Мајкл Метјус (; р. во ) — австралиски професионален велодромски и друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата .

Кариера Рана кариера

alt=Michael Matthews pushing the break. Vikings Cycling Club SuperCrits. 13 November 2008.|мини|лево|Метјус (напред) во текот на критериумска трка во 2008 година

Бил носител на стипендија од Австралискиот институт за спортAIS Athletes at 2010 Commonwealth Games. Во 2010 станал светски друмски првак за под 23 години.

Метјус го напуштил на крајот на сезоната 2012 и се приклучил на на двегодишен договор од сезоната 2013.

Орика ГринЕЏ (2013-2016)

мини|лево|Метјус ја носел розовата маичка на Џиро д’Италија 2014

Метјус бил избран да вози на Џиро д’Италија 2014. Неговата екипа го освоила воведниот екипен хронометар во Белфаст. На втората етапа, Метјус завршил осми зад Марсел Кител во спринтерска завршница, исто така во Белфаст, освојувајќи ја розовата маичка како предводник на генералниот пласман од колегата Свен Тафт. Метјус ја освоил шестата етапа, ридска завршница на Монтекасино. Метјус се повлекол од Џиро по десеттата етапа откако паднал на деветтата етапа.

Во 2015 година, Метјус го освоил бодовниот пласман на Париз-Ница, како и една етапа. Солидното трето место го обезбедил на италијанскиот монумент Милано-Санремо. Исто така имал успех на воведната етапа на Трката околу Баскија спринтајќи во група од околу педесет возачи на ридестата етапа. Потоа го освоил второто место на Брабантсе Пејл, победувајќи во спринт на групата зад победникот Бен Херманс. На Амстел Голд Рејс, Метјус направил уште еден добар резултати, стигнувајќи трет на целта додека бил дел од мала водечка група. На Тур де Свис, Метјус ја освоил четвртата етапа следејќи го Петер Саган во спринтот и поминувајќи го во последните метри. Бил вметнат во почетниот состав за Тур де Франс 2015.

На Тур де Франс 2016, Метјус бил најбрз помеѓу бегалците на десеттата етапа, со што ја освоил првата етапна победа на Тур де Франс, со што сега имал освоени етапи на сите три големи трки.

Во август 2016 година било потврдено дека Метјус ќе се приклучи на за сезоната 2017.

Тим Санвеб (2017–2020)

мини|лево|Метјус ја носи зелената маичка на Тур де Франс 2017

Метјус се очекувало да води борба за зелената маичка на Тур де Франс 2017 и неговите шанси биле зголемени на четвртата етапа по падот во завршниот спринт, при што Марк Кевендиш бил приморан да ја напушти трката поради повреда, а Петер Саган, победникот на пласманот изминатите шест години, бил дисквалификуван. Метјус ја освоил четиринаесеттата етапа во намалената главна група во спринтерска завршница на нагорнина. На шеснаесеттата етапа, високото темпо поставено од колегите на Метјус, го принудиле носителот на зелената маичка, Кител, да отпадне; Метјус, кој бил втор зад Кител во бодовниот пласман, ја освоил етапата. На седумнаесеттата етапа, Кител паднал и се повлекол од Тур, оставајќи го Метјус во зелената маичка. Метјус ја задржал маичката до Париз.

Во 2018 година ја освоил Гран при Квебек пред Грег ван Авермет и Јаспер Стејвен, пред да ја освои Гран при Монтреал два дена подоцна, која ја освоил пред Сони Колбрели и Ван Авермет. Поради тоа станал втор возач кој го освоил обете канадски класични трки во иста година, како што го направил неговиот сонародник Сајмон Геранс во 2014 година. Во 2019 година освоил две етапи на Волта а Каталуња, пред да ја повтори неговата победа на Гран при Квебек.

Завршил трет на Милано-Санремо 2020 и подоцна истата година завршил меѓу првите десет на светското друмско првенство. Еден месец претходно ја освоил Класик Бретања, која била една од ретките трки која била возена во своето вообичаено време во текот на пандемијата на КОВИД.

Тим БајкЕксчејнџ

мини|лево|Мајкл Метјус ја претставувал Австралија во Волонгонг 2022

Во август 2020 година, Метјус потпишал двегодишен договор со , подоцна преименуван како , од сезоната 2021.

Во 2021 година имал неколку силни резултати, но немал победи, вклучувајќи четврто место на Амстел Голд Рејс, петто место на Гент-Вевелгем и шесто место на Милано-Санремо. Возел на Тур 2021, но не освоил етапи. Завршил втор во бодовниот пласман, втор највисок пласман во неговата кариера, губејќи од Марк Кевендиш.

