мини|300п|Судница во Европскиот суд за човекови права Кривично дело во правната јурисдикција е граѓанско зло. Јурисдикцијата на кривичното дело се занимава со ситуации каде човечкото однесување неправедно предизвикало некој да претрпи загуба или повреда. Кривичното дело немора да биде секогаш илегален акт но предизвикува болка и затоа правото дозволува секој што е повреден да си ја наплати загубата. Јурисдикцијата на кривичното дело се разликува од кривичното право, кое се занимава со ситуации каде дејствата на еден човек предизвикуваат повреда општо на општеството. Тужбено барање во кривичното дело може да биде поднесено од некој кој претрпел загуба. Кривичните случаи обично се поднесени од државата, иако приватни тужби се можни.

Кривичното дело исто така се разликува од правичноста, во која поднесувачот се жали на прекршување на некое право. Некој што направил акт на кривично дело се нарекува деликвент. Еквивалентот на кривично дело во јурисдикцијата на граѓанското право е деликт. Кривичното дело може да се дефинира и како лична повреда; или како “граѓанска акција, освен прекршок на договор”.

Човекот кој претрпел повреда преку кривично дело е задолжен да прими “оштета”, обично парична компензација, од човекот или луѓето одговорни – или задолжени – за повредите. Правото во областа на кривичното дело определува што е легална повреда и, оттаму, дали човекот може да се смета одговорен за повредата што ја предизвикал. Правната повреда не е ограничена на физичка поврда. Тие може исто така да вклучуват емоционална, економска или повреда на репутацијата како и нарушување на приватноста, имотот или уставните права. Оттаму кривичното дело содржи такви различни области како сообраќајни несреќи, неправедно затворање, клевета, производна одговорност ( за неисправни потрошувачки производи), кршење на авторските права и меѓудругото загадување на животната средина ( отровни кривични дела).

Во поголем дел од светот на непишаното право, најеминентната кривична одговорност е невниманието. Ако повредената страна може да докаже дека човечкот за кој се верува дека извршил повреда дејствувал невнимателно – што значи, без разумно дејствување да избегне да ги повреди другите – јурисдикцијата на кривично дело ќе дозволи компензација. Сепак, јурисдикцијата на кривично дело исто така признава меѓународни кривични дела, каде човекот намерно дејствувал на начин што го повредува другиот, и “јасна одговорност” или quasi tort која дозволува надомест под одредени околности без потребата од докажување на невниманието. Потекло на поимот Според Вебстер, потеклото на зборот е од Средновековен Англиски, повреда е од Англо-Француски, од Средновековен латински е tortum, од Латински, среден род од tortus – расипан,крив, од минато време на torquere. Првата употреба на терминот е од 1586 година. Категории на кривични дела Кривичните дела може да бидат поделени на неколку начини. Еден таков начин на поделба е оној на: небрежност, намерни кривични дела и quasi – кривични дела. Стандардното дејство во кривичното дело е небрежноста. Кривичното дело од небрежност обезбедува последица на дејство кое води до оштета, или олеснување, во секој случај создаден за да ги штети законските права, вклучувајќи ги оние на лична безбедност, имот и во некои случаи недопирливи економски интереси. Невнимателните дејства вклучуваат барања кои доаѓаат примарно од сообраќајни несреќи и несреќи на лична повреда од различни видови, вклучувајќи медицинска небрежност, работна небрежност итн. Случаите на производна одговорност, како оние кои вклучуваат гаранции, исто така можат да се сметаат како небрежни дејствија но постои често значајно прикривање на додатна законска содржина.

