Вандсбек е урбан кварт во округот Вандсбек на Хамбург, Германија и поранешниот град Вандсбек бил дел од Војводството Холштајн.

Историја

Вандсбек некогаш бил дел од грофовијата Штормарн. Неговите села биле првпат спомнати во средината на 13-от век. Името Wandsbek, Wandsbeck или (постаро) Wantesbeke потекнуваат од долногерманските зборови („долногермански“) за „гранична река“ и реката Вандзе била природна територијална граница.

Старата данска фраза за искажување дека нешто е измама/неверодостојно се велело дека „det gælder ad Wandsbek[/Vandsbæk] til“ (i.e. „ова е валидно во Вандсбек“.). Вандсбек бил еден од трите локации на данската монархија, каде што првпат се одржала лотаријата и овој израз потекнува од првите години на лотаријата, каде бројот на луѓе што сакале да освојат награди во Копенхаген играле со карти купени од Вандсбек. Оттогаш секој од трите града имал сопствен сет на броеви, картата купена од еден град била безвредна во другите два.

До 1864, Вандсбек бил дел од Војводството Холштајн и под власта на данскиот крал. Потоа, станала дел од пруската провинција Шлезвиг-Холштајн.

Во 1937, прускиот град Вандсбек се придружил на градот Хамбург поради Законот за голем Хамбург.

Географија

Квартот Вандсбек имал површина од 6 км2. На запад се граничи со квартот Дулсберг во округот Хамбург-Норд. На север се наоѓа Брамфелд со малата река Остербек. На исток се квартовите Фармзен-Берне и Тондорф. Јужната граница е со квартот Маринтал, која главно е обележена со железничките пруги на една од линиите на градските возови.

Демографија

Во 2006, 32.350 луѓе живееле во квартот Вандсбек. Густината на населеност била 5.397 луѓе на км2. 11,7% биле деца под 18 години, а 21,9% имале 65 или повеќе години. 14,5% биле странци. 1.754 лица биле регистрирани како невработени.Служба за пријавување граѓани, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006) Во 1999, постоеле 19.083 домаќинства, од кои 14,4% имале деца под 18 години, кои живееле со нив и 54,1% од сите домаќинства биле составени од поединци. Просечната големина на домаќинството била 1,72.Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (1999)

Во 2006, се случиле 5.306 кривични дела во квартот (164 дела на 1000 луѓе).Покраинско биро за истражување (Landeskriminalamt), Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)

Според секторот за моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt), во квартот Вандсбек биле регистрирани 11.771 приватни возила (365 возила на 1000 луѓе).Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)

Постоеле 5 основни и 3 средни училишта во квартот Вандсбек.

Инфраструктура

Здравствен систем

Основана во 1937 како воена болница за германскиот Вермахт, воената болница на Bundeswehr (Bundeswehrkrankenhaus Hamburg) со 305 кревети во 13 оддели е општа болница и универзитетска болница на Хамбуршкиот универзитет. Болницата има капацитет и за примање на итни случаи. Ургентната амбуланта со доктори и хеликоптер за спасување се наоѓаат во болницата.Bundeswehrkrankenhaus Hamburg (Посетено на May 14, 2008) Се наоѓа на Lesserstr. 180.Список на болници во Хамбург, страница 9

52 доктори во приватни ординации и 9 аптеки биле изброени во 2006.

Вандсбек во литературата

Од 1771 до 1775, германскиот поет Матијас Клаудиус го уредил високо ценетиот литературен магазин Wandsbecker Bote во Вандсбек.

Наводи

Надворешни врски

Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн Statistisches Amt für Hamburg und Schleswig-Holstein, службена страница Страница на болницата на Bundeswehr Список на болница во Хамбург 2006, Покраинска агенција за социјални работи, семејни работи, здравство и животна средина на Хамбург Службена страница

Категорија:Четрти во Хамбург