален клуб, а ова вклучувало и преместување на местото на домашниот терен во Хајд Роуд, со што се сменило и името на клубот во „Ардвик А.Ф.К.“, во чест на новата локација на клубот во источниот дел од градот.

Ардвик стекнал поголема слава во 1891 година, освојувајќи го Сениор купот на Манчестер за првпат во својата историја совладувајќи го Њутн Хит со 1-0 во финалето. pg.17 Овој успех имал позитивен ефект врз Фудбалската алијанса, која го прифатила Ардвик како дополнителна франшиза за сезоната 1891-1892. Подоцна Алијансата се споила со Фудбалската лига во 1892 година, така што Ардвик станал член на Втората дивизија. Финансиските проблеми во сезоната 1893-1994 година довеле до реорганизација на клубот, и на 16 април 1894 година тој станал ФК Манчестер Сити.

Освојувањето на титулата во Втората дивизија на фудбалската лига во 1899 година, му ги донела на клубот првите почести и промоција во највисоката фудбалска лига во Англија, Првата дивизија. Неколку години подоцна клубот го постигнал најголемиот успех во својата историја, откако на 23 април 1904 година, совладувајќи го Болтон Вондерерс со 1-0 во Кристал Палас го освоил најпрестижниот елиминационен турнирManchester: The Greatest City, 59-65. во англискиот фудбал, ФА Купот. Клубот бил близу до освојување на двојната круна, но на крајот сепак во лигата завршиле втори со три бода помалку од шампионот Венздеј. Во сезоните по нивниот триумф во ФА Купот, клубот бил обвинет за финансиски нерегуларности, а сето тоа кулминирало со суспензија на седумнаесет играчи во 1906 година, вклучувајќи го и капитенот Били Мередит. Бесот на навивачите на Сити бил уште поголем кога многу од суспендираните играчи отишле да играат за локалниот соперник Манчестер Јунајтед, формирајќи го јадрото на тимот Јунајтед кој ја освоил Првата дивизија за време на сезоната 1907-1908.

Во 1920 година се случил пожар кој ја изгорел и уништил главната трибина Хајд Роуд, по што клубот во 1923 година одлучил да се пресели на својот нов стадион на Мејн Роуд во Мос Сајд во јужниот дел на Манчестер. Новиот стадион бил со капацитет од 100,000 гледачи и ќе биде важен дел од историјата на клубот, а поради својот висок капацитет го добил прекарот Вембли на северот.

Вториот ФА Куп, првата шампионска титула и испаѓање (1930-1950) Во 1930-тите години, Манчестер Сити стигнал до две последователни финалиња во ФА Купот: губејќи од во 1933 година, пред да го освои купот победувајќи го во 1934 година. Во финалето 1933 година, тие биле немоќни да му се спротивстават на силниот Евертон предводен од Дикси Дин и биле поразени со убедливи 3-0, меѓутоа при доделувањето на медалите тогашниот капитен на Сити, Сам Коуан, рекол дека ќе се врати следната година за да победи. Неговите зборови се обвистиниле и Сити се вратиле на Вембли следната година каде во финалето го совладале Портсмут со 2-1 и му овозможиле на Коуан да го подигне пехарот од вториот освоен куп во историјата на клубот. Коуан, исто така, станал првиот и досега единствен играч на Манчестер Сити кој го претставувал клубот во три финалиња на ФА Купот (играл и во финалето во 1926 година во кое загубиле од Болтон).

Манчестер Сити конечно станал шампион на Англија, откако во сезоната 1936-1937 ја освоиле својата прва титула во Првата дивизија со три бода повеќе пред вториот Чарлтон Атлетик. Со тоа завршило долгогодишното чекање на приврзаниците на светлосините, откако претходно клубот неколку пати бил близу до овој успех завршувајќи втор во сезоните 1903-1904 и 1920-1921. Сепак, веќе следната сезона им приредила вистински шок на сите симпатизери на клубот, кога Манчестер Сити како бранител на титулата испаднал од лигата завршувајќи на претпоследното место, и покрај тоа што постигнале најмногу голови во дивизијата. По одигрувањето на следната сезона во Втората дивизија во која клубот завршил петти и не успеал да избори промоција, првенствата биле прекинати поради почетокот на Втората светска војна.

Кога првенствата продолжиле, во сезоната 1946-1947, Сити си го вратил статусот на фаворит и ја освоил петтата своја титула во Втората дивизија под водството на нивниот поранешен играч и капитен Сам Коуан.

