Ротино — село во Општина Битола, во областа Цапарско Поле, во околината на градот Битола.
Потекло и значење на името
мини|300п|лево|Сретселото
Името на селото првпат е забележано како Рахотино во документи од век (1468 г.). Низ годините се споменува под слични варијанти. Името е добиено со губење на „х“ и асимилација на „а“ во „о“ и доаѓа од личното име Рахота или неговите варијанти Рахослав, Радослав, Радомир).
Постои и легенда за името на ова село, односно дека името е во врска со името на првиот жител што се населил во атарот, а се викал Коте, па така населбата ја завикале Котино, чие име подоцна се трансформирало во Ротино.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во областа Цапарско Поле, во западниот дел од Општина Битола, на левата страна од реката Драгор. Селото е планинско, на надморска височина од 1.020 метри. Од градот Битола, селото е оддалечено околу 18 километри.
Низ селото поминува регионалниот пат 29372, кој завршува кај хотелот „Молика“ на Баба Планина, но регионалниот пат над селото не е асфалтиран, поради што главен пат за хотелот и скијачкиот центар „Копанки“ е патот преку Магарево и Трново. Овој регионален пат започнува преку излез од магистралниот пат А3.
Селото е потпланинско, сместено помеѓу Магарево на исток, Цапари на запад и Српци на север. Недалеку од селото се наоѓа патот Битола-Охрид. Во Ротино и во неговиот атар има доста извори за вода, а поголемиот дел од нив се соѕидани во чешми. Еден извор над селото се нарекува „Св. Марија“.
Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Гргули, Голема Ливада, Голема Нива, Вардариште, Речиште, Старо Ротино, Симиџите, Црвен Брег, Тумба, Превал и Река.
Селото има збиен тип и куќите се групирани во маала наречени по главните родови.
Историја
Најстаро споменување на Ротино е од првата половина на век. Тоа најпрвин било словенско село, а потоа станало влашко село. Се наоѓало на еден километар источно од денешното село, на месноста наречена Старо Ротино. За време на Турците селото било раселено. Некои преживеани Власи основале помало село на денешното место. На Старо Ротино се наоѓа стара црква.
Од првата половина на век, во селото започнале да се населуваат нови македонски родови. Тогаш, Власите кои станале помалку бројни почнале да се иселуваат во поголемите влашки села — Магарево и Трново, а некои и во Битола и во Романија. Во Магарево се иселиле некои Пиниковци, во Трново Гуша Гого, а околу 1897 година, во Романија се иселил Петре Лала, кој тука имал чифлиг и кула. Чифлигот на Петре го купил Албанецот Зеро-бег населен во Битола.
Прв македонски род кој дошол во Ротино во 1830-тите години биле Петревци. Потоа дошле други родови, како Трпеновци, Босилковци и други. Македонските родови главно се населувале на земјата што ја купувале од иселените Власи. Последни дошле Толевци и Наумовци.
Во Ротино има црква „Св. Никола“ наречена и Талалеј од втората половина на век, која била подигната на место на старо црквиште, како и Горна црква посветена на „Св. Никола“ (зимен), исто така подигната на старо црквиште. Околу Горната црква се наоѓаат селските гробишта.
Вкупно 3 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.
Стопанство
Атарот зафаќа површина од 10,3 км2. На него пасиштата заземаат простор од 585 хектари, а на обработливото земјиште отпаѓаат 373 хектари.
Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција. Во минатото, во него работеле ветеринарна станица и услужни објекти.
Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Ротино имало 680 жители, сите Македонци.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 253.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година, Ротино се води како чисто македонско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 42 куќи.
По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ротино имало имало 680 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 174-175.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Власи.
Ротино било средно село по големина, па преминало во мало село, населено со македонско население. Во 1961 година селото имало 573, а во 1994 година 193 жители.
Според пописот од 2002 година, во селото Ротино имало 113 жители, сите Македонци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 93 жители, од кои 91 Македонец и 2 лица без податоци.
Ротино
Денешното Ротино е населено со македонско православно население. Сите родови во селото се доселенички.
