Daimler AG порано Даимлер Крајслер е германска автомобилска корпорација. Со единица за продажба, тој е тринаесетти најголем производител и втор по големина производител на најголемите камиони во светот. Во прилог на автомобилите, Даимлер произведува автобуси и обезбедува финасиски услуги преку финансиските услуги на Даимлер. Компанијата исто така го поседува поголемиот дел на акции во воздушната група на ЕАДС, високата-технологија и матичната компанија на Водафон (Vodafon) Мекларен Мерцедес тркачкиот тим на Мекларен Групата( која што моментално е во процес за да се здобие со целосно независен статус на правно лице), и јапонскиот производител на камиони Мitsubishi Fuso Truck и автобуската корпорација. Даимлер Крајслер е основан во (1998-2007 година) кога Мерцедес- Бенз производителот на Даимлер-Бенз(1926-1998) во Штутгарт, Германија се спои со седиште во САД- врз основа на Крајслер Корпорацијата во 1998 година. Договорот создаде нова можност за независност, на Даимлер Краислер. Сепак, откупот не успеа да го создаде трансатлантскиот автомобилски центар за којшто се надеваа оние коишто го создадоа договорот, и Даимлер Краислер на 14 мај 2007 година објави дека тој ќе го продаде Крајлсер на Церберус Капитал Менаџмент на Њујорк, приватен капитал на фирмата која што е специјализирана во реструктуирање на проблематичните компании. На 4 октомври 2007 година на вонредниот состанок акционерите на Даимлер Крајслер се одобри преименувањето на компанијата. Од 5 октомври 2007 година, компанијата беше наречена Дамлер АГ. Американската компанија го присвои името Крајслер ЛЛЦ коха на 3 август 2007 година се заврши продажбата. Даимлер произведува автомобили и камиони под брендовите на Мерцедес Бенз Мајбах, Смарт, Фреигхтлиер и многу други.

Историја

Даимлер АГ е германски производител на автомобили, моторни возила, и машини, и датира повеќе од еден век. Договорот за заеднички интерес беше потпишан на 1 мај 1924 година помеѓу Benz & Cie ( основани во 1883 година) од Карл Бенз и Заедницата на Даимлер моторите ( основана во 1890 година) од страна на Готлиб Даимлер и Вилхелм Мајбах. Двете компании продолжија да ги произведуваат одделно нивните автомобили и брендови на мотори со внатрешно согорување, сè до 28 јуни 1926 година, кога Benz & Cie и Заедницата на Даимлер моторите АГ официјално се споија – и станаа Даимлер- Бенз АГ- и се согласија дека потоа, сите фабрики ќе го користат бренд името на Мерцедес Бенз на нивните автомобили. Во 2007 година , Крајслер групата беше продадена за Цеберус Капитал Менаџмент ( види подолу) името на матичната компанија беше променето на Даимлер АГ ( Daimler AG).

Хронологија на Даимлер АГ

Benz & Company, 1883- 1926 година Заедницата на Даимлер моторите АГ, 1890- 1926 година Заедницата на Даимлер- мотори (ДМГ) ( Корпорација Даимлер мотори) беше германски мотор и подоцна производител на автомобили, во работењето од 1890 година сè до 1926 година. Основана од Готлиб Даимлер и Вилхелм Мајбах, најпрво беше основана во Канштад( денес Бад Канштад, град којшто е во областа на Штутгарт). Даимлер почина во 1900 година, и нивниот бизнис беше преместен во 1903 година во Штутгарт – Унтертуркхајм , откако првата фабрика беше уништена од пожар, и повторно во Берлин 1922 година. Другите фабрики беа сместени во Мариенфелде ( во близина на Берлин) и Синделфинген ( веднаш до Штутгарт). Претприемништвото започна да произведува бензински мотори, но по успехот на мал број на тркачки автомобили, коишто беа направени според договорот од Вилхелм Мајбах за Емил Јелинек, се започна со производството на моделот на Мерцедес од 1902 година. По ова, производство на автомобили се прошири и со тоа стана главен производ на ДМГ, и тоа создаде неколку различни модели. Поради кризите, коишто настанаа по Првата светска војна, ДМГ во 1926 година се спои со Benz & Cie, и стана Даимлер- Бенз( Daimler- Benz) и го присвои Мерцедес- Бенз како своја автомобилска марка. Поголемо спојување се случи во 1998 година со Крајслер (Chrysler) за да стане ДаимлерКрајлслер (DaimlerChrysler). Во 2007 година името конечно се промени само во Даимлер АГ( Daimler AG) кога Крајслер ( Chrysler) се продаде. Даимлер-Бенз АГ ( Daimler- Benz AG), 1926-1998 година ДаимлерКрајслер (DaimlerChrysler AG), 1998-2007 година Даимлер АГ (Daimler AG), 2007 година- сè до денес