Намерни кривични дела вклучуваат меѓу другото, одредени кривични дела кои се создаваат од окупирање или користење на земја. Кривичното дело на невоља, на пример, вклучува јасна одговорност за соседот кој се меша со радоста на другиот на неговиот имот. Бесправното влегување на туѓ имот дозволува сопственикот да тужи за влез од страна на човек ( на неговата структура, како надвисната зграда) на неговата земја. Неколку намерни кривични дела не вклучуваат земја. Примерите вклучуваат неправедно затворање, кривично дело на незаконско апсење или притворање на некој, и клевета ( во некои јурисдикции се делат на писмена и усна клевета ) каде неточна информација е презентирана и ја оштетува репутацијата на обвинителот. Во некои случаи развојот на правото на кривично дело ги охрабри правниците да создаваат алтернативни решенија во споровите. На пример, во некои области, законите за компензација на работниците се издигнаа како законски одговор на судските пресуди ограничувајќи го опсегот до кој работниците можат да ги тужат своите работодавци во однос на повредите претрпени за време на работењето. Во други случаи,правнато објаснување довело до развој на нови случаи на дејства надвор од традиционалното непишани кривични дела. Овие се слободно групирани во quasi-кривични дела или кривични дела на одговорност.

Небрежност Небрежноста е кривично дело кое зависи на постоењето на кршење на должноста направена од еден човек кон друг. Еден многу познат случај е Доногхју против Стивенсон, каде г-ѓа Доногхју испила дел од пијалак кој содржел разложен полжав, додека била во бар во Пејсли, Шкотска и поднела тужба дека пијалакот ја разболел. Полжавот не бил видлив, како што и шишето со пиво во кое се содржел било непроѕирно. Ни пријателот кој го купил шишето за неа, нити пак продавачот не биде свесни за постоењето на полжавот. Производителот бил г-дин Стивенсон, кој г-ѓа Доногхју го тужела за штета поради небрежност. Таа не можела да го тужи г-дин Стивенсон за штета поради прекршување на договор бидејќи не постоел договор меѓу нив. Најголемиот број од членовите на Горниот Дом се согласиле ( 3:2) дека г-ѓа Донагхју има валидно барање, но не се согласиле зошто таква тужба треба да постои. Лорд Мекмилан сметал дека ова треба да се третира како нов случај на производствена одговорност. Лорд Аткин сметал дека законот треба да препознае единствен принцип каде ние им должиме одговорност на разумна грижа на нашите соседи. Тој ја цитирал Библијата како поддршка на својот аргумент, конкретно општиот принцип дека “љуби го ближниот”. Небрежноста е прекршок на правна одговорност да се преземе грижа која резултира со штета на обвинителот. Оваа дефиниција на небрежност може да се подели во 4 дела што обвинителот мора да ги докаже за да утврди небрежност. Правната тежина на обезбедување на овие елементи му припаѓа на обвинителот. Елементите за утврдување на небрежност се:

На обвинителот му се должи должност за грижа Постои запоставеност или прекршок на таа одговорност Деликвентот директно предизвикал повреда ( но за дејствијата на обвинителот, обвинетиот претрпел повреда) Обвинителот претрпел штета како резултат на тоа прекршување Штетата не била премногу далечна, постои непосредна последица.

Должност за грижа Првиот елемент на небрежноста е правна должност за грижа. Ова се однесува на врската меѓу обвинетиот и обвинителот, која мора да биде таква за да постои обврска кај обвинетиот да преземе соодветна грижа за да избегне предизвикување на повреда на обвинителот во сите околности на случајот. Постојат 2 начини во кои должноста за грижа може да биде воспоставена:

Обвиетиот и обвинителот се во “посебна врска”; или Надвор од овие врски, според принципите развиени според обичајното право.

Постојат бројни ситуации во кои судот го препознава постоењето на должност за грижа. Овие обично се јавуваат како резултат на некои видови на посебни врски меѓу страните. Примерите вклучуваат еден корисник на пат до друг, работодавец до работник, производител до потрошувач, доктор до пациент и адвокат до клиент.

