"Македонија" е весник на македонската емиграција во Бугарија, редактиран е од Коста Шахов и излегува од 1888 до 1912 година.

Весникот е основан во 1888 година од Шахов во Русе, како неделник што излегуваше во петокот. Првите 25 броја излегле во Русе, потоа дошло до привремено стопирање, а од 14 јуни 1889 година весикот почнал да излегува во Софија сè до 1893 година П.Константин Национлнотоослободително движение в Македония и Тракия 1893-1093, София, 1979. .

"Македонија" е единствениот весник во 80-тите години во Бугарија, кои целосно бил посветен на Македонското прашање. Во првиот број на весникот било истакното дека:

Низ своите страници весникот разгледувал и политички прашања, во смисла дека треба да дојде до организирање и обеднинување на македонските друштва во Бугарија и тоа во интерес на Македонија. Се повикале македонските друштва да се обединат на чело со еден Комитет, кој требало да ја кординира ниваната акција и да преземе дејности, најпрво по мирен дипломаски начин, а пота и да се преземат револуционерни средста . Според весникот Македонија, целата на Комитетот треба да биде Автономија на Македонија врз основа на членот 23 од Берлинскиот конгрес . Автономијата би овозможила да се прекратат пропагандите на соседните држави и би овозможола да зе зачува територијалната целовитост на Македонија. Во тој контекс било истакнато дека во борбата за политички права на Македонија, треба да се обединат сите народности во Македонија. Прашањето за обединување на сите народности во Македонија било посебно разгледано во статијата:

потпишана со псевдонимот:

Според овој автор, ослободувањето на Македонија треба да биде поставено врз неутрална македонска почва и истакнува дека:

Понатаму во стаијата било истакнато дека населението во Македонија трба да биде нарекувано исклуциво како Македонци, додека пак македонските друштва како македонски без претставките бугаро, србо, елино и румуно. Оваа статија предизвикала реакции и полемика во кои се вклучила и самата редакција на весникот. Подоцна, в. Македонија еволуирал во правецот на ставовите на Еден Македонец

Весникот излегува до 1 октомври 1893 година, кога Шахов почнува да го издава "Глас македонски".

Извори

Категорија:Бугарски весници Категорија:Русе Категорија:Култура на Софија Категорија:Историја на Софија