Во 2022 година имал неколку завршници меѓу првите десет на следниве трки: Брабантсе Пејл, Амстел Голд Рејс и Милано-Санремо. Ја освоил првата етапа на Волта а Каталуња, негова прва победа со Тим БајкЕксчејнџ. Оваа победа била засенета бидејќи еден од неговите соперници, Сони Колбрели, за малку ќе имал фатален срцев напад откако ја поминал целта. Во јуни ја освоил црната маичка во текот на Тур де Свис, која била погодена од КОВИД. Во текот на Тур де Франс 2022 имал два порази на етапите; завршил втор зад неговиот пријател Тадеј Погачар и потоа следниот ден од соперникот Ваут ван Ерт. На етапата 14 бил вклучен во бегство и преживеал до последното искачување, претекнувајќи ги сите возачи од бегството, освен Алберто Бетиол. Изгледало дека ќе биде повторно поразен, откако се здобил со грчеви и Бетиол се одвоил од него на последното искачување. Метјус успеал да се опорави, да го стигне и да го претекне Бетиол и сам до целта да дојде до прва победа на Тур во оваа деценија.

Личен живот

Во август 2015 година се оженил со неговата девојка од Словачка, Катарина Хајзерова.

Достигнувања

2008 1. Меморијал Џон Вудман Интернационале Брешана 1. 20п Бодовен пласман 1. Пролог 1. Етапа 3b (ITT) 1. Етапа 7 Трка околу реката Мареј 2. Краен пласман ГП Генерал Патон 1. Етапа 2 8. Светско јуниорско друмско првенство 2009 Океански друмски првенства (ноември) 1. 20п Друмска трка 1. 20п Друмска трка под 23 години 1. 20п Хронометар под 23 години 2. 15п Океанско хронометарско првенство под 23 години (февруари) Национални друмски првенства под 23 години 2. Друмска трка 3. Хронометар 2. ГП дела Либерационе 9. Краен пласман Трка околу Јапонија 2010 1. 20п Светски друмски првак под 23 години Тур де Лангкави 1. Етапа 1 1. Етапа 3 1. Етапа 1 (ТТТ) Трка околу Тирингија 2. Трофео Пива Банка Пополаре ди Виченца 2. Трка околу Фландрија 2. ГП дела Либерационе Национални друмски првенства под 23 години 3. Друмска трка 3. Хронометар 4. Краен пласман Трка околу Јапонија 1. Етапа 1 (ITT) 5. Краен пласман Трка околу Велингтон 1. Етапа 4 7. Рингерике ГП 1. Етапа 2 1. Етапа 3 8. Краен пласман Тур де л’Авенир 2011 1. Трка околу Келн 1. Етапа 2 Класик Џајко Беј 1. Етапа 1 Вуелта а Мурсија 3. Национално хронометарско првенство 3. Трка околу Франкфурт 4. Краен пласман Тур Даун Андер 1. Етапа 3 5. Краен пласман Делта Тур Зеланд 6. ГП Јеф Шеренс 2012 1. Класика де Алмерија Трка околу Јута 1. 22п Спринтерски пласман 1. Етапа 3 9. Краен пласман Тур Даун Андер 10. Брабант Пејл 2013 Вуелта а Еспања 1. Етапа 5 1. Етапа 21 Трка околу Јута 1. 20п Спринтерски пласман 1. Етапа 2 1. Етапа 4 Национални друмски првенства 2. Друмска трка 3. Хронометар 2. Вуелта а Ла Риоха 2014 1. Вуелта а Ла Риоха Џиро д’Италија 1. Етапа 1 (ТТТ) 1. Етапа 6 1. Етапа 3 Вуелта а Еспања Трка околу Словенија 1. 20п Бодовен пласман 1. Етапа 1 1. Етапа 3 Трка околу Баскија 2. Брабантсе Пејл 6. Трофео Сес Салинес 7. Трофео Палма 2015 Џиро д’Италија 1. Етапа 1 (ТТТ) 1. Етапа 3 Париз-Ница 1. 20п Бодовен пласман 1. Етапа 3 Трка околу Алберта 1. 20п Бодовен пласман 1. Етапа 2 1. Етапа 1 Трка околу Баскија 1. Етапа 4 Тур де Свис 2. 15п Светско друмско првенство 2. ГП Квебек 2. Брабантсе Пејл 3. Милано-Санремо 3. Амстел Голд Рејс 20п Награда за борбеност Етапа 5 Тур де Франс 2016 1. Вуелта а Ла Риоха 1. Етапа 10 Тур де Франс Париз-Ница 1. 20п|link=Париз-Ница 2016 Бодовен пласман 1. Пролог (ITT) 1. Етапа 2 Светски друмски првенства 3. 15п Екипен хронометар 4. Друмска трка 3. Класик Лондон-Сари 4. ГП Западна Франција 4. Гран при Монтреал 5. Брабантсе Пејл 5. Амстел Голд Рејс 5. Гран при Квебек 2017 Светско друмско првенство 1. 15п Екипен хронометар 3. 15п Друмска трка Тур де Франс 1. 20п Бодовен пласман 1. Етапа 14 1. Етапа 16 1. Етапа 1 Трка околу Баскија 1. Етапа 3 Тур де Свис 3. ГП Квебек 3. Класик Лондон-Сари 4. Лиеж-Бастоњ-Лиеж 5. Класик Бретања 8. Гент-Вевелгем 8. ГП Монтреал 9. Светска турнеја 10. Амстел Голд Рејс 2018 1. ГП Квебек 1. ГП Монтреал 1. Пролог Тур де Романди 2. 15п Светско првенство во екипен хронометар 2. Краен пласман БинкБенк Тур 1. Етапа 7 2. Трка околу Франкфурт 4. Класик Бретања 5. Флеш Валон 7. Светска турнеја 7. Милано-Санремо 2019 1. ГП Квебек Волта а Каталуња 1. 20п Бодовен пласман 1. Етапа 2 1. Етапа 6 4. Брабантсе Пејл 6. Трка околу Фландрија 8. Флеш Валон 2020 1. Класик Бретања 3. Милано-Санремо 7. Светско друмско првенство 2021 4. Амстел Голд Рејс 5. Гент-Вевелгем 6. Милано-Санремо 6. Гран при Кантон Аргау 9. Ешборн-Франкфурт 2022 Тур де Франс 1. Етапа 14 20п Награда за борбеност Етапа 14 1. Етапа 1 Волта а Каталуња 1. 20п Бодовен пласман Тур де Свис 2. Гран при Квебек Светски друмски првенства 3. 15п Друмска трка 3. 15п Екипна штафета 4. Милано-Санремо 4. Трофео Поленса-Порт д’Андрат 6. Трофео Алкудија-Порт д’Алкудија 6. Трофео Плаја де Палма 7. Амстел Голд Рејс 7. Брабантсе Пејл