„ Спојување на Еднаквите“

Спојување со Крајслер Поранешното лого на Даимлер АГ (Daimler AG) како ДаимлерКрајслер АГ ( DaimlerChrysler AG). Во 1998 година Даимлер-Бенз АГ „се спои“ со американскиот произведувач на автомобили Крајслер Корпорација со размена на акции и го создаде ДаимлерКрајслер АГ. Условите на спојување беше дозволено од неавтомобилските бизниси на Даимлер-Бенз како што е Даимлер –Бенз меѓународни сервиси АГ (Daimler- Benz InterServices AG) Дебис ( основана во 1989 година за да се справи со обработката на податоци, финансиски и осигурителни услуги, и менаџмент за недвижнини за Даимлер групата) да продолжи да ги извршува нивните стратегии за проширување. Дебис објави приходи од $8.6 милијарди ( 15, 5 милијарди Германски марки) во 1997 година. Проблематичната врска

Спојувањето беше спорно , поради тоа што инвеститорите лансираа тужби околу тоа дали трансакцијата беше „ спојувањето на еднаквите“ како што тврди сениор менаментот или всушност , се произнесува преземањето на Крајслер од страна на Даимлер-Бенз. Со одлична акција на инвеститорот ,тужбата беше решена во август 2003 година за 300 милиони американски долари, додека една понуда од милијардер инвеститор активист Крик Керкориан се пропушти на 7 април 2005 година. Трансакцијата ја покажува работата на нивниот архитект Јурген Е. Шремп , којшто поднесе оставка на крајот од 2005 година , поради падот на цената на акциите на компанијата по трансакцијата. Спојувањето исто така беше предмет на книгата Употребено за возење: Како Даимлер- Бенз ппбегнал со Крајслерот,( 2000 година), од Бил Власич и Бредли А. Стертц. Друго прашање е дали спојувањето ги пренесе ветените синергии и успешно ги интегрираше двата бизниса. Најдоцна до 2002 година, ДаимлерКрајслер застапуваше две линии на производи. Подоцна таа година, компанијата имаше производи коишто воведоа два елемента од двете страни на компанијата, вклучувајќи го и Крајслер Кросфајр( Chrysler Crossfire), којшто се заснова на платформата на Мерцедес СЛК и користи 3.2 L V6 Мерцедес, и Dodge Sprinter/ Freightliner Sprinter. Четвртата генерација Jeep Grand Cherokee е врз основа на Мерцедес Бенз М-класата и покрај фактот дека е речиси четири години по поделбата на Даимлер/Крајслер.

Продажба на Крајслер

Крајслер претрпе серија на неуспеси во последните неколку години, кулминирајќи во согласност со договорот на Даимлер Крајслер да го продаде делот на Церберус Капитал Менаџмент (Cerberus Capital Menagement) во мај 2007 година за 6 милијарди американски долари. Низ поголемиот дел од својата историја , Крајслер е трет по големина на „Big 3“ производители на автомобили во САД, но во јануари 2007 година, Даимлер Крајслер, со исклучок на луксузните линии на Мерцедес и Мајбах , исто така ја достигна вредноста на второто место со Форд(Ford), зад General Моtors и Тојота. Крајслер обајви загуби од 1.5 милијарди американски долари во 2006 година. Тоа потоа објави планови за отпуштање на 13.000 вработени во средината на февруари 2007 година, ја затвори главната фабрика и го намали производството во другите фабрики за да се врати профитабилноста од 2008 година. Даимлер Крајслер дозволуваше други производители на автомобили и инвеститорски групи да го продадат Крајслер во почетокот на 2007 година. General Motors беше ставен да биде како кандидат додека Volkswagen, Рено-Нисан авто алијансата, и Хјундаи Мотор Компани(Hyndai Motor Company) изјави дека тие не се заинтересирани за купување на компанијата. На 3 август 2007 година, Даимлер Крајслер ја заврши продажбата на Крајслер Групата на Церберус Капитал Менаџмент(Cerberus Capital Menagement). Во оригиналниот договор се вели дека Церберус ќе земе 80.1 процент акции во новата компанија, Крајслер Холдинг ЛЛЦ (Chrysler Holding LLC). Даимлер Крајслер го промени името во Даимлер АГ и ги задржа преостанатите 19,9 % акции во одделениот Крајслер. Условите велат дека Даимлер му плати на Церберус 650 милиони американски долари за да го преземе Крајслер и одговорностите во негови раце. Од куповната цена од 7.4 милијарди американски долари, Церберус Капитал Менаџмент ќе инвестира 5 милијарди американски долари во Крајслер Холдингс и 1.05 милијарди американски долари во финансискиот дел на Крајслер. Даимлер АГ прими 1.35 милијарди долари дирекно од Церберус но дирекно инвестираше 2 милијарди долари во Крајслер. Од банкротот на Крајслер во 2009 година кое што се случи во САД, Крајслер беше под контрола од италијанскиот производител на автомобили Фиат, којшто за разлика од Даимлер планира да ги интегрира производите на Крајслер во портфолиото на Фиат, особено „Ланча“ и истоимениот бренд на Крајслер.

