Маловиште (познато и како Маловишта) — село во Општина Битола, во областа Цапарско Поле, во околината на градот Битола.

Селото е единствено кое влегува во рамките на границата на националниот парк „Пелистер“ и поседува интересна автентична архитектура, поради што е прогласено за културно наследство на Македонија.

Во селото се сретнуваат убави големи куќи градени од камен на традиционален начин, а поседува и стари калдрмисани улички и камени мостови. Во средиштето на селото се издигнува црквата „Св. Петка“, со својот сочуван фрескоживопис, како и извонредниот дрвен иконостас изработен во длабока резба.

Маловиште кон крајот на век имало 3.000 жители, било доста големо и во него имало дуќани, фурни и се одржувал пазарен ден за соседните села. Селаните правеле јаглен, продавале дрва, имало голем број трговци и друг вид на занаетчии.

Географија и местоположба

мини|300п|лево|Куќи во селото

Селото се наоѓа во областа Цапарско Поле, во крајниот западен дел од Општина Битола. Претставува мошне интересна планинска населба, со специфична градежна архитектура, чиј атар се издига до сртот на планината Баба. Селото е ридско, на надморска височина од 1.140 метри. Од градот Битола, селото е оддалечено околу 23 километри.

До селото води локален асфалтен пат, кој се двои од регионалниот пат 2347 кај селото Кажани, а до селото може да се стигне и преку магистралниот пат А3 со исклучувањето исто така кај Кажани.

Селото се наоѓа на северната падина на Баба, на спојот на двете долини во горниот слив на Шемница. Околу Маловиште се издигнуваат страните на долините. На север, селото е отворено кон долината на Шемница. Во минатото, мештаните се снабдувале со вода за пиење од чешмите Св. Ана, Парти, Нанки, Гулан и Шарган. Подалеку од селото избиваат изворите Агаш, Бего, Копањ, Фуна и други.

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Рудина, Козји Камен, Стара Бука, Два Гроба, Голема и Мала Чука, Кодро, Чун, Спасовден, Орзо, Вртушка, Св. Ѓорѓи, Св. Атанас и Св. Ана.

Селото има збиен тип, поделено на три крака во долините (има облик на трокрака ѕвезда). Мештаните разликуваат три маала: Нѓос, Усус и Петрап.

Најблиско село до Маловиште е Кажани со кое е поврзано со пат, додека Цапари е оддалечено околу 5 километри воздушно на североисток. Од Подмочани и Грнчари (Општина Ресен), кои се преку Баба Планина, е оддалечено околу 7 километри воздушна линија на исток.Мерено преку Викимапија. Посетено на 13 април 2023.

Историја

мини|300п|десно|Воздушен поглед на селото

На местото на Маловиште постоеле живот најрано од железното доба, што се забележува со остатоците на помала утврдена населба во месноста Маркова Кула, која се наоѓа кај Вртешка на Баба Планина.

Селото најпрвин е споменато во првата половина на век, кога било населено со словенско население. По народното предание, кон крајот на век во Маловиште дошле 5-6 влашки семејства. Тие биле по потекло од Москополе, јужна Албанија. Од нив се намножиле влашките родови Сего, Наче, Бело Маче, Фуно, Баба, Анѓеловци, Доловци, Гашевци и други. Подоцна се доселувале и други влашки родови.

Некогаш селото се наоѓало на пониско место од денешното. Денес, таму се наоѓаат месностите Студена Црква и Попова Нива, кои се во близина на соседното Кажани. Таму, Маловиште имало малку куќи, но поради страв од Турците мештаните го преместиле селото на денешното место. Земјиштето на денешното село до почетокот на век било под бујна букова шума. Петар Скок наведува дека морало да има Словени во селото, кои станале Власи, што го поткрепува со името на денешниот род Палигора.

Густав Вајганд запишал дека во Маловиште во век имало над 2.000 Власи и во селото во 1880 година било отворено романско училиште. Сепак, мештаните главно биле гркомани, поради што имало и две грчки училишта, а речиси секој жител зборувал по два-три јазика.Александар Матески, „Маловиште“, Економија и бизнис, број 215, мај 2016, стр. 106-107.

До Првата светска војна, преку природниот прираст и доселувањето, Маловиште се зголемило на околу 500 влашки куќи. Тогаш селото имало седум маала и во секое маало живеел по еден свештеник. Во селото имало и занаетчиско-трговски работилници, како шест месарници, девет пекарници, шест дуќани за чевли и шест бакалници. Во четврток и недела биле пазарни денови и тогаш доаѓале и мештаните на околните села.

Мажите од Маловиште главно биле печалбари, работејќи во Србија (Белград и Крагуевац), во Романија и во Бугарија. Од 1904 година започнале да заминуваат во Америка. Од ова село имало и околу 40 кираџии и трговци, кои носеле стока од Битола до Маловиште. Поради ова, маловишките Власи значително се збогатиле.

Сепак, во Првата светска војна, линијата на Солунскиот фронт била над селото и тогаш Бугарите ги однеле сите селани во Бугарија. По војната, еден дел од нив останале таму, а другите кои се вратиле во разрушеното село, одма започнале да се иселуваат, најмногу во градовите Битола и Скопје, но и во Србија, Романија и Северна Америка. Во 1950-тите години уште се забележувале разрушени куќи на иселените мештани.

Вкупно 4 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.

Стопанство

мини|300п|десно|Жител на селото кој се заминава со овчарство.

Атарот зафаќа површина од 29,3 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.675 хектари, на пасиштата отпаѓаат 668 хектари, а на обработливото земјиште 153 хектари.

