Злонамерен софтвер, штетен софтвер или малициозен софтвер (; малвер), е софтвер (или скрипта или код) направен со цел да се наруши некоја компјутерска операција, да се соберат чувствителни информации, или да се добие неовластен пристап до компјутерски системи. Тоа е општ термин кој се користи да се опише каков било вид на софтвер или код специјално дизајниран да се искористи без согласност на компјутер или податоците што ги содржи. Изразот е општ термин кој се користи од страна на компјутерски професионалци да означи различни форми на непријателски, нападни или досадни програми.
Штетен софтвер вклучува компјутерски вирус ES, црви, тројански коњи, шпионски програми, уценувачки програми, рекламни програми, потајни и други штетни програми. Во законот, штетни програми понекогаш се познати како компјутерски загадувачи во правниот кодекс на неколку американски држави, вклучувајќи ги Калифорнија и Западна Вирџинија.National Conference of State Legislatures Virus/Contaminant/Destructive Transmission Statutes by State
Преваленцијата на штетни програми како средство за организиран криминал на интернет, заедно со општата неспособност на традиционалните анти штетни програми за заштита на софтвер да се заштити од континуиран прилив на новите штетни програми е видена како донесување на нов начин на размислување за бизниси кои работат на интернет: на потврда дека некој процент на интернет корисници секогаш ќе бидат заразени и дека треба да продолжиме да работиме и покрај тоа. Резултатот е поголем акцент на back-office системи со цел да се заштитат од напредни штетни програми кои работат кај компјутери клиенти.
На 29 март 2010, Symantec corporation го нарече Шангај во Кина, како главен град на злонамерен софтвер во светот. Во 2011 година, студија од страна на Универзитетот на Калифорнија, Беркли и Институтот за напредни студии во Мадрид, објави статија за развој на софтверската технологија, испитување како претприемачки хакери помагаат да се овозможи на ширењето на штетен софтвер, нудејќи пристап до компјутери за определена цена. Тие наплаќаат од $ 7 до $ 180 на илјада инфекции да направат неформална плати-за-инсталација (PPI) во индустријата. Авторите на студијата идентификувале повеќе од 57 "семејства" на штетен софтвер, вклучувајќи спем-ботови, лажни антивирусни програми, крадење на информации тројанци, одбивање на услуги, ботови и рекламен програм. За да се избегне детекција од страна на анти-вирусен софтвер, дистрибуиран штетен софтвер од страна на PPI услуги често се ажурира, притоа секое семејството на штетен софтвер се ажурира до двапати на ден.
Иако најчестите семејства на штетни програми се насочени кон Европа и САД, има некои семејства со фокус кон една земја и некои семејства без географска пристрасност. Microsoft објави во мај 2011 година дека едно од секои 14 симнувања од интернет сега може да содржи код со штетен софтвер според The Wall Street Journal. Социјалните медиуми, а особено Фејсбук согледува на зголемувањето на бројот на тактики кои се користат да се шири штетен софтвер на компјутери.
Штетен софтвер не е исто како неисправен софтвер, кој е софтвер кој има легитимна цел, но содржи штетни грешки. Понекогаш, штетен софтвер е преправен како оригиналниот софтвер, и може да дојде од официјалното мрежно место. Затоа, некои програми за безбедност, како што е McAfee може да ги јави малверите како "потенцијално несакани програми" или "PUP". Иако компјутерски вирус е штетен софтвер кој може да се репродуцира, терминот понекогаш се користи погрешно за да се однесува на целата категорија.
Цели Многу почетно заразни програми, вклучувајќи го и првиот интернет црв и голем број на MS-DOS вируси, биле напишани како експерименти или шеги. Тие, главно, се наменети да бидат безопасни или само досадни, наместо да предизвикаат сериозна штета на компјутерските системи. Во некои случаи, сторителот не сфаќа колку штета неговите или нејзините творби ќе направат. Младите програмери при учење за вируси и нивните техники ги пишуваат за пракса или пак да се види колку тие може да се шират. Кон крајот во 1999 година, големи вируси како што се Мелиса вирус и Дејвид вирус се покажа дека се напишани главно да прават бељи. Првиот вирус на мобилен телефон, Cabir, се појави во 2004 година.
Од широката појава на широкопојасен интернет како интернет пристап, штетен софтвер се дизајнира за профит (на пример, принудно рекламирање). На пример, од 2003 година, поголемиот дел од вируси и црви се дизајнирани да ја преземат контролата на компјутерите на корисниците за експлоатација на црниот пазар. Инфицирани зомби компјутери се користат да праќаат спамови за да бидат домаќини на шверцот на податоци како што се детска порнографија, или да се вклучат во дистрибуирани denial-of-service напади како форма на изнудување.PC World - Zombie PCs: Silent, Growing Threat .
Друга строго профитна категорија на штетен софтвер се појави како шпионски програм - програми наменети за следење на прелистување на веб корисниците, прикажување на несакани реклами, или пренасочување на маркетинг на филијали за приходи на создавачот на шпионскиот програм. Шпионскиот програм не се шири како вируси, тие се инсталирани преку искористување на безбедносни дупки или се пакуваат со кориснички-инсталиран софтвер, како во peer-to-peer апликации.
Инфективни штетни програми: вируси и црви Најпознатите типови на штетен софтвер се вируси и црви кои се познати по начинот на којшто се шират, повеќе од било која друга одлика. Терминоткомпјутерски вируссе користи за програма со која се заразени некои извршни програми и кога се работи, предизвикува вирусот да се шири на други програми кои се извршуваат. Вируси, исто така може да содржат товар кој врши други активности, често исто така малициозен. Од друга страна, црве програма со којаактивнопренесува себе преку мрежа за да зарази други компјутери. Тој исто така може да носи товар.
