Регион Хановер () — округ (Landkreis) во Долна Саксонија, Германија. Се граничи со (од север надесно) окрузите Хајдекрајс, Целе, Гифхорн, Пајне, Хилдесхајм, Хамелн-Пирмонт, Шаумбург и Нинбург.
Округот Хановер има уникатен правен статус помеѓу окрузите на Долна Саксонија. Го вклучува градот Хановер, покраинскиот главен град, кој ги има истите привилегии како град, кој не е дел од округ. Како последица, округот е многу поголем во население отколку останатите окрузи во покраината. Негово административно тело е регионален парламент (Regionsparlament), воден од претседател на регионот (Regionspräsident). Членовите на парламентот се бирани еднаш на секои пет години, а претседателот е биран еднаш на секои осум години на локални избори.
Историја
Градот Хановер не бил дел од округот до 2011 година, кога стариот Округ Хановер и градот (тогаш службено познат како Kreisfreie Stadt Hannover, што означува „Слободен град Хановер“) биле споени со цел да се создаде новиот округ Регион Хановер (немојте да бидете збунети со поранешниот административен округ Хановер).
Во текот на Втората светска војна, Хановер бил седиште на воениот округ (Wehrkreis) XI, кој бил одговорен за Брауншвајг, Анхалт и дел од Хановер. Исто така бил гарнизонски град за 71. пешадиска дивизија.
Географија
Округот го опкружува градот Хановер и ги вклучува предградијата на неговата метрополитенска област. Реката Лајне влегува во округот на југ, тече низ Хановер и го напушта округот на север. На северозапад е Штајнхудер Мер, езеро со површина од 32 км2.
Грб
Грб на регионот|мини
Грбот бил прогласен на 1 мај 2003 година. Листот од детелина е од грбот на Градот Хановер. Лавот бил хералдичко животно на семејството Велфен, кои владееле со регионот од средниот век до 1866 година.
Градови и општини
ГрадовиОпштини Барзингхаузен Бургдорф Бургведел Гарбзен Герден Хановер Хеминген Лацен Лангенхаген<li>Лерте <li>Нојштат на Рибенберге <li>Патензен <li>Роненберг <li>Зелце <li>Зенде <li>Шпринге <li>ВунсторфИзернхаген Ице Ведемарк Венигзен
Поврзано Хановер-Брауншвајг-Гетинген-Волфсбург
Наводи
Надворешни врски
Службена страница
Категорија:Окрузи во Долна Саксонија