Еднооки е македонска сатирична анимирана телевизиска серија од Контрабанда продукција. Серијата започна да се емитува во април 2006 година. До 2008 година се емитуваше на А1 Телевизија, потоа на Канал 5 Телевизија, од 2012 година до 2016 на Сител телевизија, а од 2019 до 2020 година на Телевизија Алфа.
Во серијата на хумористичен начин се раскажува политичката сцена, спорот со Грција, меѓуетничките односи, односите со соседните држави, актуелните случки, животот на политичарите и секојдневниот живот на народот во Македонија.
Наводи
Категорија:Македонски телевизиски серии Категорија:Македонски цртани филмови