Запоставенот или прекршок на таа должност Запоставеност на должност општо се однесува на неуспехот да се задоволат правилата на нечија работа, што ќе варира во зависност од вклучените задачи. Тоа е неуспех или одбивање да се извршат доделените должности на задоволувачки начин. Запоставеност на должност на дел од вработениот може да биде причина за дисциплинарна акција, која ќе биде во завиност од работодавецот. Тоа може да се однесува како науспех на член на организацијата да се покорува на административните правила на неговиот устав или подзаконски акти или извршување на должностите соодветни за функцијата за која е назначен.

Повреда директно предизвикана од деликвентот Небрежниот акт на деликвентот мора да биде поврзан со претрпените повреди.

Штета како резултат на тоа прекршување

Непосредна последица

Статутни кривични дела Статутното кривично дело е како секое други, во кое наметнува должности на приватни или државни страни, сепак тие се создадени од законодавната власт, а не од судовите. Еден пример за заштита на потрошувачот, со Директивата за производна одговорност во ЕУ, каде бизнисите прават неисправни производи што ги повредуваат луѓето мора да платат за било која предизвикана штета. Одговорноста за лош или производ што не работи е јасна во најголемиот дел на јурисдикции. Теоријата на ширење на ризик обезбедува поддршка за овој пристап. Откако производителите се “најевтините избегнувачи на трошок”, бидејќи имаат големи шанси да избегнат проблеми, има смисла фактот да им се даде мотив да се штитат од неисправни производи. Друг пример е одговорноста на корисникот, на кој се гледа како целосни комплексен и нелогечен, така што многу јурисдикции ги заменија правилата на обичајното право за одговорност на корисникот со статутни кривични дела. Статутните кривични дела исто така се шират низ здравствените и безбедносните закони на работното место и здравјето и безбедноста во производството на храна. Таквите кривични дела обично се групирани во со quasi – кривични дела.

Невоља Правно, поимот “невоља” традиционлано се употребува на три начини: (1) да ги објасни дејствијата или условите што се штетни или ги нервираат другите ( пример – предизвикување на инцидент, куп ѓубре или задимен оџак); (2) да ја опише штетата предизвикана од претходо-споменати активности или услови ( пример – гласна врева или неблагопријатна арома); и (3) да опишат правна одговорност што се добива со комбинација од двете. Законот за невоља бил создаден за да спречи такви досадни активности или однесувања кога тие безпричински ги попречуваат правата на други приватни сопственици ( пример – приватна невоља) или правата на широката јавност ( пример јавна невоља). Кривичното дело невоља дозволува барателот ( формално обвинителот) да тужи за најголем број дејства што се мешаат со нивната употреба и уживање на нивната земја. Добар пример за ова е случајот на Џонс против Пауел. Една пиварница предизвикала смрлива пареа која навлегла на имотот на комшијата, оштетувајќи ги неговите хартии. Бидејќи тој бил земјопоседник, комшијата тужел за невоља за оваа штета. Но, Вајлок Џ, зборувајќи за Судот на Кралската Клупа, рекол дека доводот на вода бил загаден, тоа било поважно отколку тоа што документите на комшијата биле ризикувани. Тој рекол: “подобро е што тие треба да бидат уништени отколку заедничкото добро да пати во потреба на добар пијалак”. Денес, плеткањето со имотот на комшијата не изгледа толку љубезно. Невољата се справува со сите видови на работи што би предизвикале неприлики додека земјопоседникот ужива во својата земја. Заменик за невоља познат како одлуката во Риландс против Флечер, каде брана упадна во сноп од јагленокот. Значи, опасно бегање од некоја опасност, вклучувајќи вода, оган или животни означува јасна одговорност во невоља. Ова беше случај каде хемикалиите од фабриката протекоа низ подот во водената маса, загадувајќи ги водните резервоари на Источна Англија. Слободните пазарни еколози би сакале да го прошират кривичнител дела на барања на штета до загадување ( пример – кривични дела на загадување) и еколошка заштита.

Клевета