мини|350п|Северниот Повратник на карта на светот.

Северен Повратник (наречен и Раков Повратник) — замислена кружница на најсеверната географска должина на Земјата на која Сонцето може да дојде нормално на Земјината површина, во зенитот. Оваа појава се јавува при јунскиот сонцестој, кога северната полутопка е во најголема мера наклонета кон Сонцето. На јужната полутопка кружницата што доаѓа нормално на површината се нарекува Јужен Повратник.

Овие кружници се две од петте напоредници што стојат на картите на светот (другите се Северниот Поларник, Јужниот Поларник и екваторот). Положбата на овие напоредници (освен екваторот) зависи од осниот наклон во однос на орбиталната рамнина.

Повратникот се нарекува и „Раков Повратник“ поради фактот што во времето на неговото именување Сонцето било во соѕвездието Рак за време на јунскиот сонцестој. Денес сонцето во ова време од годината се јавува во соѕвездието Бик. Промената се должи на појавата наречена прецесија на рамнодениците.

Географија мини|280п|Знаци на автопатот Сарагоса-Викторија во Мексико што ја означуваат положбата на Северниот Повратник за секоја година од 2005 до 2010. Моментално (епоха 2011) Северниот Повратник лежи северно од екваторот.Повратник во движење Положбата на повратникот не е постојана, туку се поместува на југ со стапка од речиси половина секунда (0,47″ или 15 метри) годишно. Во 1917 г. повратникот се наоѓал точно на 23° 27' СГШ.Миланковиќевите циклуси и глацијацијата - Државен унверзитет на Монтана

На север од повратникот се наоѓаат суптропите и северниот умерен појас. Еквивалентната замислена кружница јужно од екваторот се нарекува Јужен Повратник, а подрачјето помеѓу нив (со екваторот во средина) се нарекува тропски појас.

Места

Почнувајќи од нултиот меридијан, па на исток, Јужниот Повратник минува низ следниве места:

Координати Земја, територија, море Белешки повратникот го допира најсверната точка на Чад во Црвено Море само емиратот Абу Даби Индиски Океан Арапско Море сојузните држави Гуџарат, Раџастан, Мадја Прадеш, Чатисгар, Џарканд и Западен Бенгал одделите Кулна, Дака и Читагонг сојузната држава Трипура одделот Читагонг сојузната држава Мизорам сој. држава Чин, окрузите Сагаин и Мандалеј и сој. држава Шан покраините Јинан (минува околу 7 км северно од границата со ), Гуангсји и Гуангдунг Тајвански Проток окрузите Чиаји и Хуалиен Тихи Океан минува веднаш јужно од островот Некер, Хаваи, сојузната држава Јужна Долна Калифорнија Калифорниски Залив сојузните држави Синалоа, Дуранго, Закатекас, Сан Луис Потоси, Нов Леон и Тамаулипас Мексикански Залив Атлантски Океан минува низ Флоридскиот Проток и каналот Свети Никола<br/ >минува веднаш јужно од Ангвилски Насипи ()<br/ >минува низ каналот Сантарен и во отворено море архипелагот Ексума и островот Лонг Ајленд Атлантски Океан Западна Сахара полага право

Надворешни врски Пресметки на временските епохи Корисни константи

Поврзано 23. северен напоредник 24. северен напоредник Јужен Повратник Северен Поларник Јужен Поларник Екватор

Наводи

Категорија:Напоредници Категорија:Тропи

de:Wendekreis (Breitenkreis)#Nördlicher Wendekreis