Срцева слабост (heart failure), општо позната како конгестивна срцева слабост (congestive heart failure) се определува како неспособност на срцето да пумпа доволно количество на крв со цел да ги задоволи потребите на организмот. Срцевата слабост може да предизвика бројни симптоми како што се: тешко дишење, отекување на нозете, и нетолерантност на физички напор. За да се дојде до дијагноза се прави ехокардиографија и се зема крвна слика. За да се излечи обично е потребна промена во животниот стил (како откажување од пушење, лесни вежби со регулирано дишење, намалена конзумација на сол и други промени во диетата), потоа со лекови, а понекогаш со уреди па дури и операција.

Најчести причини за срцева слабост се миокардијален инфаркт и други видови на исхемична срцева болест, хипертензија, валвуларна срцева болест, и кардиомиопатија. Поимот „срцева слабост“ понекогаш погрешно се користи да се опишат други состојби поврзани со срцето, како миокардијален инфаркт (срцев удар) или срцев напад, што може да предизвикаат срцева слабост, но не се еквивалент на тоа.

Срцева слабост е честа состојба, која може да биде исцрпувачка, а понекогаш и смртоносна. Во развиените земји, околу 2% од возрасните страдаат од срцева слабост, но кај тие со над 65 годишна возраст, процентот се зголемува на 6-10%.

Терминологија

Срцева слабост е глобален поим за физиолошката состојба на срцето во која тоа не пумпа доволно количество на крв да ги задоволи потребите на организмот. Честопати се среќава како „конгестивна срцева слабост“ или CHF, што значи дека обично како резултат на слабата срцева активност телото се конгестира со течност.

Исто така може да настане кога потребите на организмот за кислород и хранливи материи се зголемени, а срцето не е во можност да ги задоволи тие потреби, (општо познато како „срцева слабост со висок проток“). Тоа може да биде последица на тешка анемија, Грам негативна септикемија, берибери (недостаток на витамин Б1 односно тијамин), тиротоксикоза, Пегетова болест, артериовенска фистула, или создавање на артериовенски деформации.

Преплавувањето со течност е општ проблем со кој се соочуваат тие што страдаат од срцева слабост, но тоа не мора да значи дека ја имаат. Пациентите кои се лекувани од срцева слабост во поголем број од случаите се еуволемични (поим за регуларен статус на течности), или пак многу поретко, дехидрирани.

Медицинските професионалци ги користат термините „акутна“ , што значи брз развој на симптомите, и „хронична“, што значи појава на симптомите во текот на еден подолг период. Хроничната срцева слабост обично се лекува постепено со самата појава на симптоми.

Акутна декомпензирана срцева слабост е поим кој означува влошена или декомпензирана срцева слабост, што значи епизоди кај пациентот карактеризирани со промена на знаците и симптимите, за кои е потребна итна терапија или хоспитализација.

Постојат неколку поими кои се тесно повразни со срцева слабост, и може да се причина за срцева слабост, но не треба да се мешаат едни со други:

Срцев напад и асистолија се однесуваат на состојби во кои воопшто не постои срцев проток. Доколку не се укаже итна помош, настапува ненадејна смрт. Миокардијален инфаркт („срцев удар“) се однесува на оштетување на срцевиот мускул како последица на недостаток на дотур на крв, обично како резултат на запушена коронарна артерија. Кардиомиопатија се однесува на одредени проблеми во срцевиот мускул, кои пак можат да предизвикаат срцева слабост. Исхемична кардиомопатија значи дека причината за оштетување на срцевиот мускул е болест на коронарната артерија. Дилациона кардиомиопатија значи дека оштетувањето на мускулот на срцето придонело до негово проширување. Хипертофична кардиомиопатиија значи и зголемување и ригидност на срцевиот мускул.