Според истражувањата од 1951 година на Јован Трифуноски, родови во селото: Петревци (17 к.), први доселеници во селото, доселени се во 1830-тите од селото Трн, основачот на родот се викал Соколе, го знаат следното родословие: Павле (жив, 62 години во 1951 г.)-Ристе-Петре-Соколе, кој се доселил од Трн. Соколе во Трн ги запалил сноповите со жито на бегот и побегнал со децата; Трпеновци (14 к.), доселени се одма после првиот род, местото на старина не го знаат; Бошевци (14 к.), доселени се од некое село во Битолско Поле; Штерјовци (8 к.), Унчевци (6 к.), Лозановци (6 к.), Лалевци (5 к.), Павловци (4 к.), Милевци (4 к.) и Наневци (3 к.), доселени се со непозната старина; Милошевци (3 к.), доселени се во XIX век од селото Горно Српци, каде биле староседелци; Толевци (7 к.) и Наумовци (1 к.), најмлади родови во селото, потекнуваат од предок кој бил Влав и дошол од селото Трново, овде работел како слуга, и потоа се оженил.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ од 1951 година, родови во селото се: Староседелци: Петревци или Соколевци (21 к.), Папалевци или Милошовци (3 к.), Лозановци (6 к.), Субашовци или Толевци (7 к.), Чунтревци (7 к.), Трпеновци и Тасевци (18 к.), Бошевци (14 к.), Стојчевци и Наумовци (1 к.) и Доневци (4 к.) Доселеници: Лалевци (5 к.), доселени се околу 1820 година од околината на Колоња во јужна Албанија; Ѓерасовци (7 к.), доселени се околу 1844 година од селото Штрбово во Преспа; Трајчевци (1 к.), доселени се околу 1880 година од уништеното село Кочишта и Наневци (3 к.), доселени се во 1903 година од селото Ѓавато.
Иселеништво
Се знае за следниве македонски иселеници од Ротино: Ѓерасимовци (4 к.), Трпчевци (2 к.), Субашоски (2 к.) и Наневци (1 к.), живеат во Магарево; Петреви (1 к.), Ставреви (1 к.) и Пискови (1 к.), живеат во Трново; Ороштанци (1 к.), живеат во Лерин; Јоаноски (1 к.), живеат во Доленци; родека од родот Петревци четири семејства заминале во Битола (1 к.), Романија (2 к.) и Северна Америка (1 к.); од родот Трпеновци се иселиле пет семејства: во соседно Магарево (4 к.) и во Австралија (1 к.); од родот Унчевци едно семејство заминало во Северна Америка, од родот Стериовци се иселиле седум семејства: во Магарево (5 к.), Битола (1 к.) и во Бугарија (1 к.); од родот Лозановци едно семејство заминало во Битола и две во Романија; од родот Толевци три семејства заминале во Магарево; од родот Павловци'' едно семејство заминало во Северна Америка, а една група на Унчевци живеат во соседното Цапари. Изумрел родот Ристевци или Гулевци, освен една гранка која е зачувана во Ѓавато (1 к.).
До 1951 година од селото имало иселеници во Романија (5 семејства), Австралија (4 семејства), САД (5 семејства), Битола (3 семејства), Србија (1 семејство) и во Бугарија (1 семејство).
Иселеници имало и потоа и населението е иселено во Битола, Скопје, прекуокеанските земји (САД, Канада и Австралија), како и низ Европа.
Општествени установи
мини|300п|десно|Поранешното основно училиште
Поранешно основно училиште Поранешна ветеринарна станица
Самоуправа и политика
Во век, Ротино било село во нахијата Ѓават-Кол, во Битолската Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Битола, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе биле придодадени поранешните општини, Бистрица, Кукуречани и Цапари. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Цапари.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Битола. Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Дихово.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Кажани, во која покрај селото Ротино се наоѓале селата Гопеш, Доленци, Ѓавато, Кажани, Лера, Маловиште, Рамна, Српци и Цапари. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Цапари, во која влегувале селата Рамна, Ротино, Српци и Цапари.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 213 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 104 гласачи.
Културни и природни знаменитости
Археолошки наоѓалишта Арнаутски Пат— пат од римско време; Манастирска Црква — населба од средниот век; Стара Црква — црква и некропола од средниот век; и Старо Село — населба од римско време.
Цркви Црква „Св. Никола Долни“ — главната селска црква изградена во 1870 година; Црква „Св. Никола Горни“ — гробишна црква над селото; и Црква „Св. Илија“ — главната манастирска црква на Ротинскиот манастир.
Манастири Ротински манастир — понов манастир.
Реки Ротинска Река — река низ селото.
Езера Ротинско Езеро — вештачко езеро на Ротинска Река.
Личности Личности родени во Ротино: Менка Василева Котева Костадинова (р.1922) — учесник во НОВ на Македонија
Галерија
Поврзано Општина Битола Цапарско Поле
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Битолски села Категорија:Села во Општина Битола