Овие дефиниции доведоа до согледување дека вирусот бара интервенција на корисникот за да се шири, со оглед на тоа дека црвот се шири автоматски. Користејќи се со оваа разлика, инфекции пренесени преку email или Microsoft Word документи, кои се потпираат на отворање на податотека или е-пошта од примачот за да се појават во системот, ќе бидат класифицирани како вируси, а не како црви.
Некои писатели во трговијата и популарни новини погрешно оваа користат оваа разлика и ги мешаат.
Историјата на вируси и црви Пред интернет пристапот да стане широко распространет, вируси се ширеле на лични сметачи од инфицирање на извршен boot сектор и на флопи дискови. Со внесување на копија од себе во код на извршните машинските инструкции, а самиот вирус предизвикува да се работи кога на програмата е време или дискот се стартува. На почетокот компјутерски вируси се пишувани за Apple II и Macintosh, но тие станаа повеќе распространет со доминација на IBM PC и MS-DOS системи. Извршно-инфицирање на вируси е зависно од размена на софтвер кај корисниците или менување на дискови, па тие брзо се раширија во компјутерските кругови.
Првите црви во мрежата се пренесувани преку заразни програми, не потекнуваат од лични сметачи, туку од задачите на Unix системите. Првиот познат црв беше интернет црвот од 1988 година, со кој се инфицирани SunOS, VAX и BSD системи. За разлика од вирус, овој црв не се вметнува во други програми. Наместо тоа, експлоатирани безбедносни дупки (пропусти) во мрежата на програмите на опслужувачот и почнаа да работат како посебен процес. Ова исто однесување се користи од страна црвите денес.
Со подемот на Microsoft Windows платформа во 1990-тите, и флексибилни макроа на неговите апликации, стана можно да се напише кодот за заразите во макро јазик на Microsoft Word и слични програми. Овие макро вируси се заразни документи и обрасци, а не апликации (извршни), но се потпираат на фактот дека макроа во Word документ се еден вид на извршен код.
Денес, црвите најчесто се напишани за Windows оперативен систем, иако неколку, како Маре-Д и Lion worm се напишани за Linux и Unix системи. Црвите денес работат во истите основни начин како во 1988 што работел Интернет црвот: тие скенираат на мрежата и бараат потпора кај ранливи компјутери да се реплицираат. Бидејќи не им треба човечка интервенција, црвите може да се шират со неверојатна брзина. Со SQL Slammer се заразени илјадници компјутери во неколку минути.
Прикривање: тројански коњи, потајни програми и заобиколување на нормална автентикација Тројански коњи За малициозен програм да ги постигне своите цели, мора да биде способен да работи без да биде откриен, затворен или избришан од страна на корисникот или заштитен софтвер кој работи на компјутерот кој го напаѓа. Прикривање е потребно за софтверот најпрвин да се инсталира на компјутерот. Кога малициозен програм е преправен како нешто нормално или пожелно, корисниците може да бидат во искушение да го инсталираат без да сфатат дека е штетен. Ова е техника на тројански коњ или тројанец.
Во поширока смисла, тројански коњ е било која програма со која го повикува на корисникот за ја стартува, прикривајќи го штетниот или злонамерен товар. Товарот може да стапи на сила веднаш и може да доведе до многу несакани ефекти, како што се бришење на податотеки на корисникот или дополнително инсталирање на повеќе штетен софтвер. Тројански коњи познати како dropper се користат за да започнат со појавата на црви со инјектирање на црв во локалната мрежа на корисниците.
Еден од најчестите начини на кои шпионски софтвер се дистрибуира е како тројански коњ во комплет со парче пожелен софтвер кој корисникот го повлекува од интернет. Кога корисникот ќе инсталира софтвер, шпионскиот програм е инсталиран. Автори на шпионски програм кои се обидуваат да дејствуваат на законски начин може да го вклучуваат крајниот корисник на договорот за лиценца со што се наведува однесувањето на шпионскиот софтвер во лабави термини, кои на корисниците, најверојатно, нема да им се чита или нема да го разберат.
Тројанците најчесто се користат за маркетинг. Напредни тројанци денес се способни за преземање целосна контрола на прелистувачот и дури и се познати за додавање на лажни исклучоци поставки за безбедност на прелистувачот. Тие, исто така може да го модифицираат регистарот на компјутерот.
Потајни програми Откако малициозен програм е инсталиран на системот, важно е дека останува скриен, да се избегне детекција и дезинфекција. Истото важи и кога човек напаѓач пробива во компјутерот директно. Техниките познати како Rootkit го овозможуваат ова криење, со менување на оперативниот систем на домаќинот, така што штетен софтвер е скриен од страна на корисникот. Rootkits може да спречат процесот на злоупотреба да биде видлив во списокот на системот на процеси, или да спречи неговите фајлови да бидат прочитани. Првично, Rootkit е збир на алатки инсталирани од страна на човекот кој напаѓал Unix системи, овозможувајќи му на напаѓачот да добие администраторски (root) пристап. Денес, терминот се користи општо за прикривање рутини во малициозни програми.
Некои малициозни програми содржат рутини да се бранат против отстранување, а не само да се сокријат туку и да се одбранат од обидите да бидат отстранети. Еден ран пример на ова однесување е запишано во Jargon File приказна за еден пар на програмите на Xerox CP-V систем за време на споделување:
Секој невидлив процес кој се извршува кога ќе открие прикажува дека другите биле убиени, и ќе започне со нова копија на неодамна убиениот во рок од неколку милисекунди. Единствениот начин да се убијат и духовите е да ги убие истовремено што е многу тешко или намерно да настане паѓање на системот.