Новите куп успеси и ново испаѓање (1950-1965)

Во педесеттите години од минатиот век, Сити, користејќи тактика наречена „Реви план“, стигнале до нови последователни финалиња на ФА Купот по втор пат во својата историја, и идентично како во 1930-тите, тие го загубиле првото и го освоиле второто, во 1955 и 1956 година, соодветно. Во првото финале тие биле поразени од со 3-1. Голот на Боби Џонстоун во последните минути од првото полувреме му донел израмнување на Сити и на одмор резултатот гласел 1-1, но во првите 15 минути од вториот дел играчите на Њукасл постигнале два гола и го решиле натпреварот. Следната година, во финалето одиграно во 1956, Манчестер Сити го победил Бирмингем Сити со 3-1. Тоа било едно од најпрепознатливите финалиња на ФА Купот на сите времиња, а останало запаметено по голманот на Граѓаните, германецот Берт Траутман, кој продолжил да го игра натпреварот и покрај тоа што го скршил вратот.

Освен споменатите успесите во куповите, Сити немале поголеми успеси во Првата дивизија во текот на оваа декада, завршувајќи само еднаш четврти во сезоната 1955-1956 и еднаш петти во сезоната 1957-1958. Почетокот на следната декада донел уште полоши денови за клубот и набргу потоа дошло до ново испаѓање од елитната дивизија за време на сезоната 1962-1963. Веднаш по испаѓањето во 1963, Џорџ Појсер бил назначен за менаџер, но тој неуспеал да го спречи падот на клубот. Сезоната ја завршиле на единаесеттото место во Втората дивизија, што бил нивниот најнизок пласман во клупската историја.Ардвик завршиле на 13. место во Втората дивизија во 1894 година, но во тоа време Првата дивизија броела само 16 клубови.

Години на слава (1965-1979)

Во 1965 година Џо Мерсер бил назначен за нов менаџер, додека Малком Елисон за негов помошник. Веќе во првата сезона под раководството на овој тандем Манчестер Сити ја освоил титулата во Втората дивизија и се вратиле во Првата по двегодишно отсуство. Во следната сезона, тимот, засилен за време на летниот трансфер пазар, со потписите на Мајк Самерби и Колин Бел, успеал да избори опстанок завршувајќи на петнаесеттото место: одлучувачки за постигнувањето на оваа цел биле последните седумнаесет натпревари, во кои Сити загубиле само четири пати.

На крајот од сезоната 1967-1968 Манчестер Сити успеа да ја освои втората титула во својата историја: главните моменти на сезоната биле натпреварот против Тотенхем (кои се емитувал на телевизија и во кои Сити победил со 4-1) наречен The Ballet on Ice (балетот на мраз) поради снегот што го покрил теренот тој ден, победата со 3-1 на Олд Трафорд против Манчестер Јунајтед (иден шампион Европа и соперник на Граѓаните во борбата за титулата) во дербито, и натпреварот во последното коло од првенството, победата со 4-3 против Њукасл Јунајтед, што на Сити му ја донела шампионската титула. Сепак, славата не траела долго затоа што само неколку дена подоцна Јунајтед го освоил Европскиот куп на шампиони, станувајќи првиот англиски клуб на кој му успеал овој подвиг. Страниците во весниците биле преполни со текстови за Црвените ѓаволи и успехот на Сити паднал во заден план. Во следната сезона, и покрај тоа што клубот завршил на тринаесеттото место на табелата во првенството и бил елиминиран во првото коло од Европскиот куп од турскиот , клубот ја продолжил својата серија на освојување трофеи со успех во ФА Купот.

Освојувањето на националниот куп му овозможило на Манчестер Сити да игра во Купот на победниците на куповите за сезоната 1969-1970: откако ги елиминирале Атлетико Билбао, Лирс, Академика Коимбра и Шалке 04, Граѓаните стигнале до финалето во Виена во кое се соочиле со полскиот Гурник Забже, кого го победиле со 2-1, за првиот европски трофеј во историја на клубот. На крајот на сезоната Манчестер Сити го освоил и Лига купот, со што станал првиот англиски клуб кој освоил национален и европски турнир во истата сезона.

Во 1971 година, Мерсер бил назначен за генерален менаџер на тимот, отстапувајќи му го местото менаџер (тренер) на првиот тим на неговиот асистент Малком Елисон: во неговата прва сезона Сити се бореле за освојување на титулата, наоѓајќи се во март на првото место во поредокот со минимална разлика од четири бода во однос на гонителите. Сепак, резултатската криза во самиот финиш од првенството предизвикала клубот да се лизне на четвртото место. По овој неуспех, навивачите го означиле играчот Родни Марш како главен виновникMarsh: FA quick to discard experience, преземено на 29 април 2006. (чие купување во меѓувреме ја оптоварило финансиската состојба во клубот), кој подоцна ја признал својата вина. Во следната сезона тимот бил напуштен од двоецот Мерсер-Елисон, чии односи во меѓувреме се оладиле: Мерсер заминал во Ковентри Сити, додека Елисон поднел оставка во средината на сезоната.

thumb|upright=1.5|Капитенот Дејвид Вотсон, голманот Џо Кориган и Кени Клементс го предводат тимот на Манчестер Сити на Сан Сиро за натпреварот од Купот на УЕФА 1978-1979 против .