Културата во Боцвана е типична јужноафриканска, но со одредено влијание од европските колонијални сили. Доминантен културен елемент во државата е цванскиот, и истиот се рефлектира во спортот, уметноста, музиката и останатите општествени сегменти.
мини|десно|200px|Карпеста уметност во Боцвана. мини|десно|200px|Пустината Калахари.
Образование
Во моментот кога Боцвана се стекнала со независност, во државата имало многу мал број дипломирани лица, и мал процент на луѓе со средно образование. Боцвана ја зголемила писменоста на возрасното население од 69% во 1991 година на 83% во 2008.
Со откривањето на дијаманти и приходите кои владата ги добила од тоа, се забележал голем пораст на образованието во државата. На сите деца им се гарантира десетгодишно основно образование. Околу половина од учениците во Боцвана посетуваат дополнителни две години средно образование. Средното образование во Боцвана не е бесплатно и не е задолжително.
По завршувањето на средното образование, учениците може да се запишат на еден од шесте колеџи во државата или да се запишат на некои курсеви. Во државата функционираат Универзитетот Боцвана, Боцвански земјоделски колеџ и Боцвански сметководствен колеџЖБоцванскиот сметководствен колеџ. Покрај овие, во државата има и уште одреден број приватни високообразовни институции. Голем дел од студентите се стекнуваат со државна школарина. Владата на Боцвана е во изградба и на вториот државен универзитет - Боцвански меѓународен универзитет за наука и технологија.
Спорт
Фудбалот е најпопуларен спорт во државата. Најголем успех на боцванскиот фудбал е квалификувањето на Африканскиот Куп 2012. Покрај фудбалот, во државата популарни се крикетот, тенисот, рагбито, ракометот и голфот Боцвана е член на Меѓународниот совет за крикет.
Боцвана нема медал на Олимписките игри, но во 2011 година Амантле Монтшо станала светски шампион во трки на 400 метри и таа станала првиот атлетичар од Боцвана кој освоил медал на меѓународно ниво. Покрај Амантле, Кабело Кгосиеманг е исто така познат атлетичар, кој бил трипати африкански шампион во скок во височина.
Уметност и кујна
Боцванската музика е вокална и се изведува без тапани. Голема улога во боцванската музика имаат жичените инструменти. Традиционални боцвански инструменти се сетинкане и сеганкуре. Во последните години гитарата станала неопходен дел од боцванската музика.
Кујната во Боцвана е уникатна, но сепак споделува одлики со останатите јужноафрикански кујни. Популарни јадења во Боцвана се пап, буревурс, самп, феткек и црви мопане. Карактеристично за Боцвана е сесва, солено мешано месо.
Најстарите боцвански и јужноафрикански цртежи на луѓе, животни и лов се наоѓаат во пустината Калахари. Цртежите биле изработени од Бушмани и се стари преку 20 000 години.
Национални празници Националните празници во Боцвана сеBotswana Public Holidays: ДатумМакедонско имеЛокално име 1 јануариНова ГодинаNgwaga o mosha 2 јануариОпшт празникварираВообичаено во март или април. Велики петокLabotlhano yo o molemo Велигденски понеделник варираВообичаено во мај ВелигденTlhatlogo 1 јулиДен на Сереце Кама 19 јулиДен на претседателот 20 јулиОпшт празник 30 септемвриДен на независностBoipuso 25 декемвриБожиќKeresemose 26 декември/27 декември Ден на добра волја Денот после Божиќ е исто така неработен ден.
Наводи
Поврзано Боцвана Култура во Африка