Црновец (познато и како Црнеец) — село во Општина Битола, во околината на градот Битола.

Географија и местоположба Селото се наоѓа во крајниот западен дел на Битолското Поле, оддалечено 20 километри северно од Битола.

Историја Во век, Црновец било село во Битолската Каза на Отоманското Царство.

Вкупно 4 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.

Стопанство ХС „Стрежево“

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Црновец живееле 500 жители, сите Албанци.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 238.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година, Црновец се води како мешано село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 90 куќи.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци и 100 Турци.

Црновец било средно по големина село, коешто во 1961 година имало 636 жители, а во 1994 година 124 жители, од кои 95 биле Македонци, 18 Албанци, 1 Турчин и само 1 останат.

Според пописот од 2002 година, селото Црновец брои 86 жители, од кои:Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X 66 Македонци, 18 Албанци, 1 Турчин и 1 останат.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 31 жител, од кои 14 Македонци, 12 Албанци и 5 лица без податоци.

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат . Државен завод за статистика.

ГодинаМакедонциАлбанциТурциРомиВласиСрбиБошњациВкупно1948—————————6791953614—31———...31—6761961584—51......—...1—6361971526134—...—...10—5711981514521———...48—5771991221293————2—25519949528—————1—124200266181————1—8620211412——————531 Родови

Црновец е мешано македонско православно и албанско муслиманско село, селото до почетокот на XIX век било чисто македонско село, но во селото почнале да се населуваат Албанци муслимани, и Македонците почнале постепено да се иселуваат. Се знае за македонски родови иселени во селата Стрежево, Црнобуки, Габаловци, итн. Денес во селото сите родови се доселенички, македонските родови се најмлади.

Родови во селото Црновец се:

Албански:

Доселеници: Имеровци (2 куќи), Мерсимовци (2 куќи), Нуриовци (1 куќа), Зиберовци (1 куќа), Аќифовци (1 куќа), и Рашитовци (1 куќа) доселени се од јужна Албанија, они се Тоски. Црновец е најсеверното тоскиско село во Битолско; Фетовци (1 куќа) доселени се од некое село во Кичевско.

Македонски:

Доселеници од разни места: Бундалевци (2 куќи) доселени се од мијачкото село Галичник; КосТурци (2 куќи) доселени се од Вмбел во костурско; Дојчиновци (3 куќи) доселени се од Габаловци, каде припаѓале на родот Марковци, чие е подалечно потекло од Кукуречани; Гроздановци (2 куќа) доселени се од Стрежево, каде имаат истоимен род кои се староседелци; Цветковци (2 куќи) доселени се од Метимир, каде биле староседелци; Станојовци (8 куќи), Секуловци (8 куќи), Лозановци (3 куќи), Милевци (3 куќи), Дамчевци (2 куќи), и Гоговци (2 куќи) доселени се од Облаково, каде биле староседелци. Доселеници од Железник: Черкезовци (5 куќи), Стевановци (3 куќи), Гајтановци (3 куќи), Јаневци (2 куќи), Мечкаровци (2 куќи), Ѓорговци (2 куќи), Танчевци (1 куќа), Даљановци (1 куќа), Талевци (1 куќа), Магденовци (1 куќа), Кусо Талевци (1 куќа), Здравевци (1 куќа) и Шатевци (1 куќа) доселени се од Боиште; Куркановци (3 куќи), Костадиновци (3 куќи), Сајковци (2 куќи), Мицковци (5 куќи), и Симевци (1 куќа) доселени се од Лесково; Димитријевци (2 куќи), и Исајловци (1 куќа) доселени се од Железнец; Матлијевци (2 куќи) потекнуваат од Смилево, од Смилево најпрво се населиле во Боиште, па од Боиште во Црновец; Радевци (4 куќи) доселени се од Бабино; Вељановци (3 куќи) и Димовци (1 куќа) доселени се од Базерник; Најдовци (2 куќа) доселени се од Илино (Големо или Мало); Најдановци (2 куќи), Јанкуловци (2 куќи), и Дојчиновци (1 куќа) доселени се од Доленци; Цветановци (2 куќи) доселени се од Зашле; Смилевци (3 куќи) и Спасевци (1 куќа) доселени се од Жван; Наумовци (3 куќи) доселени се од Церово; Каранџуловци (1 куќа) доселени се од Сопотница; Коштревци (1 куќа) доселени се од Смилево.

Културни и природни знаменитости Цркви Црква „Вознесение Христово“ — главната селска црква; Црква „Св. Петар и Павле“ — манастирска црква;

Археолошки наоѓалишта Пасјак — населба од доцноантичко време;Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069 Старо Село — населба од средниот век; Стара Црква — наоѓалиште од непознат тип и период;Јован Ф. Трифуновски, (1998) Битољско - Прилепска котлина, Антропогеогрофско проучавање. Београд, САНУ ISBN 8670252678 Манастириште — наоѓалиште од непознат тип и период;

Личности

Иселеништво По 1912 година голем број од албанското население се иселило од селото. Од 1912 до 1957 година се иселиле вкупно 70 албански семејства во Битола и Турција (сите во Истанбул). Целосно биле иселени следните родови Асановци, Бачевци, Грмолар, Кокалар, Дулевци, Врча, Пашовци и Зуљамовци.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Битолски села Категорија:Села во Општина Битола