ФА куп или Куп на Фудбалскиот сојуз — најстарото натпреварување во светот и за првпат е одиграно 1871 година. Таа година настапиле 15 клубови, а првиот натпревар е одигран на 11 ноември помеѓу Аптон Парк и Клафам Роверс и завршил со резултат 0-3. Првиот погодок во историјата на натпреварувањето го постигнал Џервис Кенрик.

Што се однесува до бројот на освоени купови најуспешни екипи се Арсенал и Манчестер Јунајтед со по 12 титули. Единствениот тим којшто не е од Англија, а успеал да го освои ФА купот е велшкиот Кардиф Сити (во 1927).

До сега само еден клуб го освоил ФА купот, а да немал ни прволигашки ни второлигашки статус. Во 1901 година тоа била екипата на Тотенхем, кој тогаш бил член на тогашната Јужна лига, односно трета лига по ранг во тој момент. Досега најголем број на финалиња се одиграни на Вембли стадионот (од 1923 до 2000), а вкупно финалињата се играни на 10 стадиони, почнувајќи од Кенингтон Овала 1872 до новиот Вембли каде се играат финалињата од 2007 година.

Најуспешен стрелец во историјата на купот е Хенри Кашам од Нотс Каунти, кој во периодот од 1877 до 1888 година постигнал 49 голови.

Победници и финалисти

КлубТитулиПоследна титулаФиналистиПос. изгубено финале1.Арсенал142020720012.Манчестер Јунајтед132024920233.Челси 8201882022Ливерпул8202272012Тотенхем Хотспар81991119876.Манчестер Сити7202362024Астон Вила71957420158.Њукасл Јунајтед61955.71999.Блекбурн Роверс61928.21960.10.Евертон51995.71989.Вест Бромвич Албион51968.51935.Вондерерс51878.013.Вулверхемптон Вондерерс41960.41939.Болтон Вондерерс41958.31953.Шефилд Јунајтед41925.21936.16.Шефилд Вендздеј31935.31993.Вест Хем Јунајтед31980.22006.18.Престон Норт Енд21938.41964.Олд Етонианс21882. 31883.Сандерленд21973.31992.Портсмут22008.21934.Нотингем Форест21959.11991.Бери21903.024.Хадерсфилд Таун11922. 41938.Лестер Сити1202141969.Ројал Инжинерс11875.31878.Дарби Каунти11946.31903.Лидс Јунајтед1197231973Саутхемптон1197632003Оксфорд Јуневрзити11874.31880.Барнли1191421962Блекпул1195321951Кардиф Сити1192722008Клафам Роверс1188011879Нотс Каунти1189411891Барнсли1191211910Чарлтон1194711946Олд Кархузианс118810Блекбурн Олимпик118830Брадфорд Сити119110Ипсвич Таун119780Ковентри Сити119870Вимблдон119880Виган Атлетик12013045Бирмингем Сити021956Квинс Парк021885Кристал Палас022016Вoтфорд022019Бристол Сити011909Лутон Таун011959Фулам011975Квинс Парк Ренџерс011982Брајтон011983Мидлсбро011997Милвол012004Стоук Сити012011Хал Сити012014 * Клубовите во италик не постојат повеќе

Ф