Сметачја етика или сметачка етика () — множество на правила за исправно однесување во сметачкиот свет. Употребата на сметачите во денешно време е во пораст, затоа потребно е да постојат правила, или начини на однесување во сметачкиот свет. Сметачката етика се грижи за постоењето на тие правила. Таа ги подучува луѓето како да се однесуваат правилно кога користат сметач. Со зголемување на употребата на сметачите се зголемуваат и бројот на нормите кои ги воведува комјутерската етиката. Таа ни помага да ја зголемиме приватноста при користењето на комјпутерите, да се заштитиме од вирусите, од некоректното користење на софтвер. Постоењето на сметачката етика е сврзано со појавата и развојот на сметачите.Многу луѓе сметаат дека појавата на сметачите може да биде штетна за општеството, не гледајќи ги позитивните страни на постоењето на сметачите.Тие сметале дека на многу работни места на кои работат луѓето, работата ќе ја преземат сметачите.Но, со постоењето на сметачката етика, тие негативни замисли за сметачите ќе се избледат,и луѓето ќе ја имаат вистинската слика за појавата и развојот на сметачите. За сметачката етика направени се многу трудови, сè со цел луѓето да го разберат вистинскиот придонес на сметачите во денешно време. Правилата кои ги дефинира сметачката етика, ни покажуваат како правилно да ги користиме сметачите, и да не правиме прекршоци при работата со нив.Сметачката едукација почнува да се воведува во основните училишта, сè со цел луѓето на време правилно да се информираат за употребата на сметачите, и придонесите од нив. Сметачката етика, ги учи корисниците како да се справуваат со ризиците, и да ја зголемат безбедноста. Корисниците на сметачите треба да имаат предвид дека, и покрај тоа што сметачите работат под строги правила, софтерските програми ги создале луѓето, и тие се замисла на луѓето. Статиja за сметачка етика
Историја на сметачка етика 1940 - 1970 Сметачката етика како наука е основана од страна на Норберт Винер, професор по математика и инженерство на Институтот за технологија во Масачусетс (), во раните 1940-ти. Науката која ја пропагирал Винер се викала кибернетика. И покрај тоа што ова се случувало во екот на Втората светска војна, Винер предвидел дека кибернетиката искомбинирана со електронски сметачи ќе има огромни општествени и етички импликации; и дека откако војната ќе заврши, светот ќе мине низ втора индустриска револуција, што ќе резултира со многу нови етички предизвици и шанси.Статија за сметачката етика
Винер потоа ја објавил својата книга Кибернетика () во која детално ја опишува новата гранка на применета наука. Во неа тој идентификувал општествени и етички резултати од постоењето на електронските сметачи. Тој во 1950 година ја објавил книгата “Човечка употреба на човечките суштества“ () со која се етаблирал како основач на сметачката етика и покрај тоа што никаде не го употребил тој термин како назив на новата наука. Во оваа книга тој истражувал најразлични етички проблеми кои има најголеми шанси да се создадат со сметачката и информациската технологија. Некои од овие проблеми се важни дури и денес, односно шеесетина години подоцна. Дел од овие теми се: сметачите и безбедноста, сметачите и (не)вработеноста, одговорностите на сметачките професионалци, вештачка интелигенција, сметачите и религијата и многу други важни теми.Статија за сметачката етика
Како што често се случува, поради тоа што Норберт Винер бил пред времето и покрај тоа што тој сè уште не знаел дека е всушност основач на нова гранка, многумина од неговите колеги, и луѓето воопшто, го сметале за ексцентричен научник кој многу фантазира. Вистинитоста на тврдењата во неговите книги ќе се остварат дури две децении подоцна.
Напредувањето на новата наука било ставено во мирување сè до дваесетина години подоцна, кога Дон Паркер забележал дека почнале да се случуваат извесни информатички криминални дејства (на пример, ограбување на банка со помош на сметач) и направил кодекс за морал со кој би биле казниви ваквите настани. Овој кодекс бил усвоен. Во следните две-три децении, Паркер пишувал книги и статии и држел говори и работилници за полето на сметачката етика.