Класификација

Постојат повеќе начини да се класифицира срцева слабост, и тоа: во зависност од страната која е зафатена (десна наспроти лева срцева слабост). Левата срцева слабост го отежнува снабдувањето со крв од аортата до мозокот и организмот. Десната срцева слабост го отежнува снабдувањето со крв од белодробните вени и артерии до белите дробови. во зависност дали абнормалноста е како последица на недоволен број на пумпања или испумпувања (систолична наспорти дијастолична дисфункција) или пак ѝ двете. во зависнот дали проблемот е главно зголемен притисок во вените (preload), или пак неспособност да се обезбеди адекватна артериска перфузија (afterload); (backward наспроти forward failure). во зависност дали абнормалноста е како резултат на низок срцев проток со висок системски васкуларен отпор или висок срцев проток со низок системски васкуларен отпор. степенот на функционално оштетување во споредба со абнормалноста (како што е наведено во Функционалната Класификација од Здружението за Срце во Њујорк) во зависност од степенот на веќе постоечка болест: на пр. срцева слабост/системска хипертензија, срцева слабост/белодробна хипертензија, срцева слабост/дијабетес, срцева слабост/бубрежна слабост, итн. Функционална класификација обично се води според функционалната класификација од Здружението за Срце во Њујорк. Класите (од I до IV) се: I Класа: нема ограничување во кои било активности; нема појава на симптоми при обични активности II Класа: мало ограничување во активностите; пациентот се чувствува удобно во мирување или при мал напор III Класа: забележително ограничување во кои било активности; пациентот се чувствува удобно само во мирување IV Класа: каква било активност му создава на пациентот непријатно чувство и има појава на симптоми ѝ во мирување. Во оваа класификација се наведува степенот на опасност на симптомите, а може да се користи да се оцени реакцијата на пациентот при лекувањето. И покрај тоа што се применува секаде низ светот, со класификацијата на (NYHA) не може точно да се одреди дистанцата на одење или толерантноста на напор во случај на формално тестирање. Работна група од Американсиот Факултет за кардиологија(АCC)/Американското здружение за срце во нејзините упаства наведоа 4 фази на срцева слабост: Фаза А: Пациенти со висок ризик за појава на HF во иднината без некакви функционални или структурни пореметувања. Фаза Б: структурно пореметување на срцето без појава на симптоми Фаза Ц: претходни или сегашни симптоми на срцева слабост во контекст на веќе постоечки структурен проблем со срцето, но под контрола на медицински третман. Фаза Д: напредната болест за која е потребно хоспитализација, палијативна нега или пресадување на срце.

Системот на фази на ACC е корисен така што Фаза А наговестува “пред-срцева слабост“ – фаза во која со интервенција со третман се претпоставува дека може да се спречи прогресијата на очигледни симптоми. Фаза А на ACC не одговара на ниту една класа од NYHA. Фаза Б одговара на Класа I од NYHA. Фаза Ц одговара на Класа II и III од NYHA, a Фаза Д се поклопува со Класа IV од NYHA.

Знаци и симптоми

Знаци

Левострана слабост

Најчести респираторни знаци се тахипнеја (зголемен број на издишување и вдишувања) и тешко дишење (неспецифични знаци на респираторен дистрес). Пуцкетања, кои може да се слушнат во белодробните бази, а во потешки случаи ѝ низ целиот белодробен паренхим, се индикатор дека има појава на белодробен едем (течност во алвеолите). Цијаноза, што е индикатор за тешка хипоксемија, претставува доцен знак за тежок случај на белодробен едем.

Други знаци кои се индикатор за лево-страна слабост вклучуваат латерален неправилен апекс удар (кој се појавува доколку има проширување на срцето) и галопен ритам (дополнителни звуци во срцето), што укажуваат на тоа дека постои зголемен крвен проток, или зголемен притисок во срцето. Шум на срцето може да биде индикатор за постоење на валвуларна срцева болест, или како причина (на пр. аортна стеноза) за срцева слабост или како последица (на пр. митрална регургитација) на срцева слабост.