Селото има мешовита земјоделска функција.

Население

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, Маловиште е големо село со 2.300 жители, Власи.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 239.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година, Маловиште се води како чисто влашко село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 428 куќа.

По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Маловиште имало 2.160 жители, сите Власи.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 174-175.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 550 Власи.

Маловиште во 1961 година броело 334 жители, од кои 316 биле неопределени и 27 жители Македонци, а во 1994 година бројот се намалил на 121 жители, од кои 102 биле Власи, 18 Македонци и еден Албанец.

Според пописот од 2002 година, во селото Маловиште имало 98 жители, од кои 10 Македонци, 1 Албанец и 87 Власи.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 50 жители, од кои 2 Македонци, 44 Власи и 4 лица без податоци.

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Маловиште:

Година Македонци Албанци Власи Срби Вкупно 1948 — — — — — — 504 1953 143 0 300 2 1 — 446 1961 27 0 — 1 316 — 344 1971 31 0 — 2 276 — 309 1981 252 0 0 1 4 — 257 1991 18 0 111 0 0 — 129 1994 18 1 102 0 0 — 121 2002 10 1 87 0 0 — 98 2021 2 0 44 0 0 4 50

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години Родови

Маловиште е влашко село, населено со вистински Власи.

Според истражувањата на Јован Трифуноски од 1951 година, родови во селото: Влашки родови: Гашовци (9 к.), Доловци (6 к.), Анѓеловци (4 к.), Гучилаш (4 к.), Стојановци (4 к.), Љикуши (3 к.), Тошо (3 к.), Гага (3 к.), Тони (3 к.), Фуно (2 к.), Баба (2 к.), Гатa (2 к.), Бего (2 к.), Мега (2 к.), Цигарида (2 к.), Кушка (2 к.), Беломаче (1 к.), Цапо (1 к.), Шикле (1 к.), Роме (1 к.), Чода (1 к.), Муфо (1 к.), Зоги (1 к.), Мушола (1 к.), Риза (1 к.), Ибро (1 к.), Прди (1 к.) и Тали (1 к.). Доселени се на крајот од век и почетокот од век, главно од Москополе (Албанија); Палигоровци (5 к.), и тие се доселени од Москополе; Грамоштали (20 к.), доселени се во првата половина од XIX век од Грамошта (Грција); Матовци (4 к.), доселени се од областа Матија (Албанија) и по тоа го добиле името; Чаја Гора (1 к.), доселени се од истоименото село кај Лерин Каракачански родови: Зракополис (1 к.), потекнуваат од предок Каракачанин доселен од околината на Лариса, Грција, летно време чувале овци на Пелистер и дошле во Маловиште во 1920-тите; Марија (1 к.), исто потекло како и претходниот род и Дајовци (4 к.), доселени се од некое место во Грција. Родови со словенско потекло: Тасевци (1 к.), доселени се од соседното село Кажани, потекнуваат од домазет во влашкиот род Шуна, порано зборувале македонски и Цапарци (1 к.), основачот на родот дошол како домазет во родот Мара од селото Цапари, и тие порано зборувале македонски.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ од 1951 година, родови во селото се: Доселеници: Тошу (3 к.), Ризи (1 к.), Баба (1 к.), Ибро (1 к.), Таси-Кала (1 к.), Ропи (1 к.), Анѓела (1 к.), Бего (2 к.), Матаќина (1 к.), Трпе (1 к.), Мера (1 к.), Цапо (1 к.), Бахто (1 к.), Никуша (3 к.), Шикла (1 к.), Чапра (1 к.), Фуна (1 к.), Кушка (2 к.), Симчевци (3 к.), Машулаи или Мушула (1 к.), Батаља (1 к.), Ќитан (1 к.), Чода (1 к.), Ќерана-Табла (1 к.), Парде или Перде (1 к.), Зоќе (1 к.) и Друма (1 к.), сите се стари доселеници со непознато потекло; Нелата (2 к.), доселени се од селото Мечово во Епир во XVIII век; Дурака (3 к.), имаат исто место на потекло како и претходниот род; Нашка, Гачи и Белимаче (10 к.), доселени се во XVIII век од раселениот град Москополе во Албанија; Кара-Батак (1 к.), доселени се околу 1821 година од Москополе во Албанија; Белчевци или Палигора (4 к.), доселени се околу 1831 година од Невеска во Грција; Првољати (2 к.), доселени се од Периволи во Грција; Мати (2 к.), доселени се околу 1831 година од некое место во областа Матија во Албанија; Тршка (2 к.), доселени се во исто време со претходниот род од селото Брајчино во Преспа; Гага (3 к.), и тие се доселени од селото Брајчино во Преспа, околу 1850 година. Таму имале роднини; Тали (1 к.), доселени се во 1850 година од Прилеп; Муфа (1 к.), доселени се околу 1860 година од селото Арменско кај Лерин во Грција; Мавро (1 к.), доселени се околу 1870 година од селото Маврово кај Костур во Грција; Мути (2 к.), доселени се околу 1875 година од Пљаса во Албанија; Грамошталани (22 к.), доселени се околу 1876 година од селото Ротино. А таму се доселиле од Грамошта во Грција околу 1851 година; Бошејковци или Стојановци (4 к.), доселени се околу 1885 година од селото Гопеш; Цигарида (2 к.), доселени се околу 1890 година од селото Гопеш; Тоновци (2 к.), доселени се во 1903 година од селото Ѓавато, а таму од селото Гопеш; Воја (1 к.), доселени се околу 1903 година од селото Магарево и Чагора (1 к.), доселени се околу 1903 година од селото Чагор.

Иселеништво