1970 - 1980 Во овој период, Јозеф Вајзенбаум, сметачки научник на Институтот за технологија во Масачусетс, испровоциран од реакцијата на околината врз неговиот софтверски симулатор на психијатар по име ELIZA, ја напишал книгата “Сметачката моќ и човечкото мислење” (), која е основна литература на сметачката етика. ELIZA била нападната од страна на неговите колеги кои верувале дека поради неговиот софтвер ќе останат без работа. Книгата на Вајзенбаум, како и неговите говори, инспирирале многу мислители и проекти од полето на сметачката етика.Статија за сметачка и информациска етика
Терминот “сметачка етика” првпат бил воведен од страна на Волтер Манер, кој забележал дека кога сметачите учествуваат во медицински процедури, се јавуваат нови етички прашања. Тој развил нов курс, на почетокот само експериментале, кој го носел ова име и неколку години подоцна терминот, како и курсот, биле прифатени насекаде. Во овој курс тој нудел материјали за учење, теми за дискусии и многу педагошки совети за универзитетски професори за и тие да го држат истиот курс. Работата на Манер извршила огромно влијание врз понатамошниот развиток на сметачката етика. Тој предизвикал воведување на многу нови курсеви од оваа област, а се здобил и со неколку важни следбеници.Статија за основни концепти на сметачката етика
Во овој период не се случиле други поважни настани на полето на сметачката етика. Нејзиниот најважен развој се случил подоцна.
1980 - 1990 Во почетокот на овој период, јавноста во Америка и Европа почнале да ја загрижуваат бројни последици на постапки поврзани со информатичката технологија. Вакви загрижувачки појави биле: криминал извршен со сметач, несреќи предизвикани од паѓање на сметачка машина, напади на приватност податоци преку сметачки бази на податоци и огромни и скапи судски процеси за софтверска сопственост. Во овој период се случила огромна експанзија нна сметачката етика.
Еден од следбениците и помошниците на Манер, Терел Вард Бајнам освен што работел на пропагирањето на сметачката етика како наука, во 1985 година напишал статија во весникот “Метафилозофија” (), по име “Што е сметачката етика?” (), која денес се смета за основна литература за оваа област.Сметачка етика
Истата година, Дебра Џонсон го објавила првиот официјален учебник за сметачкатата етика, кој го носи истоимениот назив. Таа ја дефинирала сметачката етика како поле кои ги испитува начините на кои сметачите воведуваат нови морални прашања и дилеми. Интересно е тоа што Дебра Џонсон, и покрај тоа што го следела движењето на Манер, не верувала дека сметачите ќе создадат сосема нови етички проблеми. Тоа резултирало со дискусии меѓу нив двајца. Во овие дискусии Дебра се обидувала да докаже дека сметачите само трансформираат, односно надградуваат стари етички проблеми. </ref>
Од тогаш, полето на сметачката етика се развива многу брзо. Околу 1985 година, почнале да се отвораат истражувачки центри, сметачки курсеви, конференции, да се пишуваат учебници и статии во весници итн. Од истражувачките центри најбитни за иднината на сметачката етика биле оние во Европа и Австралија. Биле развиени и ETHICOMP конференции.Кратка статија за сметачката етика
1990 - денес Во 1990 година, Готербарн го создал Институто за етички истражувања на софтверското инженерство (), како дел од Државниот Универзитет во Тенеси. Подоцна, заедно со Сајмон Роџерсон, развил сметачки софтвер кој ќе им помага на поединци, компании и организации во подготовките на етичките анализи и за одредување на веројатни етички влијанија од страна на проектите од областа на софтверското инженерство. Овој софтверски производ се вика SoDIS.Кратка статија за сметачката етика
Во 1991 година, Бајнум и Манер ја одржале првата интернационална конференција за сметачката етика, за која многумина сметаа дека е огромен чекор напред во истоименото поле. На оваа конференција мислењата ги споделиле многу филозофи, сметачки професионалци, адвокати, бизнис водачи, владини претставници, новинари и други луѓе од многу важни гранки на општеството. Оваа конференција резултирала со множество материјали за предавања, монографи и видео програми.
