Отмаршен () е кварт во округот Алтона на Хамбург во северна Германија.

Историја

Првите спомнувања на Отмаршен се од 1317. Заедно со Алтона, Отмаршен станал дел од Хамбург во 1937/1938 поради Законот за голем Хамбург.

Географија

Во 2006, според статистичкото биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, квартот Отмаршен имал вкупна површина од 6 км2. На запад е квартот Нинштетен. На југ реката Елба е граница со Валтерсхоф. На север се квартовите Грос Флотбек и Баренфелд, додека на исток се граничи со квартот Отензен.

Демографија

Во 2006, квартот Отмаршен имал население од 12.169 луѓе. Густината на населеност била 2.023 жители на км2. 16,7% биле деца под 18 години, а 22,9% имале 65 или повеќе години. 11,3% биле странци. 153 лица биле регистрирани како невработени.Служба за пријавување невработени, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)

Во 1999, постоеле 5.672 домаќинства од кои 17,8% имале деца под 18 години, кои живееле со нив и 45,8% од сите домаќинства биле составени од поединци. Просечната големина на домаќинствата била 1,98.Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (1999)

Во 2006, се случиле 1.178 кривични дела (97 дела на 1000 жители).Покраинско биро за истражување (Landeskriminalamt), Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)

Образование

Приватото Меѓународно училиште Хамбург се наоѓа во Отмаршен.

Постојат 1 основно и 3 средни училишта во квартот Отмаршен.

Култура

Музеи, галерии

thumb|left|Соседството Ефелгене

Ernst Barlach Haus е музеј за работата на експресионистичкиот вајар, печатар и писател Ернст Барлах. Се наоѓа во Jenisch Park.

Пристанишниот музеј во соседството Ефелгене е мало пристаниште со некои стари бродови.

Jenisch Haus била изградена од 1831-1834 од Франц Густаф Форсман во соработка со Карл Фридрих Шинкел во Jenisch Park како дом за одморање на Мартин Јохан Јениш, градоначалник на Хамбург. Денес е дел Altonaer Museum во Отензен. Главно содржи слики и други уметнички дела од првата половина на 19-от век.Website Altoner Museum Посетено на 2008-05-10

Рекреација

thumb|left|Glazier erratic "Alter Schwede". Пронајден во реката Елба, сега на плажа во Отмаршен

Во Отмаршен е Jenisch park и Hindenburgpark и Schröders Elbpark, директно до плажата на реката Елба.

Инфраструктура

Генералниот конзулат на Народна Република Кина основан во Хамбург во 1921 се наоѓа на улицата Elbchaussee 268.Список на конзуларни претставништва, трговски мисии, културни институции и меѓународни институции во Слободниот и ханзеатски град Хамбург, Сенат на Хамбург, Канцеларство на Сенатот на Хамбург (април 2008)

Здравствен систем

Asklepios Klinik Altona е општа болница со 922 кревети, која се наоѓа Paul-Ehrlich-Strasse. Болницата има 13 оддели, вклучувајќи ги за интерна медицина, хирургија, гинекологија, урологија, неврологија, неврохирургија, офталмологија, анестезиологија и интензивна нега и итна хирургија.Болници во Хамбург, страница 7

Во Отмаршен постојат 10 градинки за деца и исто така 27 лекари во приватни ордиации и 1 аптека.

Сообраќај

Јавниот сообраќај во Отмаршен е обезбеден преку железничкиот систем на градските возови со станиците Отмаршен и Баренфелд и неколку автобуски линии. Овие се координирани преку Hamburger Verkehrsverbund.

Излезот на Автопатот 7 и северниот влез на Елпскиот тунел се наоѓаат во Отмаршен.

Според секторот за моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt), во квартот биле регистрирани 5.475 приватни возила (464 возила на 1000 луѓе).Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006) Се случиле вкупно 92 сообраќајни несреќи, вклучувајќи 76 со жртви.Статистика за сообраќајни несреќи, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)

Наводи

Надворешни врски

Куќа на Ернст Барлах, Хамбург Пристаништен музеј Oevelgönne e.V. Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн Statistisches Amt für Hamburg und Schleswig-Holstein, службена страница Болници во Хамбург 2006, Владина агенција за социјални работи, семејни работи, здравство и животна средина на Хамбург Службена страница

Категорија:Четрти во Хамбург