Дрмша () е село во западниот дел на Бугарија. Административно припаѓа на Општина Костинброд, Софиска област. Според пописот на населението од 2011 година во селото Дрмша живееле 120 луѓе.http://www.grao.bg/tna/tab02.txt Се наоѓа во планински реон во подножјето на Стара Планина и има надморска височина од 844 m.

Селото Дрмша се дели на два дела - "Старо Село" и "Ново Село". Во Старо село се наоѓа Крива Река. Во близина на Дрмша се наоѓа живописно карпесто место со највисокиот врв во реонот Браќов Камик.

Наводи

Надворешни врски

Мрежно место на селото Дрмша

Категорија:Села во Бугарија Категорија:Населени места во областа Софија