Владо Муковски (, ) — македонски сликар и виш конзерватор.
Животопис Муковски е роден во Охрид во година. Дипломирал во 2001 година на Факултетот за ликовни уметности на сликарскиот отсек во класата на проф. Родољуб Анастасов, каде ги завршил и постдипломските студии. Во 1999 година бил добитник е на наградата „Борко Лазески“ за најдобро студентско ликовно дело. Член е на ДЛУМ од 2001, а веќе од следната 2002 година се вработил во Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата во Скопје.
Изложби Групни 1999 Скопје, Фондација на семејството на проф. Борко Лазески (прво наградено дело), Сули-ан 2000 Скопје, СИАБ, Студентско интернационално Арт Биенале, Музеј на Град Скопје 2002 Скопје, Годишна изложбa на ДЛУМ, Музеј на Град Скопје 2002 Скопје, “9 Зимски Салон”, Музеј на современа уметност, 2003 Скопје, Годишна изложба, Музеј на Град Скопје 2003 Скопје, “Портрет Автопортрет”, Изложбен салон на ДЛУМ 2004 Скопје, “Акт“, Изложбен салон на ДЛУМ 2004 Скопје, 10. Зимски салон, Музеј на современа уметност 2005 Скопје, Годишна изложба, Музеј на Град Скопје 2006 Скопје, 11. Зимски салон. 2007 Скопје, Изложба на мал формат, КИЦ 2007 Скопје, Годишна изложба на ДЛУМ, Музеј на Град Скопје
Самостојни 2003 Скопје, КИЦ 2003 Штип, Домот на Култура 2004 Виница, Домот на Култура 2007 Скопје,КИЦ
Наводи
Надворешни врски Биографија на страната на ДЛУМ
Категорија:Луѓе од Охрид Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонски сликари Категорија:Македонски конзерватори