Во 1995 започнала втора генерација во развитокот на сметачката етика, која обратила повеќе внимание на практичните активности. На една од ETHICOMP конференциите, Кристина Горњак Кочиковска смело изјавила дека сметачката етика набрзо ќе прејде во глобално развиена етика која ќе биде застапена во секоја култура на планетата. Понатамошните случувања само ја потврдиле нејзината хипотеза. Во 1999 година, Дебра Џонсон се спротивставила на хипотезата со тоа што изјавила дека сметачката етика нема да се развие, туку ќе биде онаа старата етика, но со нов пресврт.Книга за сметачката етика и професионалните одговорности
Оваа хипотеза е од големо значење за сметачката етика бидејќи била провокативна и го разбудила интересот за тврдењата на Манер, кои тој ги направил на истата конференција. На оваа конференција, Горњак предвидела дека сметачката етика ќе се развие во нешто многу повеќе од само применета етика, како што било тогаш. Таа смело изјавила дека таа ќе се развие во една глобална етика, прифатена од страна на секоја култура на земјата.
За разлика од хипотезата на Горњак, хипотезата на Џонсон го тврди токму спротивното, иако на прв поглед двете изгледаат идентично.
Тоа значи дека мислителите на ова поле му пружиле на светот две многу различни гледишта за етичката важност и за етичкиот развој на сметачката технологија. Едното гледиште е на Дебра Џонсон, и се заснова на тврдењето дека проблемите кои ги носи информатичката технологија се оние старите, но со некој нов пресврт. За ова гледиште може да се каже дека е конзервативно, бидејќи тврди дека основните етички теории кои се граделе со векови порано, ќе останат нечепнати. Тоа значи дека сметачката етика како посебна гранка од применетата филозофија, ќе исчезне. Другото гледиште е на триото Винер-Манер-Горњак. Овие тројца научници ја гледаат сметачката технологија како револуционерна област. Нивното гледиште се заснова на тврдењето дека луѓето ќе мора да ги преиспитаат основните принципи на етиката, а со тоа и самата дефиниција на човечкиот живот.
Нарушувања на сметачката етика Луѓето прават многу нарушувања на етичките правила при убаво користењето на сметач. Тоа се случува поради тоа што луѓето не ги доживуваат тие нарушувања како сериозни. Најголем дел од корисниците на сметач нелегално користат софтвер, или пак користат туѓ сметач без да добијат дозвола за тоа, користат туѓи лозинки. Ниската свесност на луѓето е една од причините за нарушување на етичките правила. За да правилно навлеземе во сметачкиот свет, мора да ги почитуваме етичките правила. Нарушувањата на сметачката етика се зголемуваат со зголемување на бројот на неправилностите кои ги прават корисниците на сметачите. Со зголемување на бројот на сметачките вируси, црви и хакирања, се проширува и сметачкиот криминал, а со тоа се прекршуваат правилата на сметачката етика. Приватноста е една од темите, која сметачката етика ја засега веќе подолго време.Удобноста при користење на комјутерите за чување, пребарување на информации, ја доведуваат приватноста во ризик. Бидејќи колку полесно се чуваат и пребаруваат информациите, толку е и поголема, и полесна можноста за пристап до туѓи информации. Многу прекршувања се поврзани со темата софтверска сопственост. Ричард Сталман и некои други луѓе ја започнаа "Фондацијата за слободен софтвер".Тие сметаат дека сите информации треба да бидат слободни, и сите програми треба да бидат достапни за копирање,учење и модифицирање. Некои луѓе пак тврдат дека дека софтверските компании или програмерите, нема да инвестираат толку месеци во работа, ако таа инвестиција не им се врати во форма на продажба. Статиja за десетте заповеди на сметачката етика
Структура