Тунгуските народи или Тунгузи се група народи кои зборуваат на еден од тунгуските јазици. Заедничкото име на народите потегнува од зборот Тунгузија, слабо дефиниран регион во Русија и поранешно име на Евенкија.

Народи Тунгуските народи се: Евенки Евени Џурчени Манџурци Негидалци Нанајци Орочи Ороки Орочони Удегејци Улчи Сибо

Местоположба

Најголем тунгуски народ се Манџурите, чија бројка е околу 10,000,000 жители. Тие потекнуваат од Манџурија, која денес се наоѓа во североисточна Кина. Кога Манџурија била освоена од Кина во 17 век, тие сосема биле асимилирани од страна на Кинезите. Овој процес особено се забрзал во 20 век. Во делови од Кина сè уште има одредени манџурски групи кои не се асимилирани.

Евенките живеат во Евенкија во Русија, како и во Јакутија. Удегејците се народ кои живеат во Приморскиот крај и во Хабаровскиот крај во Русија.

Галерија

Наводи Mile Nedeljković, Leksikon naroda sveta, Beograd, 2001.

Надворешни врски Манџурски тунгуски народи во Кина

* Категорија:Народи во Русија Категорија:Народи во Кина