Рено-Нисан и Даимлер Алијансата

На 7 април 2010 година власта на Рено-Нисан , Карлос Госн и Д-р Дитер Цетче објавија партнерство помеѓу трите компании на заедничка прес конференција.

Управување

Д-р Дитер Цетче е претседателот на Даимлер и шеф на Мерцедес-Бенз автомобилите од 1 јануари 2006 година , исто така е и член на одборот на директори од 1998 година. Тој бил поранешен претседател и извршен директор на Крајслер, ЛЛЦ( претходно во сопственост на Даимлер АГ), во САД тој можеби е најдобро познат како д-р З од кампањата за рекламата на Крајслер која што беше наречена „ Прашајте го д-р З“. Сегашните членови на управниот одбор на Даимлер АГ се: -д-р Dieter Zetsche: Претседател на Одборот, како и шеф на Мерцедес-Бенц автомобили.--- д-р Волфганг Бернард: Раководител на Мерцедес-Бенц Автомобили набавки и производство. - Вилфред Порт: Раководител за човечките ресурси и работните односи. - Андреас Реншлер: Раководител на Дајмлер Камиони. - Бодо Убер: Раководител на финансии и контрола како и раководител на финансиски услуги. - д-р Томас Вебер: Раководител на групата за истражување и развој на Мерцедес-Бенз автомобилите. Сегашни членови на Надзорниот одбор на Дајмлер АГ се: Хајнрих Флегел,Јирген Хамбрехт, Томас Kлебе, Ерих Клем, Арно Лагардер, Јирген Лангер,Хелмут Ленсе, Сари Бладауф, Вилијам Овенс, Ансгар Осефорт, Валтер Санчес, Манфред Шнајдер, Стефан Шваб, Бернард Валтер, Линтон Вилсон, Марк Воснер, Манфред Бишоф, Клеменс Борсигант Уве Вернер. Д-р Манфред Бишоф служи како претседател на Надзорниот одбор на Дајмлер АГ и Ерих Клем како заменик-претседател.

Акционерска структура

по сопственост - Aabar Investvensts (Обединети Арапски Емирати): 9.0% - Орган на Kuwait Investments (Кувајт): 6,9% -Рено (Франција): 1.55% -Нисан (Јапонија): 1.55% - Институционални инвеститори: 61.9% - Приватни инвеститори: 19.1% По региони: -28,2 % Германија -36,9 Останат дел од Европа -15,4% САД -9,0% Обединети Арапски Емирати -6,9% Кувајт -3,6% останати

Марки

Даимлер продава автомобили во светот под следниве марки: -Мерцедес-Бенз автомобили( Mercedes-Benz Cars) -Мајбах(Maybach) -Мерцедес-Бенз (Mercedes-Benz) -Смарт (Smart) Смарт( Smart) е автомобилска гранка на Даимлер АГ. Смарт е гермаснки производител на мали автомобили коишто се произведени во Хамбах, Франција и Беблинген, Германија. Тоа се пласира како „најпаметното“ Смарт бренд лого, а од 2010 година, буквата „C“ е за „ компактен“ , а стрелата е за „ напредно размислување“.

Потекло