Џејмс МекФаден (англиски: James McFadden; роден на 12 август 1983 во Глазгов) — шкотски фудбалер кој во моментов е без клуб.
Кариера Клупска кариера МекФаден ја започнал кариерата во Мадервел во Шкотската Премиер Лига. Во сезоната 2003-2004 тој постиганал 19 голови и со тоа ја добил наградата за најдобар млад фудбалер на Шкотска. Летото тој преминал во Евертон за сума од 1.25 милиони фунти. За Евертон тој одиграл 109 меча и постигнал 11 голови. Во јануари тој преоѓа во друг Премиер лигашки клуб Бирмингем Сити за 5 милиони фунти. Откако му истекува договорот со Бирмингем Сити во летото 2011 година, МекФаден се вратил во Евертон како слободен играч.
Репрезентативна кареиера МекФаден дебитира за Шкотска во 2002 година. Неговиот гол во квалификациите за Евро 2008 против Франција на стадионот Парк на Принцовте во Париз ќе биде запомнет како еден од најубавите голови на шкотската репрезентација.
Надворешни врски Џејмс МекФаден-Евертон профил Џејмс МекФаден на soccerway
Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Глазгов Категорија:Шкотски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Евертон Категорија:Фудбалери на ФК Бирмингем Сити Категорија:Фудбалери на ФК Сандерленд Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Родени во 1983 година