Распоред на резултатите на големите трки

2013201420152016201720182019202020212022Џиро ДНЕ ДНС-11 ДНФ ДНЕ ДНЕ ДНЕ ДНЕ ДНЕ ДНС-10 ДНЕОсвоени етапи — 2 2 — — — — — 0 —Бодовен пласман — НР ДНФ — — — — — — —Тур ДНЕ ДНЕ 152 110 69 ДНС-5 67 ДНЕ 79 78Освоени етапи — — — 1 2 — — —01Бодовен пласман — —733 1 — 5 — 2 8Вуелта 110 75 — ДНЕ ДНЕ ДНЕ ДНЕ ДНЕ 70 ДНЕОсвоени етапи 2 1 — — — — — —0 —Бодовен пласман 9 6 — — — — — — 7 —

Распоред на резултатите на класиците

Монумент201120122013201420152016201720182019202020212022Милано-Санремо 107 — — 783 59 127 12364Трка околу Фландрија — — — — — — — —6 — 21 11Париз-Рубе — — — — — — — — — НСО — —Лиеж-Бастоњ-Лиеж — — 128 — — —4 63 35 НСО — —Џиро ди Ломбардија — — СО — — — СО СО — — — — Класици201120122013201420152016201720182019202020212022Омлоп Хет Ниусблад — — — — — — — СО 12 — — —Е3 Харелбеке — — — — — — — 13 — СО —Гент-Вевелгем — — — — — —8 13 — —5 —Брабантсе Пејл СО10 —225 11 —4 — СО7Амстел Голд Рејс — — СО 123510 24 16НСО47Флеш Валон — — 112 — СО 21 6758 — 21 СОКласика де Сан Себастијан — — СО — — — — 55 — — —Класик Бретања 134 48 — — —454 141 — 27Гран при Квебек — СО — —25311 НСО2Гран при Монтреал — 71 — — 1948119 13

— = не учествувал; СО = се откажал; НСО = не се одржала

Наводи

Надворешни врски

Профил на страница на екипата

Категорија:Родени во 1990 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Австралиски велосипедисти Категорија:Светски прваци во велосипедизам Категорија:Австралиски етапни победници на Вуелта а Еспања Категорија:Австралиски етапни победници на Џиро д’Италија Категорија:Луѓе од Канбера Категорија:Етапни победници на Тур де Свис Категорија:Австралиски етапни победници на Тур де Франс