Деснострана слабост

Физички преглед може да покаже знаци на периферен едем, асцитес, и хепатомегалија. Притисок во вратната вена често се зема како индикатор за статусот на течности, кој може да се процени со изведување на хепатовратен рефлукс. Доколку е зголемен притисокот во десната комора, можно е присуство на парастернален удар, кој е индикатор за зголемување на јачината на контракција.

Бикоморна слабост

Слабост на белодробните лобуси на допир и слабо дишење во базите на белите дробови се знак за појава на плеурална ефузија (кондензација на течност помеѓу белодробниот паренхим и белодробниот ѕид). Иако се појавува и во случај на лево-страна слабост или десно-страна слабост, најчесто се појавува во случај на бикоморна слабост, бидејќи плеуралните вени се поврзани ѝ со системскиот систем на вени ѝ со белодробниот систем на вени. Во случај на појава на ефузија при едно-страна слабост, тоа најчесто е десно-страната слабост.

Симптоми

Симптомите на срцева слабост традиционално се делат на „лева“ и „десна“ страна, познавајќи го тоа дека левата и десната комора од срцето снабдуваат различно количество на крв во циркулаторниот систем. Меѓутоа, срцева слабост не значи исклучиво backward failure (во делот од циркулацијата што е поврзана со коморите). Постојат и други исклучоци на таа лева-десна поделба на симптомите на срцева слабост. Лево-страна forward failure слабост се поклопува со десно-страна backward failure. Исто така, најчеста причина за десно-страна срцева слабост е токму лево-страна срцева слабост. Резултат на сето тоа е што пациентите обично покажуваат симптоми и од двете причини.

Левострана слабост

Backward failure во левата комора предизвикува конгестија во белодробниот васкулаторен систем, така што ѝ симптомите се во главно респираторни. Backward failure се дели уште на слабост во левата предкомора, и слабост во левата комора или пак и двете. Пациентот има диспнеја (тешко дишење) при напор (dyspnée d'effort), а во потешки случаи и во мирување. Може да се појави ортопнеја, што значи отежнато дишење и во лежечка положба. Обично се мери по бројот на перници кои се потребни со цел да се чувствува пациентот удобно, а во потешки случаи, пациентот заспива и во стоечка положба. Друг симптом на срцева слабост е пароксизмална ноќна диспнеја, односно напад на тешко дишење за време на спиењето, обично неколку часа по заспивањето. Нетолерантност на напор и брзо појава на замор се чести жалби кај пациентите со респираторни проблеми.

Може да дојде до појава и на „кардиална астма“ или пискање.

Нарушување на левата коморна forward функција може да предизвика симптоми на слаба системска циркулација како вртоглавица, зашематеност, и ладење на екстремитетите во мирување.

Деснострана слабост

Backward failure на десната комора предизвикува конгестија на системските капилари. Како резултат се акумулира течност во телото, што доведува до појава на отоци под кожата (периферен едем или анасарка), каде што обично први страдаат носечките делови на телото, односно нозете (појава на отоци во петиците и во зглобовите кај лица кои се во стоечка положба), и сакрален едем кај лица кои во главно се во лежечка положба. Ноктурија (зачестено уринирање за време на спиењето) може да се појави кога течноста од нозете се враќа во крвотокот за време на ноќта кога лицето е во лежечка положба. Кај прогресивни тешки случаи, може да дојде до појава на асцитес (акумулирање на течност во стомачната празнина што предизвика отоци) и хепатомегалија (зголемување на срниот дроб). Конгестија на црниот дроб може да доведе до нарушување на функцијата на црниот дроб, и може да дојде до појава на жолтица па дури и коагулопатија (проблеми со намалено создавање на тромбоцити во крвта)

Причини

Хронична срцева слабост

Тешко е да се одреди предоминантноста на причини за срцева слабост, бидејќи постојат различни мислења во дијагнозата, разлики во населението, и промена на причините во зависност од возраста.